Во Охрид отворена најголемата игротека во Западна Македонија

Вчера (20.09.2017) во Охрид свечено беше отворена игротеката „Вања“, најголемата игротека во Западна Македонија. „Игротеката распростанета на 700 м² и е изградена по најсовремени стандарди за климатизација, ветилација и светлина. Широкиот постор им нуди на децата полесно да се движат и играат. Играчките со кој е опремена игротеката дава максимална безбедност за игра на децата. Таа располага со отворена летна тераса и затворен климатизиран простор.” – изјави Виолета Анѓелковска, директор на Кам Village и додаде: „Од особена важност ќе биде високото ниво на хигиена кој ќе прв критериум на игротеката. Во…

повеќе...

Утре ќе биде промовиран романот „Доилката“ од Лилјана Пандева

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид утре организира П Р О М О Ц И Ј А на романот „ДОИЛКАТА“ од Лилјана Пандева добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ за најдобро прозно остварување во 2016 година. Воведна реч ќе има Славе Ѓорѓо Димоски. Промотор на настанот е  Проф. д-р Кристина Николовска. Промоцијата која ќе се одржи во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид е со почеток во 20 часот.

повеќе...

Претставување на Александар Чотриќ, сатиричар од Белград (Србија) во охридската библиотека

Културниот центар „Бран” и Ревијата за книжевност „Бранувања” од Струга и НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид во рамките на VII-та Меѓународна манифестација „Струшки книжевни средби” организираат Претставување на Александар Чотриќ, сатиричар од Белград (Србија). Промотори се Тоде Илиевски и Петко Шипинкаровски. Настанот ќе се одржи на 06.07.2017 година (четврток) во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, со почеток во 19:00 часот.

повеќе...

Во сабота во Охрид летна шема на „Импровокација“

Тетарската импровизација „Импровокација“ (летна шема), во сабота на 24-ти јуни, ќе биде одиграна во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, со почеток од 21:00 часот. Импровокатори: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски.Домаќин/хост – Филип Ангеличин Жура. Картите се во продажба во музичката продавница Зизи Топ, во претпродажба по цена од 150 денари, а на денот на изведба 200 денари. Број за резервации на карти : 075 283 066. Шоуто не е за помлади од 16 години!

повеќе...

Австралиската амбасадорка во работна посета на Охрид

Австралиската амбасадорка во Белград, ополномоштена за Република Македонија, Јулија Фини, денес беше во работна посета на Општина Охрид. Таа оствари средба со градоначалникот Бакрачески, при што беше запозната со актуелностите и активностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Бакрачески и амбасадорката Фини, го посетија и Дневниот Центар “ЗРАЦИ“, каде неодамна се релизира проектот “Охрид без бариери“, со донација од ДАП (Direct Aid Program) на Австралиската амбасада, во висина од 5926 австралиски долари. При посетата Н.Е. Џулија Фини на штитениците на домот им врачи пригодни подароци. „Таа е наш голем пријател, како на…

повеќе...

„Поточиња 2017” во Охрид на 30ти мај

Љубителите на најдобрите детски хитови од детскиот фестивал „ПОТОЧИЊА”  ќе имаат можност во Охрид да го проследат новото издание на фестивалот „ПОТОЧИЊА 2017”. Фестивалот ќе се одржи во вторник на 30 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид (голема сала) во 11 часот. Детскиот фестивал „ПОТОЧИЊА“ на македонската сцена за прв пат се појави во 2004 година. Со своите песнички за брзо време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката и редовно секоја година со своето одржување ја најавува пролетта. Одржувањето на овој фестивал им овозможува на…

повеќе...

Во Охрид одбележан Денот на мајката

ЖЦ „Бисера“ од Охрид традиционално и оваа година го одбележа 12ти мај – Денот на мајката. Во ОУ „Св.Климент Охридски“ Охрид вечерва се одржа манифестација, на  која учествуваа дечиња од градинката „Јасна Ристеска“, како и ученици од сите основни училишта,  меѓу кои и ОУ „Григор Прличев“ Охрид. Учениците од ОУ „Григор Прличев“ пред присутните се претставија со две точки, под менторство на наставничката Фанче Наумоска. За најдобрите литературни и ликовни детски творби по објавениот конкурс на тема „Мајка“ беа доделени награди и признанија. Ова се наградените ученици од ОУ„Григор Прличев“ Мартин Ашталкоски IV 2 одделение…

повеќе...

„Импровокација“ во сабота пред охриѓани

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар на 13ти мај (сабота) репертоарно ќе ја одигра седмата епизода од втората сезона на најпопуларното шоу „Импровокација”. „Импровокација“ започнува во 21:00 часот, а влезниците се купуваат во музичката продавница Зи Зи Топ. Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава. Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што…

повеќе...

„Распеано рибарче“ по 19ти пат

На 3, 4 и 5 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи 19 –тото издание на фестивалот на детска песна „Распеано рибарче 2017“. И годинава, како и лани ќе бидат изведени 13 песни , 13 нови – потенцијални хитови кои ќе го најдат патот до сите деца, ама и до нивните татковци и мајки, баби и дедовци а и учителките и воспитувачките, во училиштата и градинките. Традиционално пред почетокот и на ова издание веќе се готови песнарката и ЦД –то а по фестивалот во продажба…

повеќе...

Самостојно шоу на Сашко Коцев во Охрид

Еден од најдобрите стендап комичари и актери Сашко Коцев за прв пат со свое самостојно шоу „Детоксикација“ во Охрид. Шоуто ќе се одржи во сабота 6-ти мај, со почеток во 20.00 часот во големата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. Билетите по цена од 200 денари веќе се пуштени во продажба во музичката продавница Зи Зи Топ.

повеќе...