Презентација на проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во СОСУ „Свети Кирил и Методиј”

Децата правобранители при СОСУ (Средното Општинско стручно училиште) „Свети Кирил и Методиј”, утре ќе извршат презентација на нивната функција во оваа образовна установа и ќе го претстават проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето, во Република Македонија. Презентацијата ќе се одвива во училиштето, во периодот од 12:30-13:30 часот.

повеќе...

Конкурс за доделување на стипендии за последипломски студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија – Охрид за академската 2017/2018 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 52 од Законот за научно-истражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16) и член 3-а од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13, 98/13, 70/14, 88/14, 74/15, 140/15 и 178/15),Mинистерството за образование и наука распишува…

повеќе...

Охриѓанец заработи кривична пријава поради насилство и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста

ОКП Охрид поднесе кривична пријава против О.М. (23) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство” и ,„напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 21.01.2017 година во 09.00 часот во кафе бар на ул. „Партизанска” во Охрид, влегол пријавениот кој бил под дејство на алкохол и побарал да биде послужен со пијачка и почнал да упатува пцовки и закани кон сопствениците на објектот, кои во моментот не биле присутни во објектот. Откако не бил послужен истиот продолжил да упатува вербални закани кон сопствениците,…

повеќе...

Кучиња скитници – опасност за велгоштани

Кучињата скитници претставуваат проблем со кој што се соочува не само нашиот град туку и сите градови во Македонија. Загрижен читател испрати фотографии со глутница кучиња позади спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти. Читателот предупредува за овој сериозен проблем, пред да биде предоцна, односно како што вели, пред да каснат некое дете.

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на вчерашното соопштение на Охрид СОС

ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид денес испрати реакција кон соопштението на Охрид СОС за неодржување на верските обичаи за празникот Водици. „По вчерашното соопштение на т.н Граѓанска иницијатива Охрид СОС, од каде бараат да не се фрла крстот за празникот Водици во Охрид и да не присуствуваат пратениците и функционерите на ВМРО ДПМНЕ, ОК ВМРО ДПМНЕ може само со жалење да констатира дека медиумите повторно се најдоа во ситуација да објавуваат небулозни текстови од нивната организација. По серијалот навреди од лицата кои се експонираат како водачи на оваа групација а кои…

повеќе...

Предновогодишна приредба во ОУ „Христо Узунов“

Во ОУ „Христо Узунов“ традиционално се одржа предновогодишна приредба, подготвена од вредните ученици од училиштето. На приредбата, на која беше присутен и Дедо Мраз, учениците се претставија со повеќе новогодишни точки. Тие ги израдуваа и насмеаа своите родители, баби и дедовци.  На крајот од Новогодишната програма, на учениците им беа доделени и новогодишни пакетчиња. WebOhrid

повеќе...

ОУ „Братство-Единство“ Охрид освои трето место на конкурсот Trash for art 2016

На конкурсот за изработка на уметнички дела од амбалажен отпад „Trash for art“ организиран од Пакомак, ОУ „Братство-Единство“ Охрид ја освои третата награда во конкуренција од над 80 пријавени дела од цела држава. Учениците од ученичката заедница и Еко секцијата предводени од тимот: Наташа Илоска- дефектолог, Јулиана Алексиоска – координатор на Еко, Стојна Танос – психолог, Блерта Доко – педагог, Беким Адемоски – хаусмајстор, заеднички изработија фустан од амбалажен отпад со кој конкурираа во категорија училишта. „За изработка на фустанот се користеа амбалажите од чипсови, смоки, кроасани, сокчиња кои учениците…

повеќе...

Четири години со Вас – WebOhrid!

Почитувани читатели и наши верни пријатели! Нашиот медиум WebOhrid благодарение на сите вас постои веќе полни 4 години. Вие нé следите секој ден и постојано сте тука, каде може да се информирате, да прочитате и да видите како ние Вам ви ги пренесуваме сите важни вести и информации. Сме го правеле тоа за вас и за вашата љубопитност и денес, поради тоа сме горди на вас и со тоа горди на постоењето на WebOhrid! 12-ти Декември е наш заеднички ден, бидете со стил, со добра мисла и со добра намера!…

повеќе...

Василевски: Еден од најзначајните проекти од здравствената област за Охрид е унапредување на условите на „Св. Еразмо“

ВМРО -ДПМНЕ посветено работи на унапредувањето на здравствениот систем, при што врвен приориет претставува подигнување на квалитетот на здравствените услуги на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ како сериозна политичка партија продолжува да инвестира во секој сегмент од здравството, затоа што секоја инвестиција во здравството е инвестиција е за сегашните и идни генерации, инвестиции за здравствената нација и здравството во општеството. Ова го истакна кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ5 Д-р Сашо Василевски, на денешната прес-конференција која се одржа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, каде што во завршни фази…

повеќе...

Василевски: Гасоводот е значаен проект за Македонија, но историски за градот Охрид

Гасоводот е значаен проект за Република Македонија, но историски за градот Охрид. Затоа една од клучните цели на ВМРО ДПМНЕ е воведување на природен гас како нов енергенс директно достапен во домаќинставата, индустријата, малите и средните претпријатија, негова употреба во комуналните дејности  образовните, социјалните дејности, здравствените установи, но и овозможување на негова достапност во секој дом во Република Македонија. Ова го истакна на денешната прес-конференција кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 5 Д-р Сашо Василевски.  „За петтата изборна единица најзначајна е изградбата на магистралниот гасовод Битола-Ресен-Охрид-Струга и магистралниот…

повеќе...