Во Општина Дебарца ќе се издаваат имотни листови

Општина Дебарца склучи договор со агенцијата за катастар и недвижности на Република Македонија и започна со издавање на имотни листови. Цената за истите изнесува 125 денари плус административна такса 50 денари, односно вкупна сума од 175 денари. Со ова на жителите од општината им се олеснува процедурата за добивање на имотен лист.

повеќе...

Градоначалникот на Дебарца Трајкоски оствари средба со жителите на Ботун

Во рамките на својата агенда за посети по месни заедници градоначалникот на Општина Дебарца, Игор Трајкоски, оствари средба со жителите на с.Ботун. Присутните од страна на Градоначалникот беа запознаени за активностите кои ги презема Локалната самоуправа конкретно за Ботун како и за другите села. Тој истакна дека во постапка е асфалтирање на улици низ населените места на општина Дебарца меѓу кои ќе се асфалтира и улица во Ботун. Потоа беше истакнато дека во завршна фаза е проектната документација за најгорливиот проблем кој години наназад ги мачи жителите на с.Ботун, а…

повеќе...

Реакција од Општина Дебарца во врска со денешната прес средба на ОО на СДСМ Дебарца

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Дебарца, со реакција излегоа од кабинетот на градоначалникот на Општина Дебарца, Игор Трајкоски, во која стои: „Јасна и недвослислена е фрустрацијата на ОО СДСМ во однос на поразот кој им беше нанесен на локалните избори. За тоа сведочат секојдневните небулозни соопштенија, реакции и контра реакции, а сега согледуваме и пресови на кои во најмала рака неосновано и со дрзок вокабулар се напаѓа градоначалникот на Општина Дебрца, господинот Игор Трајкоски. Замислете, ОО СДСМ  Дебрца воопшто ги немаше со соопштенија и пресови за…

повеќе...

ОО на СДСМ Дебарца го обвинува градоначалникот на Дебарца

Со одлука на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ Дебарца, формиран е Центар за комуникации со јавноста, чија задача е преку користење на соодветни методи и алатки на современото јавно комуницирање да ја информира јавноста за сите активности на ОО СДСМ. „Центарот го сочинуваат Благојче Стојчески – раководител, Ангел Секулоски – портпарол, и членовите  Радмила Филипоска, м-р Томчо Алексовски  и Славица Кузеска. Со оваа промоција на Центарот, сакаме да му порачаме и на градоначалникот на општина Дебарца дека ова е Тимот на ОО СДСМ Дебарца, креаторот на сите досегашни…

повеќе...

Реконструкција на фудбалското игралиште во Злести

Градоначалникот Трајкоски денес го посети фудбалското игралиште во с.Злести каде во тек се активности за реконструкција. Имено, се работи за инвестиција во спортот и едно од дадените ветувања во предизборната кампања од страна на градоначалникот Трајкоски за реконструкција на фудбалските игралишта во општина Дебарца. При реконструкцијата на овој фудбалски терен и поради непристапноста до теренот изграден е пристапен мост кој го поврзува игралиштето со пристапниот пат. Во реконструкцијата опфатени се: изградба на трибина, комплетно завршување на градежно занатски работи на соблекувална, бојадисување на стативите и поставување на мрежи, зацврстување на…

повеќе...

Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца одржа турнир во шах за мажи и жени

Во рамките на свеченостите по повод одбележувањето на патрониот празник на Охрид „Св.Климент Охридски“, Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца денеска организираа турнир во шах за жени и мажи на ниво на соседните здруженија од овој регион. На турнирот учество зедоа околу 25 шахисти од Струга, Кичево, Ресен, Демир Хисар како и  домаќинот и организатор ЗП Охрид. Шахистите се натпреваруваа во екипна конкуренција по Бергеров систем-брзопотезен систем секој со секого – два пати по десет минути, според пропозициите на Фиде.  „Турнирот се очекува да стане традиционален по повод патронот…

повеќе...

Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца организира турнир во шах во машка и женска конкуренција

 Во рамките на свеченостите  по повод одбележувањето на патрониот празник на Охрид „Св.Климент Охридски“ Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца на 7 декември (сабота) во 10 часот, организира турнир во шах во машка и женска конкуренција. На турнирот ќе земат учество околу 25 шахисти од Струга, Кичево, Ресен, Демир Хисар, и  домаќинот и организатор ЗП Охрид.  Шахистите ќе се натпреваруваат во екипна конкуренција по Бергеров систем-брзопотезен систем секој со секого – два пати по десет минути, според пропозициите на Фиде. Турнирот се очекува да стане традиционален по повод патронот…

повеќе...

Отворена полициска канцеларија во Белчишта

Со пригодна свеченост, денес во Белчишта општина Дебарца беше отворена полициската канцеларија што ќе работи во состав на Секторот за внатрешни работи Охрид. На свеченоста, покрај претставници на СВР Охрид беше присутен и градоначалникот на општината Дебарца, Игор Трајкоски, како и секретарот на Општината, Илија Дуклески. Со отворањето на полициската канцеларија на СВР Охрид во Белчишта ќе се обезбеди постојано присуство на полициски службеници на целото подрачје и во сите населени места во општината, континуирано ќе се преземаат полициските мерки за зачувување на јавниот ред и мир, заштита на животот,…

повеќе...

Новата Програма на СДСМ презентирана пред жителите на Дебарца

Тимот на СДСМ предводен од заменик претседателот на партијата, Радмила Шекеринска заедно со членовите на Извршниот одбор, Пеце Мирчески и Ѓоко Танасоски и пратеникот Митре Велјаноски, во текот на вчерашниот ден ги презентираа предлог мерките од  Програмата на СДСМ во Дебарца. При посетата, Тимот во село Мешеишта оствари средба со жители, посети повеќе домаќинства, и оствари средба со Извршниот одбор на ОО СДСМ Дебарца, како и со советничката група на СДСМ во советот на Општина Дебарца. Во селото Лешани, Тимот имаше средба со жителите, а посетата заврши со отворена трибина,…

повеќе...

СДСМ Дебарца: Општина Дебарца во недостиг на аргументи бега од одговор на поставените прашања

ОО на СДСМ Дебарца испрати реакција до медиумите во која стои: „Во недостиг на аргументирани одговори за партиската дискриминација на спортските клубови во општината Дебарца надлежните од Кабинетот на Градоначалникот на општината продолжуваат да ја замајуваат јавноста со голи флоскули, со чисто пропагандистички цели, веќе видени и прочитани од пропагандната машинерија на Партијата на која и припаѓаат. Во тој контекст, посебно небулозно е тврдењето дека СДСМ била против изградбата на спортските објекти. Уште еднаш Ви повторуваме, ако веќе не сте сакале тоа да го видите во нашето соопштение, СДСМ безрезервно…

повеќе...