Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денес и утре ќе учествува на првиот Светски инаугуративен форум за развој и здравје на жените, кој се одржува во Њујорк. Таа ќе има свое обраќање на форумот како главен говорник и излагач на третата пленарна сесија на темата „Животен стил, медиуми и здравјето на жената“. На отворањето на Светскиот форум ќе се обрати и генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун. Инаку, настанот се одржува во седиштето на Обединетите Нации и е во заедничка организација помеѓу Меѓународната научна фондација при Кралската…
повеќе...Tag: жени
Бремените жени бесплатно ќе добиваат таблети фолна киселина и јод
Бесплатни таблети фолна киселна и јод за секоја бремена жена за периодот од утврдување на бременоста до завршување на 13. гестациска недела, почнувајќи од првата половина на март ќе обезбедува секоја година Министерството за здравство. Станува збор за многу значајна превентивна мерка за унапредување на здравјето и здравствената заштита на бремените жени. За таа намена, Министерството за здравство одвои 12 милиони денари од сопствени средства во рамки на превентивните програми со кои ќе се обезбедат потребните таблети за околу 23 илјади бремени жени годишно. Со средства од Програма на Министерството…
повеќе...Форумот на жени на СДСМ донира топла облека и обувки за социјално загрозените семејства
По повод Новогодишните и Божиќните празници Формот на жени на СДСМ традиционално ја организира хуманитарната акција „Дарувај од срце“. Топла облека и обувки се донираа во Црвениот крст со цел истите да бидат дистрибуирани до социјално загрозените семејства. „И оваа година даруваме со желба за среќа и доброто на секој поединец во општеството, неприкосновеност и почит на човечкото достоинство и интегритет. Голема благодарност до сите наши сограѓани кои зедоа учество во хуманитарната акција докажувајќи дека хуманоста го облагородува човекот, не познава граници, ги зближува луѓето.“-велат од Центарот за комуникации со јавноста ОО…
повеќе...Рангелова: Значително подобрена општествената улога на жената
Под мотото „Дел од новото време, дел од нашето движење“ денеска се одржа годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. На конференцијата во своето обраќање претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова истака дека во изминатите години во Република Македонија се направени многу значајни чекори за подобрување на општествената улога на жената. „Не може да се заборави незаменливата улога на жената во семејството, даровите на дружливост, лична чуствителност и нежност со кој е богат женскиот дух, што се вистинска сила за живот во семејството“, рече Рангелова. Според…
повеќе...Стоп за насилството врз жените и девојчињата!
Денес во големата сала на општина Охрид се одржа трибината насловена: „Стоп за насилството врз жените и девојчињата“. Организирана од страна на Советот на млади при општина Охрид, оваа трибина беше дел и од светската кампања „16 дена активизам – да ставиме на насилството врз жените и девојчињата – сега.“ Во почетокот, во името на организаторот присутните ги поздрави Павел Донески, ПР на Советот на млади, кој истакна дека овој настан е во функција на подигнување на јавната свест против различните форми на насилство врз жените и девојчињата за што е…
повеќе...Трибина на тема „Стоп за насилството врз жените и девојчињата“
Локалниот совет на млади при општина Охрид организира трибина на тема: „Стоп за насилството врз жените и девојчињата“. Трибината ќе се одржи на 3 декември (среда), со почеток во 11:00 часот во малата сала на општина Охрид. Свое обраќање на трибината ќе имаат: Ѓорѓи Тодороски, дипломиран педагог, Марија Тренева, доктор по општа медицина, како и Славица Костоска, директор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј.“ „Со овој настан, Советот на млади се приклучува кон глобалната кампања: „16 дена активизам – да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – сега“.…
повеќе...Хуманитарна акција на форумот на жени на ОО на СДСМ Охрид
Водени од мотото дека не секогаш е хуман оној што има, но секогаш може да биде хуман оној што сака Форумот на жени на СДСМ ОО Охрид, вчера организираше хуманитарна акција по повод 3-ти Декември, Светскиот ден на лица со хендикеп. Жените-социјалдемократи приготвија вкусни кулинарски специјалитети кои потоа беа изложени на продажба пред своите сопартијци. Средствата од продажбата ќе бидат донирани на Здружението родители на деца заболени од целебрална парализа . „Со оваа хуманитарна акција имаме за цел да упатиме порака до лицата со хендикеп дека СДСМ секогаш ќе се…
повеќе...РК „Моби Дик“ доби подарок – спортска опрема од РК „Радан“ од Србија
Женската ракометна екипа „Моби Дик“ од Охрид како подарок доби спортска опрема за ракометарките. Откако пред неколку седмици, започнаа одлична соработка сосрпската екипа ЖРК „Радан“ од Лебане кои гостуваа во Охрид, управата на клубот пред неколку денови на охриѓанки им подари тренерки за сите ракометарки и за стручниот тим. „Немаме зборови како да им се заблагодариме на нашите пријатели од Србија. Навистина многу пријатно не изненадија и не знаеме како ќе им се оддолжиме. Колку за информација, Лебане е мал град во Србија со околу 15.000 жители. Значи, кај нас…
повеќе...Ракометарките на „Моби Дик“ повторно успешни во гости, овој пат во Куманово
Пионерската екипа на РК „Моби Дик“ уште еднаш успеа да освои три бода во гости, овој пат на тешкото гостување во Куманово со резултат 16:17 (7:9). Со оваа победа, охриѓанки успеаа да врзат три победи со ред и значително да ги зголемат шансите за пласман во завршниот Final4 турнир. За охридскиот тим, Маркоска постигна шест погодоци, Блажеска пет, Јолеска три пати беше прецизна, Алексиоска два, додека пак Ложанкоска еднаш го погоди противничкиот гол. Следниот викенд, „китовите“ на домашен терен го пречекуваат апсолутниот фаворит во лигата, екипата на „Металург“ од Скопје.
повеќе...Торта за Општина Охрид од Женски Центар „Бисера“
Женскиот Центар „Бисера“, денес по традиција ја почести општинската администрација со вкусна торта која беше претставена на неодамна одржаната манифестација „Тортијада“ во Охрид. Претставничките од „Бисера“ ги прими претседателката на охридскиот Совет, Гордана Коњаноска која посака успешни наредни „Тортијади“ во градов и вети дека Општината во рамки на своите можности ќе ги подржува случувањата од ова здружение со кои Охрид успешно е претставен и надвор од границите на Македонија.
повеќе...