ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ учествуваше на Balkan Junior – Niksic 2015

Од 12-ти мај до 16-ти мај се одржа Балкански натпревар за Мехтроничар во Никшиќ, Црна Гора. На натпреварот учествуваа електро-машински училишни центри од Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Турција и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Македонија. Училиштето го претставуваа учениците од III- година: Оливер Симоноски, електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Бојан Лалчески техничар за компјутерско управување со менторите Борис Стрезоски и Владо Јанкулоски. Учениците го освоија – III – место. Натпреварот се состоеше од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел се полагаше со тест од 6-…

повеќе...

Денови на ученичкиот театар

Во рамките на проектот „Популаризација на театарот“ , што го реализира општина Охрид во соработка со основните училишта, НУ Центар за култура „ Григор Прличев“ и Охридскиот народен театар, на 27 и 28 мај ќе се одржи манифестацијата „ Деновите на ученичкиот театар“. Утре со почеток во 11.00 часот, на малата сцена при НУ Центар за култура „ Григор Прличев“, манифестацијата ќе ја отворат учениците од ОУ „Кочо Рацин“ со изведба на драмскиот текст „ Соживот“ , во режија на наставничката Наташа Неданоска. Во 12.00 часот настапуваат „актерите“ од ОУ „…

повеќе...

Уште една успешна генерација на „Јахја Кемал“

Педесет и осум матуранти од познатото приватно училиште „Јахја Кемал“ ги добија завршните дипломи. Тие, своето школување ќе го продолжат на различни страни. Задоволни од училиштето се матурантите кои посебно го нагласуваат и стекнатото другарство и меѓусебно пријателство, а задоволни се и наставниците и раководителите со секоја новоизлезена завршна генерација. Од училиштето велат дека се горди на секоја успешна генерација од која бројни членови завршуваат на познатите македонски, но и светски универзитети од каде се враќаат како високо стручни капацитети подигнувајќи ја цената на трудот и на домашниот пазар. WebOhrid им…

повеќе...

Матурска парада 2015

Со традиционалната порака за мир и со звуците на популарниот танц Квадрил матурантите од четирите општински средни училишта, денеска на Градскиот плоштад, ја одиграа Матурската парада 2015. Општина Охрид е традиционален покровител на танцот, а градоначалникот Никола Бакрачески ја отвори десеттата по ред Матурска парада. „Почестен сум и среќен кога сум во друштво на толку многу насмеани и ведри лица, млади лица околу мене. Во еден од најзначајните моменти за Вас би сакал да Ви подарам компас кој би ви го покажувал патот во иднина, оној, единствен пат кон успехот. Кога…

повеќе...

Првачиња од ОУ „Христо Узунов“ го посетија аеродромот „Св.Апостол Павле“

Учениците од I одделение од ОУ „Христо Узунов“, заедно со нивните учителки Лидија Цветковиќ и Наташа Групчева Пупиноска, вчера беа во посета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Посетата беше организирана во соработка со родителите во согласност со проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, со цел учениците да се запознаат со работата на оваа организација. До аеродромот учениците стигнаа со двокатниот автобус од ЈП „Билјанини Извори“. Со работата на аеродромот беа запознаени од вработените на Аеродромот, а имаа и прилика да го следат слетувањето и полетувањето на…

повеќе...

Продолжуваат успесите на учениците од охридската гимназија

На 18-ти април се одржа регионален натпревар по англиски јазик во Струга во училиштето„ Јосип Броз Тито“. Натпреварот се организира од ЕЛТАМ- Асоцијацијата на наставници по англиски јазик на Република Македонија за учениците од втора година од средните училишта. Учениците од охридската гимназија успешно го претставија училиштето. Ученикот Петар Пипоски го освои второто место, а ученичката Климентина Коваческа третото место, под менторство на проф. Даниела Спироска. Учениците со тоа се пласираа на државниот натпревар кој ќе се одржи на 9-ти мај во Скопје. На 17-ти април, се одржа регионален натпревар по хемија…

повеќе...

Основците од „Дебрца“ во посета кај градоначалникот Трајкоски

Во рамките на училишниот материјал и програма по предметот Опшество, учениците од IV одделение од ОУ ,„Дебрца“ заедно со своите наставнички денес ја посетија општина Дебрца. Целта на оваа посета беше запознавање на учениците со функционирањето на Општината. Учениците ја искористија можноста при оваа посета да поразговараат со Градоначалникот и да постават редица интересни прашања поврзани со Општината. За нив интересно беше да слушнат кои се активностите и работата на Градоначалникот, на Советот и на службите кои функционираат во состав на општина Дебрца.

повеќе...

ОУ „Братство Единство“ распиша конкурс за поезија за ученици и за сите повозрасни творци

По повод 24-ти мај, Денот на македонските просветители Светите „Кирил и Методиј“ и 25-ти мај патрониот празник на ОУ „Братство Единство“, Охрид,  училиштето распишува конкурс (отворен од денот на објавувањето до 12-ти мај) за поезија во две категории: за ученици од основно образование и за ученици од средно и високо образование, воедно и за сите повозрасни творци. За секоја категорија ќе се доделат прва, втора и трета награда. „Наградите ќе бидат книги – подарок на ОУ – „Братство Единство“, заради одличната соработка што ја имаме со издавачката куќа МАКАВЕЈ – Скопје.…

повеќе...

Ученици од ОУ „Св.Наум Охридски“ во посета на Општината

Ученици од 4- то одделение од ОУ „Св. Наум Охридски“ с. Пештани и подрачните училишта во с. Коњско и с. Елшани денес беа во посета на општина Охрид. Учениците разговараа со заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој ги запозна со работата на градоначалникот Никола Бакрачески и начинот на функцирање на Локалната самоуправа и Советот на Општина Охрид. Учениците го посетија и секретарот Димитар Спасески кој ги запозна со одговорностите што ги има во овозможување на квалитетно фунционирање на локалната самоуправа. Потоа учениците посетија и некои од одделенијата во локалната администрација. Посетите…

повеќе...

ДЗС: Намален бројот на ученици во 2013/2014

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2013/2014 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 190 541 што претставува намалување за 1.8% во однос на претходната учебна година. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2013/2014 година изнесува 84 827 што претставува намалување за 4.2% во однос на претходната учебна година.

повеќе...