Нови успеси на учениците од приватното основно и средно училиште „Јахја Кемал“ – Струга. Учениците Димитар Бакрачески, Ерен Суло, Егзона Лутфиу, Марко Филипче, Теодор Недевски освоија повеќе одличја (бронзени медали и пофалници) за нивниот успех на 14-иот Меѓународен натпревар за компјутерски проекти „INFOMATRIX 2016“, кој се одржа во Букурешт – Романија.
повеќе...Tag: колеџ
Ученици од „Јахја Кемал“ дел од Меѓународниот Фестивал на Јазикот и Културата во Германија
Ученици од приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ од Струга, учествуваа на Меѓународниот Фестивал на Јазикот и Културата во Германија. „Честитки за нашите ученици од фолклорниот тим кои со извонреден перформанс не претставуваа на (IFLC 2016) Меѓународниот Фестивал на Јазикот и Културата, кој се одржа во Германија со голем број учесници од 160 земји.“- велат од колеџот.
повеќе...Фолклорната група при „Јахја Кемал“ дел од Фестивалот за јазици и култури во Германија
Фолклорната група од приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ од Струга ќе учествува на Фестивалот за јазици и култури (IFLC) во Германија. Тие таму ќе престојуваат еден месец и ќе настапуваат во повеќе градови.
повеќе...ОУ „Живко Чинго“ дел од Саемот за наука и култура во „Јахја Кемал“
Ученици од ОУ „Живко Чинго“, село Велгошти – Охрид, заедно со директорот Ѓоко Чингоски и наставниците од ова училиште денес присуствуваа на Саемот за наука и култура кој се одржа во приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ во Струга. Училиштето „Живко Чинго“ присуствуваше со штанд, каде беа претставени активностите на учениците преку разни експерименти и прикази од областа на математиката, македонски, англиски и германски јазик, географијата, биологијата, физиката, хемијата, информатиката, техничкото, ликовното, граѓанското и музичкото образование. WebOhrid
повеќе...Во четврток свечено ќе биде отворен „Саемот на Науки и Култури“ во Јахја Кемал
Во организација на Приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“, Струга, во четврток (14-ти април), со почеток во 9:30 часот ќе биде отворен „Саем на Науки и Култури“. На саемот ќе бидат претставени научни и културни проекти изработени од учениците. На оваа презентација ќе бидат изложени интересни научни експерименти и културолошки проекти од области на наставните предмети матеметика, физика, хемија, биологија, информатика, англиски јазик, македонски јазик, албански јазик, турски јазик, историја и географија. WebOhrid
повеќе...Одржан фестивалот на цивилизации и култури во „Јахја Кемал“
По јубилеен петти пат, во колеџот „Јахја Кемал“ се одржа фестивалот на цивилизации и култури. Оваа година тој се поклопи со први април – Денот на шегата. Учениците заедно со своите професори ги претставија маските кои ги изработуваа повеќе од еден месец, а можеа да се видат најразлични култури од викинзи, индијанци, римјани, па се до хипици и панкери. WebOhrid
повеќе...Голем успех на средношколци од „Јахја Кемал“ на Државниот натпревар по математика
Средношколци од „Јахја Кемал“ од Струга постигнаа голем успех на 59тиот Државен натпревар по математика. Тие, на 9-ти април ќе учествуваат на Македонската математичка олимпијада, која ќе се одржи во ФЕИТ Св.Кирил и Методиј, Скопје. WebOhrid
повеќе...Уште една успешна генерација на „Јахја Кемал“
Педесет и осум матуранти од познатото приватно училиште „Јахја Кемал“ ги добија завршните дипломи. Тие, своето школување ќе го продолжат на различни страни. Задоволни од училиштето се матурантите кои посебно го нагласуваат и стекнатото другарство и меѓусебно пријателство, а задоволни се и наставниците и раководителите со секоја новоизлезена завршна генерација. Од училиштето велат дека се горди на секоја успешна генерација од која бројни членови завршуваат на познатите македонски, но и светски универзитети од каде се враќаат како високо стручни капацитети подигнувајќи ја цената на трудот и на домашниот пазар. WebOhrid им…
повеќе...Продолжуваат успесите на учениците од „Јахја Кемал“
Учениците од Колеџот „Јахја Кемал“ од Струга продолжуваат да нижат успеси. Софија Димоска (физика), Сања Симоновиќ (математика) и Никола Грунчевски (математика) беа избрани за Државниот тим на Светската олимпијада. Ученикот Никола Грунчевски доби бронза, додека пак Сања Симоновиќ доби признание од Балканската математичка олимпијада. WebOhrid
повеќе...Ученици од „Јахја Кемал“ на тридневна екскурзија во Истанбул
Деветтоодделенците од познатото основно училиште „Јахја Кемал“ од Струга, заедно со своите наставници ја реализираа традиционалната генерациска екскурзија во Истанбул, Република Турција. Во рамките на тридневната екскурзија беа посетени речиси сите позначајни места од каде со фантастично-возбудливи и незаборавни спомени се враќаат и учениците и наставниците кои уживале во убавините на некогашниот Стамбол и уште додаваат: -Навистина беше фантастично! WebOhrid им верува и на фотографиите кои ни ги доставија -проследете ги! WebOhrid
повеќе...