Основците од „Григор Прличев“ дел од Меѓународниот натпревар „Кенгур“ 2015

Денес со почеток во 11:30 часот во ОУ „Григор Прличев“, Охрид започна Меѓународниот натпревар „Кенгур“ 2015. На натпреварот учествуваа вкупно 213 ученици од ова училиште од I до IX одделение. Натпреварот офаќа решавање на тест кој трае 1 час и 15 минути. „Кај нашите ученици традиционално има многу голем интерес за натпреварот, а на денешниот натпревар заинтересираноста беше најголема кај најмладите, учениците од одделенска настава.“–  велат од ОУ „Григор Прличев“. WebOhrid

повеќе...

Интензивни подготовки за одбележување на патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“

Учениците од ОУ „Живко Чинго“, с. Велгошти, Охрид, заедно со своите наставници – ментори интензивно се подготвуваат за одбележување на патрониот празник на ова училиште. Свечената прослава ќе се одржи на 20-ти март (петок), со почеток во 18:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“. На свечената прослава свој настап ќе имаат училишниот хор, учениците од погорните одделенија, како и најмалите ученици со свои музички точки. Оваа прилика директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски ќе ја искористи за доделување награди на најуспешните ученици и благодарнци на заслужни субјекти. ОУ „Живко Чинго“…

повеќе...

Вевчани слави патронат на ОУ „Страшо Пинџур“ и 180 години образование

Денес Вевчани и неговото училиште слават два празници, патронат и 180 години образование во Вевчани. Основното училиште „Страшо Пинџур“ од Вевчани е едно од првите основни училишта во Македонија на мајчин јазик. Неговото институционално раѓање во 1835 година доаѓа како резултат на вековниот стремеж на Вевчанци постојано да бидат во чекор со прогресот, а своето културно издигнување да го темелат на науката и знаењето. Низ својот долгоизоден пат, образованието имаше и подеми и падови. „Чувствуваме потреба накратко хронолошки да го проследиме образованието од далечната 1835 година од неговите зачетоци, откако…

повеќе...

Основци од „Григор Прличев“ учествуваа на карневалот во Прилеп

Учениците од германската паралелка од V одделение при ОУ „Григор Прличев“ заедно со професорките по германски јазик Моника Сасанска и Ивана Маховска учествуваа на карневалот во Прилеп. „Нивните креативни идеи беа реализирани благодарение на Гете-Институт и помошта и соработката на родителите. Учесниците на карневалот среќни што се дел од целата манифестација, уживаа во секој момент и достојно го претставија нашето училиште.“- велат од училиштето.

повеќе...

Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, ОУТУ „Ванчо Питошески“, вчера и денес организира низа активности. Во рамки на одбележувањето се одржа трибина на тема: „Да го чуваме, негуваме и сакаме мајчиниот јазик“, беше прикажан документарниот филм за кирилицата и словенската писменост во Македонија: „Кирилицата по врвицата на словенската писмена традиција во Македонија“, а се одржа и поетско читање. Настанот кој го организира Средношколската младинска организација, го отвори директорката на училиштето, Весела Темјаноска, а модератори на трибината и презентери на филмот беа професорите по македонски јазик и…

повеќе...

Хуманитарна акција на ОУ „Св.Климент Охридски“

Во текот на неделата во Основното училиште „Св.Климент Охридски“ се спроведуваше хуманитарна акција за помош на поплавените подрачја во Источна Македонија. Акцијата се спроведуваше од 9-ти до денес (13-ти) февруари. Сите ученици се вклучија во донирањето (вода, конзервирани продукти, средства за хигиена ид др) при што денеска беа предадени до Црвениот крст – Охрид.

повеќе...

Хуманитарна акција на ОУ „Григор Прличев“ за помош на поплавените подрачја во Македонија

Денес и утре во Основното училиште „Григор Прличев“ се организира хуманитарна акција за помош на настраданите во поплавите во Македонија. „Денешниот одзив беше навистина голем, а очекуваме акцијата да продолжи и утре. Собраната храна, вода, средства за хигиена, облека и сл. денес беше преземена од општинскиот Црвен крст. Се надеваме дека со нашиот скромен придонес барем малку ќе им помогнеме на оние на кои помошта во овие тешки денови им е неопходна. Ваквите акции ја зголемуваат свеста кај учениците и го поттикнуваат нивниот хуман развој.“ – вели директорката Силвија Мојсовска.

повеќе...

Во ОУ „Христо Узунов“ донирани новогодишни пакетчиња на социјално загрозените ученици

Денес во ОУ „Христо Узунов“ раководството на училиштето, Советот на родители при училиштето и со посредство на Дооел „Ноно 2007“ поделија околу 100-тина новогодишни пакетчиња, школски прибор и пакетчиња со сувомеснати производи, негазирани сокови на социјално загрозените ученици. „Пакетчињата се донација од фирмите „Аг-про“ Струга, школскиот прибор книжарница „Мила“, сокови од „Тем-Хем“ Охрид. И тие како ни е значајна оваа донација за да ги израдуваме нашите ученици. Голема благодарност до сите помагатели!“- вели директорот Тони Симоновски.

повеќе...

Ученици од ОУ „Христо Узунов“ одржаа презентација „Мојата прва средба со физиката“

Вчера во ОУ „Христо Узунов“ – Охрид се одржа настан насловен како „Мојата прва средба со физиката“. Учениците од осмите одделенија под менторство на наставничката по физика Вера Зороска, на специфичен, оригинален и несекојдневен начин ги претставија своите знаења и вештини стекнати на часовите по предметот физика. Имено, пред очите на многубројната публика, учениците експериментираа, презентираа и глумеа т.е. симулираа ситуации од секојдневниот живот поврзани со физичките закони. Учениците уште еднаш докажаа дека: Да се засака физиката не е случајност, да се знае физика не е реткост, но да се…

повеќе...

„Биди ѕвезда не фрлај петарди“ – предавања во ОУ „Христо Узунов“

Денес во ОУ „Христо Узунов“ продолжија предавањата под мотото „Биди ѕвезда не фрлај петарди“ од претставници на Одделението за превенција при СВР Охрид. Во рамки на предавањето учениците беа запознаени со ризиците од употреба на пиротехничките средства, особено пред и по Новогодишните празници кога пиротехниката е најзастапена. „На современ начин ова предавање им ги доближи опасностите, ги поттикна да размислуваат кон поинаков правец, односно на пиротехниката да гледаат како на проблем. Ваквите предавања секако дека оставаат позитивни траги во развојот на личноста кај учениците, на ваков начин на време можат…

повеќе...