Спроведена акција за уништување на запленети наркотични дроги и оружје

По повод Светскиот ден за борба против малото и лесно оружје, Министерството за внатрешни работи во координација со Министерството за правда и Агенцијата за управување со одземен имот во печките на “Југохром” во Јегуновце, спроведе акција за уништување на запленети наркотични дроги и оружје од случаи за кои претходно се донесени правосилни судски пресуди.  Во однос на запленетата дрога и оружје, вкупно се уништија околу 345 парчиња оружје, во најголем дел автоматски пушки и пиштоли, гасни пиштоли и друго малокалибарско оружје како ловечки пушки, ловни карабини, воздушни пушки и слично,…

повеќе...

117 кг марихуана откриени во албански автобус на Табановце

Царинските службеници од граничниот премин Табановце открија обид за пренесување на 117 кг високо квалитетна марихуана, во автобус со албански регистарски таблички. Имено, на 14.06.2013, околу 20:30 часот) за излез од Република Македонија се пријави автобус марка NEOPLAN со албански  регистарски таблички, сопственост и управуван од албански државјанин со инцијали Е.Б. од Тирана. Како втор возач на автобусот е лице – албански државјанин со иницијали К.Б.  Во автобусот патувaле околу 20-тина патници. Според изјавата на возачите, крајната дестинација на автобусот бил Белград, Србија. Иако и патниците и возачите изјавиле дека…

повеќе...

Македонија и Русија заеднички против трговијата со дрога

На маргините од годинашнава 30-та конференција на глобалната асоцијација ИДЕК за борба против трговијата со дрога што се одржува во Москва, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и првиот човек на руската Федерална служба за контрола на наркотици Виктор Иванов го парафираа заедничкиот План на двете институции во поглед на борбата против недозволената трговија со дрога за наредниот тригодишен период (2013/2015 година). Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Планот за заеднички активности, потпишан врз основа на постоечкиот Договор за соработка во областа на недозволената трговија со дрога меѓу македонското…

повеќе...

Приведен првоосомничениот во врска со случајот со „фабриката“ за марихуана во Драчево

Вчера (02.06.) припадниците на Единицата „алфа“ го лоцираа и приведоа А.Г. (32) од Скопје кој беше баран по наредба на Основен суд Скопје 1- Скопје. Лицето беше приведено во ресторанот „Панорама“ во село Волково во 01:00 часот а потоа е прадеден во ПС Кисела Вода. Инаку, А.Г. е првоосомничен во случајот со т.н. мини фабрика за производство на марихуана откриена во магацински простор во скопската населба Драчево во декември 2011 година. Како што МВР тогаш ја информираше јавноста во магацинскиот простор беа откриени 1000 садници канабис сатива, односно марихуана, распоредени…

повеќе...

Кривична пријава против охриѓанец за напад врз службено лице

Секторот за внатрешни работи Охрид, против А.В.(32) од Охрид поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Пријавениот, на 18-ти овој месец, во болничка соба во болницата „Св.Еразмо“ упатил навредливи и заканителни зборови кон неколку полициски службеници по што се обидел да избега од собата кон ходникот. Во тој обид за бегство и скокање преку оградата од скалите тој бил спречен од тројца полициски службеници и бил доведен во друга болничка соба. Тука пријавениот А.В. превртел дел…

повеќе...

На Ќафасан запленети 12 килограми марихуана

Царинските службеници на граничниот премин Ќафасан спречија обид за влез на 12 кг марихуана. Вчера (10.05.2013 год.) околу 16:00 часот, за влез во државата се пријави автомобил Алфа Ромео со италијански регистарски таблички, управувано од италијански државјанин со иницијали Р.Н. (45) кој патувал заедно со уште еден италијански државјанин со иницијали В.М. (32). На прашање на царинскиот службеник дали имаат нешто да пријават за царинење, лицата одговориле негативно додавајќи дека одат на одмор во Македонија, а потоа и во Бугарија. Царинскиот службеник одлучил да изврши рутинска контрола и во моментот…

повеќе...

„Таа беше посебна“ синоќа се одигра пред охриѓани

„Таа беше посебна“ е насловот на театарската претстава што синоќа во Центарот за култура во Охрид ја одиграа ученици од неколку битолски основни и средни училишта. Драмската претстава е проект на оделението за превенција од Секторот за внатрешни работи Битола во соработка со мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, што треба да придонесе за зголемување на свеста кај младата популација за опасностите од смртоносното зло на денешнината. „Таа беше посебна“ е  интересна, едукативна и корисна претстава за младите но и за родителите во делот на истакнување на нивната улога и…

повеќе...

Спречен обид за шверц на половина килограм чист хероин

Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Одделот за недозволена трговија со дрога во содејство со Царинската Управа на Р. Македонија реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога –  хероин, наменет за домашниот нарко пазар  при што запленети се околу 500 грама  хероин, со  што е пресечен меѓународен канал за недозволена трговија  со хероин на релација од Р.Турција до Р.Македонија. Денес (15.04.2013) по претходно добиено сознание за можен транспорт на хероин во раните утрински часови околу 03:30 часот на граничен премин „Богородица“, на влез од Р. Македонија…

повеќе...

Кривична пријава за 24 годишен охриѓанец фатен со 3 килограми марихуана

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето Џ.И. (24) од Охрид поднесе кривична пријава. На 28-ми овој месец, околу 11 часот, кај пријавениот се пронајдени околу три килограми опојна дрога Марихуана запакована во три најлонски опаковки облепени со селотејп трака. Пријавениот Џ.И. две опаковки сокрил во две помали вреќи а третата опаковка ја завиткал во пешкир. Потоа, трите опаковки ги завиткал со платно и ги сместил во црвена…

повеќе...

Спречен обид за транспорт на дрога од Македонија во Австрија

Еден килограм и 700 грама опојна дрога Марихуана, се пронајдени и одземени при полициска акција извршена вчера околу 16 чaсот и 30 минути на магистралниот пат Охрид-Струга. Акцијата, синхронизирано и координирано ја изведоа полициски инспектори од СВР Охрид и полициската станица во Струга со што успешно беше спречен обид за транспорт на дрогата од Македонија во Австрија. Марихуаната е пронајдена кај лицето Б.Б. (19) од струшкото село Богојци залепена околу неговото тело во 8 засебни опаковки со различна тежина. Со намера марихуаната да ја предаде на лице во Виена, сега…

повеќе...