За ВМРО-ДПМНЕ еден од клучните столбови е зголемувањето на вработеноста и намалување на невработеноста, поради што Македонија има рекордна стапка на невработеност од 25,5 проценти. Работата на ова поле продолжува и годинава. Ова денес го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Дневникот на Сител, откако денес присуствуваше на работен состанок на кој се разгледуваше имплементацијата на мерките за вработување. „Многу ми е важно ми е тоа што го имаме ветено пред граѓаните да се реализира и затоа денес дискутираме околу акцискиот план, роковите и начините како ќе…
повеќе...Tag: агенција
Приватниот сектор очекува раст на гостите од Турција
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја претставува Македонија на 20-тото издание на саемот за туризам ЕМИТТ во Истанбул, Турција (28-31 Јануари 2016година). На саемот каде 71 држава од светот ќе го престави својот туристички потенцијал се наоѓа и македонска делегација која како и сите изминати години, така и оваа, со дизајнот на штандот прилагоден за интересот на Турците привлече огромен број на посетители уште првиот ден. Акцент на саемот во Турција се стави на посетата на г-дин Недрет Апајдин, провинциски Директор на Истанбул во Министерството…
повеќе...Македонија на листа на туроператори од Словенија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за првпат се претстави на саемот за туризам во Љубљана, Словенија (NatourAlpeAdria) кој трае од 27-ми до 30-ти Јануари 2016 година, а се организира по 9-ти пат. Учеството на Македонија побуди голем интерес на тамошните тур-оператори и потенцијални туристи, но и словенските медиуми не останаа рамнодушни на македонската иницијатива за развој и промоција на туризмот на словенскиот пазар. „Го изразувам задоволството што после неколку години пауза, повторно учествуваме на саемот NatourAlpeAdria. Словенците ја перцепираат Македонија како пријателска земја од југот…
повеќе...АППТ ја зајакнува позицијата на Македонија на холандскиот туристички пазар
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на саемот за туризам во Утрехт, Холандија кој се одржа од 13-17 Јануари, ги промовира убавините на Македонија по 6ти пат. Холандскиот пазар, кој важи за еден од попробиените туристички пазари, покажува огромен интерес за македонската култура, историја и природа, во конкуренција со 500 дестинации од светот. Туи и Корендон, најголемите тур-оператори кои носат холандски туристи во Македонија покажаа оптимизам за претстојната туристичка сезона, потенцирајќи ги неповолните гео-политички случувања во одредени делови од светот. Неодамна, откако белгискиот “Томас Кук”беше во Македонија и склучи…
повеќе...АХВ: На пазарот во Македонија нема небезбедни сокови за деца
Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите изнесени во вчера објавениот напис на порталот centarnews.net со наслов “Внимавајте: Отровни детски сокови во Македонија- граѓаните реагираат”. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, денес, понеделник, 18.01.2016 година, извршија контрола кај компанијата Соко Горица дооел,за која во написот неосновано се тврди дека е производител на небезбедни сокчиња за деца.Од страна на инспекциските служби, со контролата констатирано е дека станува збор за оператор со храна кој е регистриран во Агенцијата за храна и ветеринарство и кој го има имплементирано HACCP…
повеќе...Преку грантови за самовработување годинава ќе се отворат околу 1.000 работни места
Сите невработени лица кои имаат бизнис идеја до крајот на јануари можат да аплицираат за грант за самовработување преку отворање сопствен мал бизнис. За реализација на оваа мерка за самовработување годинава се предвидени средства од 207 милиони денари, со кои треба да се отворат 920 мали бизниси и да се остварат околу 1.000 вработувања. Годинава има одредено зголемување на висината на грантот и тој може да се движи од од 201 до 349 во зависност од тоа колку е бизнисот одржлив и иновативен, дали има план за развој на сопствената…
повеќе...Конститутивна седница на Националниот Совет за безбедност на храна и храна за животни
Потрошувачите помалку се жалат на небезбедна храна, а државата активно работи на зајакнување на капацитетите за превенција, контрола и проценка на ризици во овој сегмент. Ова го истакнаа учесниците на денешната конститутивна седница на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни кој се формира на иницијатива на Агенцијата за храна и ветеринарство согласно европските искуства. Во Советот членуваат 19 релевантни институции, експерти и претставници на невладиниот сектор, а неговото формирање, освен научната фела, го поздрави и бизнис заедницата. „Република Македонија како земја кандидат за влез во Европската…
повеќе...АХВ со вонредни, засилени инспекциски контроли пред Новогодишните празници
Во пресрет на новогодишните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, покрај редовните, почнаа со спроведување на вонредни, засилени контроли на специјализираните продавници за храна од животинско потекло (месарници, рибарници, и сл. ) и во угостителски објекти (хотели, ресторани). Контролите се спроведуваат на целата територија на државата и со нив ќе бидат опфатени и туристичките места Маврово, Попова Шапка, Охрид, Струга, Берово и Дојран. Целта на контролите е елиминирање на можнста на пазарот да се пласира небезбедна храна, спречување на евентуални труења и инфекции и заштита на здравјето…
повеќе...Традиционално ќе се избира спортист на годината
Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортски федерации на Македонија и годинава по 61-ви пат, традиционално ги избираат најуспешните во спортот за 2015 година. „Почнувајќи од далечната 1954 година кога скијачот Јахија Рефик за првпат беше избран за спортист на Македонија, оттогаш па наваму многу големи спортски имиња на државата се закитија со ова спортско одличје за нивните врвни спортски резултати на меѓународната спортска сцена“, – изјави на денешната прес-конференција директорот на АМС Марјан Спасески. Ова е уште една приредба која носи сатисфакција на спортистите, тренерите, раководствата…
повеќе...Oд недела во сила забраната за емитување платено политичко рекламирање
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува сите медиуми дека во недела, 20 декември 2015 година, во 00:00 часот, настапува забрана за емитување платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, во печатените медиуми и во електронските медиуми (интернет портали). Забраната е пропишана во член 82 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 196/15) и важи до денот на почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.
повеќе...