Поради Богојавленските празнувања да се отстранат пловните објекти кај Сараиште

Се известуваат жителите од Стар Град дека поради прославите посветени на празникот Богојавление – Водици и Денот на рибарите неопходно е да ги отстранат пловните објекти од просторот кај Сараште, со што би обезбедиле непречено реализирање на настаните и проток на насобраната толпа народ. Пловните објекти од езерото и крајбрежјето кај Сараиште треба да бидат отстранети на 18ти, 19ти и 20 ти јануари годинава.

повеќе...

Охрид подготвен за Богојавление-Водици

Привршуваат подготовките за одбележување на еден од најголемите христијански празници Богојавление – Водици во Охрид. Во духот на христијанската вера и обичаи во пресрет на празникот веќе се декорирани чаршијата и централното градско подрачје. Охриѓани кои во езерските води ќе скокаат по Чесниот Крст може да се пријавуваат заклучно со понеделник вечер во црквите „Св. Ѓорги“- Горна Влашка Мала, „Св. Никола“- Геракомија, „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско и „Св. Никола“- Долна Влашка Мала. Централната манифестација посветена на празникот е на 19 Јануари. Прославите започнуваат во раните утрински часови со богослужби…

повеќе...

Вторник неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја, 19ти јануари (вторник), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед коишто го чевствуваат.

повеќе...

Локалната и Дебарско-кичевската епархија ќе го организираат празникот „Богојавление-Водици“

Годинешното одбележување на празникот „Богојавление- Водици“ , најмасовниот црковно народен собир на кој се осветуваат водите на Охридското Езеро, заедно ќе го организираат Локалната самоуправа и Дебарско- кичевската епархија. За ефикасна организација на оваа традиционална црковно народна манифестација, денеска на иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, беше формирано координативно тело. Со координативното тело, како претставник на Локалната самоуправа ќе раководи Сашо Донев, а членови се Илија Ристески, претставник на Дебарско-кичевската епархија,Сашо Точков од Црвен Крст, Горан Устијаноски од Капетанијата на македонските пристаништа, Милутин Секулоски од Нуркачкиот клуб „ Анфора“, Драган Наумоски,…

повеќе...

Прославата на Богојавление Водици – дел од туристичката понуда на Охрид

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, општина Охрид ја продолжува воспоставената традиција и најавува уште посодржајна и поатрактивна организација на оваа манифестација. Традиционалните духовни и верски обичаи во Охрид се понагласено стануваат туристички атракции, пред се, благодарејќи на заложбите на локалната самоуправа и добрата соработка со хотелско – угостителскиот еснаф и бизнис заедницата во Охрид. Зимската туристичка понуда во Охрид е збогатена, пред се, со одржување на најмасовната црковно – народна манифестација за осветување на водите која по своите духовни и верски вредности ги надминува локалните и регионални…

повеќе...

Општина Охрид ќе ја поддржи организацијата на празникот Богојавление – Водици

Локалната самоуправа и годинава ќе се вклучи во подготовките и ќе ја подржи организцијата на празникот Богојавление – Водици со цел ова најмасовноно црковно- народно случување да помине како што му доликува на духовен, културен и туристички центар каков што е Охрид. „И изминатите две години локалната самоуправа ги поддржуваше сите активности на здружението „Богојавление“ и беше вклучена со сите свои ресурси и материјални и човечки во организација на Водици. Нема да навлегувам во причините за откажување на организацијата од страна на здружението ,веројатно имаат свои причини зошто се откажуваат.Само…

повеќе...

Климент Довлев прв доплива до бурето со црвено вино

Дваесет годишниот Климент Довлев прв доплива до бурето со црвено вино кое традиционално се фрла на денот на рибарите. Подготовките за овај ден започнаа рано утринава кога почна да се подготвува 1600kg рибна чорба во казанот кој беше поставен на охридското пристаниште. Покрај рибна чорба, се служеше вино и плашица. Градоначалникот Никола Бакрачески на охриѓани им го честита големиот православен христијански празник Св. Јован Крстител и им посака сите да бидат благословени од Бога и нивните срца да бидат исполнети со добра мисла, позитивна енергија и оваа година да биде…

повеќе...

Бурињата со вино во Пештани кај Петар Толевски и Никола Гугоски

Традиционално, Денот на Рибарите се одбележува и во Пештани. Бурињата кои беа фрлени во Охридското Езеро, годинава, ги фатија 13 годишниот Петар Толевски и 23 годишниот Никола Гугоски. А.Андриоски

повеќе...

СДСМ Прилеп со традиционално пуштање гулаби по повод Богојавление-Водици

Општинската Организација на СДСМ од Прилеп традиционално го одбележува празникот Богојавление-Водици со симболичен чин на пуштање гулаби во црквата Св.Параклис во Прилеп. Истовремено, секоја година претставници на СДСМ на овој голем христијански празник одат во посета на црквата Св.Богородица во село Ростуше и присуствуваат на традиционалното фрлање на крстот во реката Радика од страна на монасите од манастирот Св.Јован Бигорски. Овој пат на чинот, покрај членот на ИО на СДСМ ,Хари Локвенец и Претседателот на ОО СДСМ од Прилеп, Сашо Велески, присуствуваа и гости од сестринската социјадемократска партија СДП од…

повеќе...

Претседателот Иванов присуствуваше на одбележувањето на Богојавление – Водици во Тетово и во Гостивар

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, што се одржа во Тетово и во Гостивар. Во Тетово претседателот Иванов присуствуваше на богослужбата во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј”, со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, и на церемонијата на положување на светиот крст. Даниел Милошески беше најсреќниот меѓу верниците и го фати светиот крст на денешното одбележување на Водици, а од претседателот Иванов на подарок доби филигрански крст. Во Гостивар, во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица”, македонскиот…

повеќе...