Како што веќе знаете, минатиот викенд WebOhrid започна самостоен проект WebOhrid Aquatic, со кој ве водиме во подводниот свет на Охридското Езеро. Во текот на снимањето на подводните сцени, на потегот помеѓу Десарет и Градиште, пронајдовме и отстранивме рибарска мрежа заплеткана околу карпа, полна со риби во фаза на распаѓање. WebOhrid
повеќе...Tag: риболов
ЗРРСК „Свети Апостол Петар“ Охрид: Бараме одговорност за уништувањето на охридската пастрмка
Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ – Охрид испрати соопштение до медиумите во кое бара одговорност за уништувањето на охридската пастрмка. „Бараме да се утврди одговорност кај надлежните установи и министерства и нивните раководни лица за уништување на охридска пастрмка и тие да бидат казнети согласно важечките законски и подзаконски регулативи. Повеќе од 22 години со стотици дописи и јавни изјави укажуваме дека охридската пастрмка полека се уништува и може да дојде до нејзино истребување. Наместо да ги разберат нашите укажувања надлежните институции со разни притисоци, уцени и заканувања…
повеќе...Писмо: Ден на рибари во Охрид без рибари и охридска риба
Како претседател на Здружение на рекреативни риболовци „Св. Апостол Петар“ од Охрид должен сум да реагирам на Одлуката на организаторите на манифестацијата „Ден на рибарите“ со која одлучиле да на овој ден на брегот на Охридско Езеро прават рибна чорба од морска риба. Се прашувам, а и ги прашувам организаторите дали некаде во светот на места кои изобилуваат со рибен фонд и имаат вековна традиција наместо со автохтона риба, а со цел да „заштедат“ од некој си буџет купуваат замрзнат ослич и лосос кој патем можеби е и 20 години…
повеќе...Кривична пријава за две лица од Охрид поради незаконит риболов
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“,СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.З.(31) и Е.З. (27) двајцата од Охрид. Првопријавениот Е.З. се товари и за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“. На 16-ти јуни оваа година околу 18 часот, пријавените, во водите на Охридското езеро, кај месноста “Грашница”, поставиле риболовна мрежа „крапарка“ во должина од 80 метри со цел незаконито да ловат риба. Тоа го направиле иако знаеле дека во тој период, поради мрест е забранет секаков вид риболов. Нелегално поставената рибарска мрежа, во 19 часот…
повеќе...Акции за заштита на рибите во ревирот река Црн Дрим 1
Во тек е мрестот на топловодните риби во река Црн Дрим. ЗРСК Пастрмка од Струга како концесионер на рибите во „риболовен ревир река Црн Дрим 1“ во тесна соработка со Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид спроведуваат секојдневни акции за заштита на рибите кои се мрестат. Во споменатите акции запленети се повеќе од еден километар мрежи и друг недозволен риболовен алат: сертмиња, трокуки, харпуни и сл., затекнати се 12 лица како вршат недозволен риболов и против истите се покренати прекршочни постапки. Во една од акциите беше физички нападнат и овластениот рибочувар…
повеќе...Известување за полагање на испит за добивање на уверение за рибочувар
Се известуваат сите заинтересирани лица дека на ден 17 март 2016 година, со почеток во 10 часот во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на испит за добивање уверение за рибочувар. За полагање на испитот до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се доставува барање кое содржи: – Име и презиме на кандидатот, адреса на кандидатот, ЕМБГ, датум и место на раѓање, степен на образование. Кон барањето за полагање на испитот кандидатот приложува докази за исполнување на следниве услови: – да…
повеќе...Запленет недозволен рибарски алат и уловени риби во Глобочичко Езеро
Во текот на изминатата ноќ во период од 22.00часот до 02.00 часот Рибочуварската служба на Здружението на спортски риболовци „Таш Ма“ 2011 при вршење контрола на потегот кај с.Глобочица во водите на Глобочичко Езеро, благодарение на својата најнова опрема за ноќно снимање и при заедничка контрола на ЗСР Таш Ма 2011 и Овластени претставници од Државниот инспекторат за земјоделие затекнати се недозволен риболовен алат во должина од 1850метри од кои 850метри беа рибарски мрежи за лов на клен, карас скобус и друга ситна риба, а 1000метри беа за лов на крап.…
повеќе...Запленети околу 500 метри рибарска мрежа и 30 кг риба
Повеќе рибарски мрежи во вкупна должина од околу 500 метри, близу триесет килограми разна риба и стотина примероци на риболовен алат, прибор и друга опрема, се пронајдени и одземени при патролите на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во текот на минатиот месец. Акциските контроли на езерската полиција се реализираат по целата должина на езерската гранична линија, но и во останатиот дел од територијалните води на езерскиот басен. Во неколку одделни акции, на околу еден километар од граничната линија во близина на Радожда, во македонските територијални води при обид…
повеќе...Во тек е пријавување за полагање на испит за рибочувари и за вршење стопански риболов
Се известуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да се пријават за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и/или за полагање на испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, дека е потребно да достават барање (пријава) која содржи: – Име и презиме на кандидатот, адреса на кандидатот, ЕМБГ, датум и место на раѓање и – доказ за уплатен надомест за полагање на испитот. Средствата за полагање на испитот се уплаќаат на сметката на сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Прашањата за полагање на испит…
повеќе...Пронајдени и одземени рибарски мрежи кај Калишта
Повеќе рибарски мрежи во должина од околу сто метри со дваесет и осум парчиња риба Охридска белвица се пронајдени и одземени од водите на Охридското езеро при патрола на полициската станица за граничен надзор. На 19-ти овој месец околу 6 часот наутро, во близина на крајезерската населба Калишта на струшкото крајбрежје, на оддалеченост од околу 300 метри од брегот на езерото пронајдени се четири рибарски мрежи со должина од по 50 метри со димензии на окца 45 x 45 милиметри кои не беа соодветно обележани и немаа соодветен жиг од…
повеќе...