За време на снимањето на подводни сцени од WebOhrid Aquatic, затекнавме многу отпад. Истиот беше собран од наша страна и депониран до најблискиот контејнер. Најзастапен отпад беше стаклото, кое доколку навремено не се извади од водите се крши на многу повеќе парчиња. Би упатиле апел до сите: Да не фрлаат отпад, да не ја загадуваат природата и доколку забележат отпад да се потрудат истиот да го отстранат! А сега, време е за убави нешта! Уживајте во најновите подводни снимки кои ги сними нашата подводна камера… WebOhrid
повеќе...Tag: води
Се е подготвено за стартот на првиот Меѓународен олимписки пливачки маратон
Се е подготвено за стартот на првиот Меѓународен Олимписки Пливачки Маратон на 10 км. Охрид 2017 кој во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ Охрид ќе се одржи утре во водите на Охридското езеро на потегот од Старото пристаниште до х. Милениум. На вечерашниот технички состанок претставници на организторот и претставниците на ФИНА ги запознаа пливачите, судиите и техничките лица со пропозициите за утрешната трка и ја истакнаа подготвеноста за старт на Олимпискиот Пливачки Маратон. 12 пливачи од 6 земји, 10 во машка и 2 во…
повеќе...За прв пат во Охрид ќе се одржи Олимписки пливачки маратон
Клубот за спортови на вода „ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008“ Охрид, го најавува одржувањето на, за прв пат во Македонија, Олимпискиот пливачки маратон на 10 км. „Охрид 2017“ кој ќе се реализира во сабота (12.08.2017) на Охридското езеро на водената површина помеѓу Старото пристаниште – х.Палас и х. Милениум. Стартот на трката предвидено е да биде во 12:00 часот, а пристигнувањето на пливачите на целта се очекува околу 14:00 часот кога ќе се доделат медали на победниците. За регуларноста на Пливачкиот маратон на 10 км., како олимписка дисциплина, ќе се грижат судии/делегати…
повеќе...Во среда ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон
Во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ Охрид, а под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално, по 38-ми пат, на 02.08.2017 год. (среда), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон Охрид 2017. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат околу 60 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (од 10 до 15 години и 16 и постари) ќе стартуваат во 10:30 и 10:45 часот од плажата на хотелот Парк. Пристигнувањето…
повеќе...Показна вежба за извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација
Со показна вежба на извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација денес на старото градско пристаниште во Охрид, Црвен крст Охрид преку дел од своите тимови на спасители на вода и тимови на парамедици ја покажа својата подготвеност за справување со предизвиците поврзани со безбедноста на вода на капалиштата, во претстојната летна сезона. Вежбата ја следеа дваесет претставници на Црвен крст на Норвешка кои не ги криеја своите позитивни импресии од професионалноста на тимовите за спасување на Црвен крст Охрид. Напоменуваме дека од утре, 19 јуни па се до 20…
повеќе...Конкурс за спасители на отворени води
Црвен крст Охрид за потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид распишува Конкурс за пријавување на кандидати за Курс за спасители на отворени води. Обуката која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода, содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира во Охрид во периодот од 19-26 јуни 2017 година. Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови: да се на возраст не помлади од 18 години (да достават соодветен доказ-извод на родени, лична карта); да достават Потврда за здравствена способност за обавување…
повеќе...Македонија домаќин на Европско првенство во кајак на диви води
Европското првенство во кајак на диви води во спринт и класик за сениори ќе се одржи на патеките на реката Вардар и Матка во Скопје. 176 учесниви од 18 земји ќе продифелираат со своите кајаци во наредниве четири дена и ќе го збогатат спортскиот изглед на Скопје. „Голема е честа, но и одговорноста за организација на еден ваков настан каков што е Европско сениорско првенство во кајак на диви води во спринт и класик. Агенцијата за млади и спорт секогаш е главниот подржувач на настани организирани од кајак федерација на…
повеќе...Викендов на „Матка“ ќе се одржи 49 Илинденски кајак слалом
На патеката „Матка“ крај Скопје претстојниот викенд (8 и 9 април) ќе се 49 традиционален Илинденски кајак слалом – ИКАС. По тој повод во Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција на која беа презентирани очекувањата на организаторите од реномираниот меѓународен спортски настан. „Со организацијата и поддршката на 49-от традиционален Илинденски кајак слалом „ИКАС“, Агенцијата за млади и спорт (АМС) ја потврдува својата заложба за промоција на Матка како едно од најдобрите места на Балканот за овој спорт, но и за промоција на спортскиот туризам. Станува збор за една…
повеќе...Езерото празно, чека зголемување на водотеците
Охридското Езеро од ден на ден е се повеќе и повеќе празно. Искористувањето на водата за потребите на хидроелектраните по течението на реката Црн Дрим го намали водостојот повеќе од вообичаено. Топењето на снегот од околните планини, евентуални нови врнежи од снег или дожд ќе бидат можност за да се зголемат водотеците и да се покачи нивото на вода во Езерото. Во секој случај, оваа година сигурно нема да се повтори сликата од годините кога Езерото беше преполно. А, дали се претера со празнењето, останува времето да покаже! WebOhrid
повеќе...Работилница за Прекугранично спроведување на законска регулатива за води и природни заштитени подрачја
Mинистерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и амбасадорот на Република Австрија во Македонија, Ренате Коблер, денес во Охрид се обратија на отварањето на тридневната регионалната обука „Прекугранично спроведување на законска регулатива за води и природни заштитени подрачја“, со фокус на заштитата на прекугранични заштитени подрачја во Македонија, Албанија и Косово. Истакнувајќи дека на овие природни богатства им е потребна колективна и усогласена заштита од страна на надлежните национални органи, министерот Изаири додаде: „Потребна е и заедничка платформа и соработка во намалување на влијанијата и притисоците кои со…
повеќе...