ОХстрип – Вашиот охридски стрип на Вашиот објективен прозорец… Погледнете ги стриповите што ја одбележаа 2013-та година. Продолжуваме и понатаму со нови и интересни стрипови. Не пропуштајте, бидете со нас и во 2014! WebOhrid
повеќе...Tag: вебохрид
WebOhrid Ви посакува Среќна Нова 2014 година!
Нека Новата 2014 година Ви биде посреќна, поуспешна и побериќетна!
повеќе...НОВОГОДИШНА АНКЕТА: „Шчо напраифме во 2013 и шчо требит да праиме за однапред во 2014“?
Времето пред Нова година е добра временска постојка за да застанеме, да одмориме и да се прашаме како што би рекол Мисирков „шчо напраифме и шчо требит да напраиме за однапред“. Секој од нас на крајот на годината ги сумира своите резултати и ефекти од планираното и реализираното…. Некој со големи планови и големи приноси, некој за жал не… но тоа е тоа… постојат и разни фактори на влијанија… кај секој од нас различни… Ние се прошетавме меѓу охриѓани и меѓу оние со помали и со покрупни планови… 2013 е…
повеќе...Јавните телефонски говорници одамна заборавени
Јавните телефонски говорници одамна се заборавени. Ги има, постојат, ама како да не постојат. Тука се во централното градско подрачје: по „Партизански одреди“, „Димитар Влахов“, „Јане Сандански“… Ги има, а во нив најмногу што има е прашина напластена со години, од времето на првите мобилни во Македонија, а можеби и од порано, зашто голем дел од овие говорници и во времето кога беа во мода долго време не беа функционални, „благодарение“ на вандалите. Граѓаните реагираа на ваквата состојба и бараа од надлежните да ги отстранат овие некогаш модерни и убави, а…
повеќе...Елшани со нов „градоначалник“ и со стари и нови приоритети
Селото Елшани е едно од најубавите крајезерски села и село кое може да се пофали со ретки убавини кои се цел на многу странски туристи и на многу тур-оператори кои ова прекрасно село меѓу Езерото и Галичица го имаат веќе врежано во светските туристички мапи, особено во последниве години. Но, Елшани е село кое мака мачи со повеќе свои крупни и недокрај решени проблеми кои се од витално значење за елшанци. Станува збор за застарената водоводна и безбедносно загрозен резервоар од селскиот водовод за кои е потребна итна санација и…
повеќе...WebOhrid го прослави првиот роденден
Електронскиот медиум WebOhrid со пригоден коктел синоќа во хотелот Тино го одбележа својот прв роденден. На свеченоста присуствуваа советници, директори на јавни претпријатија и претставници од невладини организации како и политички партии од Охрид. Во име на екипата на веб порталот WebOhrid, пред присутните се обрати главниот и одговорен уредник Лорита Ивческа Бујароска. „Вистината е една и непобитна, а патиштата до неа различни: некои куси, а некои подолги и неизвесни. Но Вистината – таа е таму на целта и чека да ја дознаеме и пренесеме токму таква каква Вистината мора…
повеќе...Мега интервју со градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески
WebOhrid: Нашиот медиум, WebOhrid се појави точно пред една година, речиси во исто време кога името на д-р Никола Бакрачески беше објавено како кандидат за градоначалник на Охрид. Година дена политичка активност се зад Вас. Предизборна набиена агенда од најмалку 100 дена турбо агенда и уште побогато работно секојдневие на градоначалничката функција од првиот ден до денешниот ден. Кога ќе погледнете во календарот на изминатава година, господине Бакрачески: колку и зошто посакакувавте да го промените Охрид, колку тоа Ви успеа и колку Охрид Ве промени Вас и Вашиот модус вивенди?!…
повеќе...СДСМ Дебарца: Тешко на образованието во Дебарца, кога најголемиот успех на Директорот е коктелот за патронатот!
Во врска со интервјуто на директорот на ЦОУ „Дебарца“ Иван Димоски за WebOhrid, ОО на СДСМ Дебарца излезе со реакција во која стои: „Од интервјуто на Директорот на ЦОУ Дебрца –Белчишта дадено по повод неговите сто дена од доаѓањето на директорското место недвосмислено произлегува дека неговиот најголем успех била приредбата и коктелот по повод патронатот на училиштето. Единствената црна дамка на овој настан било оправданото отсуство на градоначалникот на општината. Е, браво Директоре, многу голем успех сте направиле! За неговото тврдење дека ги затекнал училиштата кои безмалку се распаѓале, па…
повеќе...Интервју со проф. Иван Димоски, директор на ЦОУ „Дебрца“: „Да создадеме млади луѓе способни да се носат со новото време“
Општината Дебрца доживува промени на секој план. Речиси 7-8 месеци откако е променето општинското раководство и градоначалникот, а промена има и во централното училиште во општината со кое веќе 100 дена раководи проф. Иван Димоски, новиот директор на ЦОУ „Дебрца“. Го посетивме училиштето во с.Белчишта и разговаравме токму со новоизбраниот директор за состојбите, за плановите и за приоритетите… WebOhrid: Господине Димоски, Вие сте новоизбран директор на централното училиште во општина Дебрца кое опфаќа дури единаесет подрачни училишта. Успеавте ли во овие 100 дена да ги посетите сите и да се…
повеќе...Внимавајте – „стока“ на патот!
Ова на сликава не е кенгур и не се случува во Австралија, но кај и да е тука е некаде во охридскава околија, во нашава Македонија. Коњ ли е, магаре ли е – не е важно, но важно е: опасно е! Опасно по возачите и по патниците на нашите патишта! Затоа, возачи, внимавајте! Си имате работа со непредвидливо и не многу паметно суштество за кое не важат сообраќајните знаци ниту известувањата на патоказите. Инаетот и тврдоглавоста му се поголеми и над се! И по цена на неговиот живот, а богами…
повеќе...