На просторот над Градиште би требало да поаѓа главната гондола на скијачкиот центар кој треба да се изгради на планината Галичица. Според планираното предвидени се 15 километарски скијачки патеки. Со оглед на уникатноста и условите кои што ќе ги нуди овој скијачки центар со поглед на две езера тој ќе биде атрактивен за гостите и туристите од земјава и странство но и за сите кои ќе одлучат да се занимаваат со зимски спорт или да се рекреираат. Физибилити студијата за скијачкиот центар на Галичица е изработена, истакна денес градоначалникот на…
повеќе...Tag: зима
Дојде најавениот снег
Како што беше најавено според УХМР, утрово Охрид се разбуди под слаба снежна покривка. Во наредните два дена не очекува променливо облачно време со температури под нулата. Од среда повторно се очекуваат врнежи од снег. Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани и по влажни коловози. Врнежи од послаб снег се бележат во северните, југозападните, источните и јужните делови од републиката, но не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците…
повеќе...Лизгалиштето на мраз буди огромен интерес кај охриѓани и гостите
Голем број охриѓани и гости, млади и возрасни можеа да се забележат синоќа на градскиот плоштад, чаршијата, но секако и она што е новитет оваа година, вистинска сензација, а тоа е лизгалиштето на мраз. Локалната власт, за сите љубители на овој спорт за време на зимскиот распуст ќе организира бесплатни часови по лизгање, а ќе се издаваат и лизгалки за мраз. Лизгалиштето ќе работи секојдневно до крајот на месец јануари, односно до оној момент до кога тоа го дозволуваат временските услови. Новогодишната неколкудневна програма во организација на Општина Охрид продолжува…
повеќе...Уште 1000 деца од ранливи категории на бесплатно зимување
Уште 1.000 деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, со пречки во развојот и деца без родители и родителска грижа ќе можат да ја искористат можноста да зимуваат на товар на државата за време на зимскиот распуст од 4 до 19 јануари 2014 година. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната прес-конференција информираше дека во тек е повикот за користење на бесплатната услуга кој завршува на 3 јануари 2014 година и ги повика сите заинтересирани корисници да поднесат барање до надлежниот Центар…
повеќе...Бројна публика го поздрави отворањето на лизгалиштето кое го заживеа охридскиот плоштад
Со неколку часовен музичко-сценски хепенинг и настап на музичката ѕвезда Ламбе Алабакоски, синоќа на Градскиот плоштад свечено беше отворено лизгалиштето на мраз. Градоначалникот Никола Бакрачески и посака топло добре дојде на бројната публика, најавувајќи интересни содржини за наредните предновогодишни денови, но и ветувајќи дека од оваа година секоја наредна ќе биде се подобра во поглед на организација на Новогодишните, Божиќните и Богојавленски празници. „Се надевам дека ние како Општина, заедно со јавните претпријатија и сите луѓе кои го сакаат Охрид, ќе успееме и во овие зимски месеци да го направиме…
повеќе...Од денес календарски започнува зимата
Официјално од денес во 18 часот и 11 минути започнува зимата на северната полутопка, додека пак на јужната полутопка започнува летото. Од УХМР за првиот ден од зимата најавуваат сончево време со температура од минимални 2 степени до максимални 10 степени целзиусови. Инаку зимата е најкраткото годишно време со 88 денови, 2 до 3 дена пократко од другите годишни времиња. Календарски зимата ќе заврши на 20 март 2014 година. WebOhrid
повеќе...Градоначалникот Бакрачески охрабрува: „Нафта за греење на училиштата ќе има доволно, и за училниците и за спортските сали!“
Градоначалникот Бакрачески охрабрува: „Нафта за греење на училиштата ќе има доволно, и за училниците и за спортските сали!“ На прашање на новинарите околу греењето на училиштата за претстојната зима, градоначалникот Бакрачески ја даде следнава изјава: „Ние се грижиме во една законска постапка, значи запазувајќи ги сите регулативи на Законот за јавни набавки да обезбедиме греење за школите. За жал, во изминатиов период постапката е навремено почната, меѓутоа со оглед на тоа што немавме доволно понудувачи за набавка на нафта за греење, во овој период, значи Секторот за јавни набавки ќе…
повеќе...Комуналец подготвен за работа во зимски услови
Екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ деновиве ги интензивираа подготовките за подобро функционирање на сите свои служби во зимски услови. Согласно најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за снежни врнежи, екипирани се дежурните служби кои се на располагање 24 часа, дефинирани се приоритетните улици и подрачја на делување, дефинирана е специјалната механизација и абразивни средства. Во стариот дел од градот, поради специфичноста на теренот, пристапните патеки и степенеци ќе се чистат рачно, па од тие причини на повеќе пунктови се депонирани 50 вреќи сол. Обезбедени се доволни количини за расчистување на…
повеќе...МЈП Проаква: Заштитете го водомерот од мрзнење!
Од МЈП „Проаква“ ги известуваат граѓаните за превенција од мрзнење на водомерите и водоводната инсталација. Од таму додаваат дека како последица на зимските температури постои можност за разни дефекти на водомерите предизвикани од мрзнење, затоа е потребно истите да се заштитат. „Посебно ги известуваме сите наши корисници кои се сопственици на викенд куќи, а не живеат постојано во нив да ја испуштат водата од главниот шибер за да не замрзне водата со што би се спречило пукање на цевки и слични дефекти. КАКО ДА ГО ЗАШТИТИТЕ ВОДОМЕРОТ ОД МРЗНЕЊЕ ?…
повеќе...Од утре задолжителна зимска опрема во возилата
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (член 404, став1), од утре (15.11) ќе започне примената на законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место, а која ќе биде во сила во периодот од 15 ноември до 15 март идната година. Во таа насока, истовремено, МВР информира дека со членот 11 од -“Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило…
повеќе...