Победа за Охрид 2013 против Радовиш

Охрид 2013 веќе го заборави поразот од Металург од пред три дена и повторно им се враќа на победите. Во Спортската сала „Билјанини Извори“ Охрид 2013 вечерва играше против Радовиш во 13 коло од ВИП ракометната лига. Охриѓани одиграа одличен натпревар и убедливо со 35-26 (полувреме 20-13) го совладаа тимот на Радовиш. По комплетирањето на 13-то коло од ВИП Суперлигата, Охрид 2013 се наоѓа на второто место со 30 бодови. Лидер на табелата е супериорниот Металург кој има 39 бодови и сеуште е без пораз. WebOhrid

повеќе...

Нова победа за АВ Охрид

Екипата на АВ Охрид забележа уште една нова победа, осма по ред во Втората машка кошаркарска лига. Синоќа во Спортската сала „Билјанини Извори“, АВ Охрид со високи 101:75 го победи тимот на Шкупи. По оваа победа, АВ Охрид се зацврсти на првото место од табелата со 16 бодови, пред Вардар и Пелистер кои имаат по 14 бодови. WebOhrid

повеќе...

Селекцијата на домашни фудбалери подобра од селекцијата на странци

На теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски” се одигра ревијален натпревар помеѓу селекцијата составена од домашни фудбалери и селекцијата на странци во 1МФЛ. Селекцијата на домашни фудбалери од Првата македонска фудбалска лига, одбрана од селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски забележа победа од 2:1 над селекцијата на странци во ПМФЛ предводена од тренерот на Шкендија, Шпетим Дуро. Головите за домашната селекција ги постигнаа Радески во 29 минута и напаѓачот на Вардар, Филип Ивановски во 45 минута. Единствениот погодок за селекцијата на странци го постигна Херера во 88 минута. ДОМАШНИ: Јовановски,…

повеќе...

Игор Ангеловски официјално именуван за селектор на фудбалската репрезентација

На денешната седница Управниот одбор на ФФМ донесе одлука досегашниот вршител на должност селектор на А репрезентацијата, Игор Ангеловски, да биде именуван за селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Покрај оваа одлука, на седницата на управниот одбор беа донесени и следните одлуки: – Беа усвоени извештаите од органите и телата на Фудбалската Федерација на Македонија од есенскиот дел од натпреварувачката сезона 2015/16; – Се усвои правилникот за лиценцирање на клубови за учество во натпреварувања во организација на УЕФА; – Беа донесени пропозициите за КУП натпреварувањето во мал фудбал; – Се…

повеќе...

Одиграни натпреварите од 18 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 18 коло од Првата Македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Брегалница  3:2  Ренова Младост Царев Двор  2:1  Турново Металург  0:0  Работнички Шкендија  4:1  Шкупи Вардар  4:0  Силекс Вардар со 43 бодови е есенски првак пред второпласираната Шкендија со 38 бодови. Пролетниот дел од првенството ќе започне на 21 февруари 2016 година. WebOhrid

повеќе...

Стартува Балканската Хокејарска лига

Агенцијата за млади и спорт и официјално потврди дека претстојниот викенд започнува Балканската лига во Хокеј на мраз, чиј организатор е Македонската хокеј федерација. Проектот е поддржан од страна на Агенцијата за млади и спорт, во насока на промоција и афирмација на овој спорт во нашата земја. Во лигата ќе настапуваат 8 екипи, од 5 балкански држави (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција) поделени во 2 дивизии. Во првата дивизија ќе настапуваат екипите на: Металург од Скопје, Спартак Суботица, Славија Софија и Вукови Сараево. Во втората дивизија ќе…

повеќе...

Ќе се избира најуспешен спортист во Охрид за 2015 година

ИЗБОР НА НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ ЗА 2015 ГОДИНА КАТЕГОРИИ: – Најуспешен спортист – поединечно, – Најуспешен млад спортист – подинечно, машки и женски, – Најперспективен млад спортист – поединечно, машки и женски, – Најуспешна спортска екипа, – Најуспешен спортски тренер, – Најуспешен спортски работник, Признанија за животно дело, најмасовен клуб, фер плеј, спортски презентер и сл. СЕ ПОВИКУВААТ: – Сите членови на Сојузот на спортови Охрид, – Сите спортски екипи кои делуваат на територијата на Охрид, – Сите спортски работници и поединци, – Сите спортски новинари, – и други заинтересирани. ДА…

повеќе...

МОК продолжува со обука за напреден спортски менаџмент

На 3 Декември започна обуката за Напреден спортски менаџмент на втората генерација на кандидати предложени од страна на Националните спортски федерации, високо образовните институции, Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, општините и Градот Скопје. Главна цел на оваа обука е унапредување на ефикасноста во работењето на спортската администрација во Република Македонија како основа за подобрување на врвните спортски резултати на најдобрите македонски спортисти. Обуката ќе биде испорачана во областите на спортскиот менаџмент, спортската администрација, финансиски менаџмент, менаџмент на човечки ресурси, организација на врвни спортски натпревари и организација на…

повеќе...

Селекторот Ангеловски го објави списокот на селекцијата составена од домашни фудбалери

Игор Ангеловски го објави списокот на селекцијата составена од домашни фудбалери Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери кои ќе настапат за селекцијата составена од домашни фудбалери на натпреварите против селекцијата на странци во 1МФЛ и дуелот против играчи од селективниот камп на репрезентацијата до 21 година. Голмани: Игор Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Марко Јовановски (Шкендија); Одбрана: Горан Силјановски (Работнички), Мевлан Мурати (Шкупи), Мите Цикарски (Работнички), Бојан Најденов (Х. Турново), Дарко Глишиќ (Вардар), Кире Ристевски (Работнички); Среден ред: Бобан Николов (Вардар), Армент Алими (Шкендија), Глигор…

повеќе...

Одредени полуфиналните двојки од фудбалскиот Куп на Македонија

Минатогодишниот освојувач на Купот на Македонија, Работнички за противник во полуфиналето од најмасовното фудбалско натпреварување ја доби екипата на Брегалница. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Хоризонт Турново и Шкендија. Брегалница – Работнички Хоризонт Турново – Шкендија Првите полуфинални натпревари ќе се одиграат на 2 март 2016 со почеток од 14:00 часот, а реваншите се закажани за 13 април 2016 од 16:00 часот.

повеќе...