СДСМ: Каква вода пијат граѓаните на Дебрца?

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Пред два месеци при посетата на поранешниот премиер Никола Груевски на село Горенци, градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски за проблемот со недостиг на вода за пиење вети дека проблемот ќе биде решен во текот на август оваа година со набавка на нова пумпа. Август помина, новата пумпа никаде ја нема. И не само тоа. Со Решение донесено од Државниот инспектор за храна при Агенцијата за храна и ветеринарство, ПЕ-Охрид, од 01.09.2016 година се забранува водата за пиење…

повеќе...

СДСМ: Водокорисниците од Дебрца да се ослободат од обврската за плаќање на надоместок за наводнување

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Со донесувањето на Законот за водостопанство, кој започна да се применува од 01 Октомври 2015 година користењето, управувањето, одржувањето и стопанисувањето со системите за наводнување од дотогашните водни заедници е пренесено на новоформираното Акционерско друштво во државна сопственост, „Водостопанство на Република Македонија“, како вршител на водостопанска дејност, при што за наводнувањето на земјоделските површини на подрачјето на општина Дебрца надлежна е новоформираната подружница на АД Водостопанство, „Црн Дрим“, со седиште во Охрид. Се работи за подрачје кое е…

повеќе...

СДСМ: Пред да ветуваат изградба на нов нека го исполнат ветувањето за реконструкција на постојниот регионалниот пат во Дебрца

ОО на СДСМ Дебрца денес испрати соопштение, во кое стои: „Во врска со информацијата за одржаната средба на граѓанинот Груевски со министри од повеќе ресори и градоначалници од која произлегло ветување за изградба на нов регионален пат за поврзување на општините Дебрца и Охрид, помеѓу село Требеништа и село Вапила ( а не село Велгошти, како што беше објавено во медиумите, кое нешто е или грешка на медиумите или ноторно непознавање на оние кои го промовирале ветувањето ), цениме дека оние кои во популистички стил, за изборни цели се расфрлаат…

повеќе...

Доделени стипендии за учениците од Дебрца

По повод почетокот на новата учебна година најдобрите 20 ученици од основно и средно образование добија општински стипендии за тековната учебна година 2016/2017 година. Стипендиите во посебна пригода ги додели Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски, кој им посака успешна учебна година и одличен успех. „Избрани сте како најдобри од најдобрите бидејќи сакате да учите и да се надградувате. Искуството покажало дека за секој што сака да учи и да се надградува, две нешта никогаш нема да бидат исцрпени. Прво, можностите за стекнување со вредни знаења и вештини. И, второ,…

повеќе...

Одржан Интернационален фолклорен фестивал „Денови на Дебрца”

На плоштадот „Крушевска Република“, во организација на ИФФОМ (Интернационални Фолклорни Фестивали, Охрид – Македонија) во соработка со Фолклорна Асоцијација „Играорец”, Ансамбл “Скопје”, Фолклорен Фестивал „Здравко Банар“и МКЦ- Зоран Стрезовски, се одржа Интернационалниот фолклорен и хорски фестивал „Денови на Дебрца”. Охрид беше домаќин на повеќе странски групи од различни држави. На овој интернационален фестивал учествуваа групи од Македонија, Словачка, Бугарија, Естонија, Хрватска, Албанија, Полска, Грција и Романија. На фестивалот имаше околу 450 учесници кои продефилираа низ Охридските улици.

повеќе...

Донација за првачињата во општина Дебрца

Денес во просториите на општина Дебрца, градоначалникот Игор Трајкоски се сретна со првачињата во Општина Дебрца. Како и претходните години така и оваа година, бизнисменот од Перт, Западна Австралија, Драган Капинков, кој е сопственик на фондацијата „Капинков“, донираше училишна опрема. Училишниот прибор и чанти на првачињата од општина Дебрца им ги додели градноначалникот Трајкоски, кој рече дека оваа учебна година во „ОУ Дебрца“ има запишано 34 првачиња, што значи зголемување на бројот за 10 првачиња од претходните години. Воедно градоналникот  Трајкоски им посака успешна учебна година и успешен образовен процес.

повеќе...

Завршува реконструкцијата на Основното училиште во Оровник

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во посета на Основното училиште во Оровник, каде пред сам крај се градежните работи што се одвиваат околу целосната реконструкција на училиштето. Се работи за прва позначителна реконструкција на училиштето изградено во 1954 година. Градоначалникот истакна дека со почетокот на новата учебна година учениците од основното училиште во Оровник наставата ќе ја следат во пријатни услови и дека со замената на надворешната столарија, замената на кровниот покривач, поставувањето на топлинската изолација и со замената на светилките, ќе се штеди енергија и очекува да…

повеќе...

Иницијатива за свикување на итна седница на советот на општина Дебрца

Советничката група на СДСМ Дебрца, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „И покрај изразениот револт на граѓаните на Дебрца и нашите укажувања искажани на седница на советот на општина Дебрца, на терен продолжува изградбата на бетонската и асфалтната база во местноста “Царополе”, во атарот на село Ново Село. Поради тоа, согласно Деловникот на советот на општина Дебрца бараме свикување на итна седница на советот на општината на која градоначалникот на општината ќе достави информација за новонастанатата состојба со изградбата на бетонската и асфалтната база. Во информацијата посебно да…

повеќе...

Илинден одбележан во манастирот „Св. пророк Илија“ – Мешеишта

Големиот македонски празник Илинден, денес се одбележа и во манастирот „Св. пророк Илија“ во с. Мешеишта, општина Дебрца. Голем број верници палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. Традиционално, на присутните им се служеше ручек организиран од црквата, а прославата беше збогатена со музика, односно присутните ги забавуваше пејачот Влатко Миладиновски. Ова беше прилика мешеиштани и годинава да се сретнат со жителите од околните села, но и со наши иселеници од овие простори и заеднички да го прослават овој голем празник. Црквата „Св. Илија“ е главна манастирска црква на Мешеишкиот манастир.…

повеќе...