Здравје Радово продолжува со кампањата „Здравје во твои раце” – кампања за поддршка на велосипедизмот и здравите навики

Во сабота, 08-ми август, во центарот на Охрид ќе се шират здрави навики, ќе се спортува, дружи, подарува, како и конзумира најздравиот пијалок на денешницата, јогуртот. Ова е настан кој ќе ги обедини сите поборници за здрав живот, вљубеници во велосипедизмот, како и зависници од спортот и здравите навики. „Драго ми е што нашата мисија продолжува и оваа сабота во Охрид каде што дечиња од социјално загрозени семејства од градот ќе добијат подарок велосипед. На ваков начин ги шириме здравите навики кај децата, како на пример возењето велосипед, но во…

повеќе...

Огнено крштевање на кадетска репрезентација во велосипедизам на Македонија за Илинден во Србија

Кристијан Ванчевски, Мартин Цветановски, Александар Филиповски, Даниел Мојсоски, Виктор Ванчевски, Јован Настов и Кристијан Максимовски со огромна желба и пожртвуваност не преставија на меѓународната трка во Белград. Најмладата екипа во Белград, составена од деца кои сеуште си “играат детски игри” покажа дека не се наивни учесници на оваа трка и добро го познаваат велосипедизмот. „Прва етапа, нервозни се малку децава, со селекторот ги спремаме за борба како “петлиња” го одржуваме андреналинот доста високо, сериозни задачи добија а богами и ги извршија, убаво е на срцето кога во чело на групата…

повеќе...

Во недела во Куратица ќе се одржи Државен натпревар во велосипедизам за ранг – листа ХС

Во недела (12.07.2015) ќе се одржи Државен Натпревар за Ранг – Листа XC – Куратица. Организатор на натпреварот е Велосипедската Федерација на Македонијa, додека пак технички организатор е Планинско Друмски Велосипедски Клуб ЕкоДром – Охрид. Патеката во Куратица е кружна патека со должина од 3,4 км. (прилог сликa) Право на учество имаат сите категории на лиценцирани Велосипедисти и рекреативци. Пријавувањето на стартни броеви ќе биде од 10:30 до 11:30 часот. Стартот е во 12:00 часот. Ќе се вози во категории: Хоби 3 круга, Жени 3 круга, Кадети 4 круга, Мастерс 4…

повеќе...

Велосипедскиот туризам во Македонија во подем

Велосипедскиот туризам во Македонија се повеќе зема замав – возејќи низ урбано-руралните средини, обиколувајќи ги природните богатства со кои изобилува нашата држава годинава – потврдува сторија објавена во „Њујорк Тајмс“. Џим Џонсон од здружението на тур-оператори за велосипедски туризам „Бајк Турс Дајрект“ е импресиониран од Македонската култура и убавини, што успеа да организира неколку девет дневни велосипедски тури во Македонија во соработка со „Рајд Македонија“. Првата тура ќе се одржи на 23-ти август, а втората на 23-ти септември. „Искусивме многубројни традиции во Европа, кои полека исчезнуваат во многу места“, вели…

повеќе...

Велосипедско дефиле за подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид активно се вклучи во Републичката кампања „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“ што со низа манифестации се реализира секоја година. Кампањата е во рамките на проектот на Владата на Република Македонија за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Почитувај ги правилата-почитувај го животот“. Целта на оваа кампања е промоција на велосипедизмот, подобрување на условите и можностите за развој на велосипедизмот како форма на сообраќај, подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и подигнување на јавната свест за поголема безбедност на…

повеќе...

Велосипедско дефиле за подобрување на условите и можностите за развој на велосипедизмот

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид активно ќе се вклучи во Републичката кампања „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“ што со низа манифестации се реализира секоја година. Кампањата е во рамките на проектот на Владата на Република Македонија за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Почитувај ги правилата-почитувај го животот“. Целта на оваа кампања е промоција на велосипедизмот, подобрување на условите и можностите за развој на велосипедизмот како форма на сообраќај, подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и подигнување на јавната свест за поголема безбедност…

повеќе...

Велосипед на плин или плин на велосипед!?

Сме слушнале за „Супер Бабичка“, но очигледно постои и „Супер Дедо“! Во неговата длабока старост, овој наш сограѓанин вози велосипед на кој има плинска боца која е простум поставена и се разбира добро врзана. Сигурно е лесно човек да се симне со велосипед до бензиските пумпи со празна боца, но за враќање со полна плинска боца, и тоа на угорницата кон Велгошти… е тоа е кондиција! WebOhrid

повеќе...

СВР Охрид: Задолжително носење заштитен шлем-кацига при управување на моторцикл

Огромна поддршка од охридските клубови на моторциклисти доби Секторот за внатрешни работи Охрид во доследната примена на законската одредба за задолжително носење заштитен шлем-кацига при управување на моторцикл. На вчерашниот координативен состанок со претставниците на охридските мото и велосипедски клубови како ранлива категорија учесници во сообраќајот, беше нагласено дека СВР Охрид во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот треба да манифестира пред се превентивни активности за афирмација на законската обврска за задолжително носење заштитен шлем при управување на моторцикл на патот. Беше речено дека придржувањето кон оваа законска обврска…

повеќе...

Екодром со 8 одличја за успешната 2014

Во организација на Велосипедската Федерација на Македонија во четвртокот се одржа манифестацијата Најдобар Велосипедист 2014, при што беа доделени трофеите, пехарите, признанија и дипломи на велосипедистите според севкупниот успех за изминатата сезона и рангирањето според дисциплини и категории. Манифестацијата се одржа во пријатен амбиент на бродот – ресторан Панини на брегот од езерото Младост во Велес. Одличната подготвеност на велосипедистите од Екодром изминатата сезона, уште еднаш само се потврди со високо постигнатите резултати и освоени севкупно 8 одличја: Планински Велосипедизам: Екодром – златен Трофеј за освоено екипно прво место според…

повеќе...

Еве како украсуваат велосипедистите!

И велосипедистите заслужуваат малку одмор, барем додека трае зимата, студот и снегот, а велосипедот може да послужи и како новогодишен украс… Идејата е интересна и уникатна, но не е препорачливо овој пример да го следат љубителите на моторциклизмот, а уште помалку автомобилизмот. WebOhrid

повеќе...