Среќен ден за првачињата во ПОУ „Св.Наум Охридски“ во Елшани

Денес во подрачното училиште „Св.Наум Охридски“ во с.Елшани, беше особено значаен и интересен ден за најмалите ученици – првачињата. Имено на иницијатива на наставничката по германски јазик Ивана Маховска Шикалеска, со несебична поддршка од „ЛК Лихнидос“, останатите Лајонс клубови и хумани граѓани и организации, како и од страна на црквата Св.Пророк Илија и црковниот одбор во с.Елшани, на учениците им беа подарени училишни ранци и потребниот училишен прибор за претстојната учебна година. Ранчињата на првачињата им ги подели отец Атанас Казанџиски, кој воедно им посака многу здравје и успех во…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ќе посети неколку месни заедници

Во недела (13.11.2016), градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со стручните служби од општина Охрид и директорите на јавните претпријатија ќе остварат средба со неколку месни заедници. Предвидено е средбите да започнат во 11 часот во Љубаништа, понатака во 12 часот Трпејца, 13 часот Пештани, 14 часот Елшани, 15 часот Коњско и 16 часот Рача. Средбите се отворени за сите жители од овие населени места и ќе се одвиваат во центарот на месните заедници.

повеќе...

Трето издание на „Илинденска вечер во Елшани“

Во охридското село Елшани, утре на 2ри август ќе се одржи третото издание на културно-забавната манифестација „Илинденска вечер во Елшани“. За оваа година, предвиден е настап на културно-уметничкото друштво „Филиграни“ од Охрид и пејачот Спасен Силјаноски од Кичево. „Со организацијата на вакви настани сакаме да ја збогатиме културната и туристичката понуда на Елшани, а истовремено да ги промовираме неговите посебни вредности пред гостите од Македонија и од целиот свет, “- велат од Месната заедница на Елшани. Во чест на верскиот празник Свети Илија ќе се служи и света божествена литургија, со…

повеќе...

Младиот охридски музичар Христијан со нова печалбарска песна

Mладиот и талентиран охриѓанец Христијан Стојоски сними нова песна „Душа се кине не оди сине“. Христијан минатата година ја промовира неговата прва љубовна песна „Ќе ја грабнам ако морам“. Пред неколку дена ја сними и втората, која е печалбарска песна, каде што музиката и аранжманот се негови, а текстот на Ангела Стрезоска. Христијан исто така е член на групата Елшански мерак Јуниор. Честитки и понатамошни успеси! WebOhrid

повеќе...

Показна вежба за спасување во планински предел во Елшани

Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид, денес изведе показна вежба за спасување во планински предел во село Елшани. Овој настан беше во координација со акцијата за чистење организиран од Go Green, Грашница, Ајде Македонија, а поддржан од ИМЕ програмата.

повеќе...

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ расчистуваа во Св.Стефан, Горица 3, Елшани и Пештани

Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ денес го расчистуваа просторот во близина на плажата „Горица 3“, паркинг просторот и пристапните патеки. „Од паркингот и од тревниот дел околу пристапните патеки се расчисти расфрланиот комунален отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа, најлон кеси и др.)“- информираат од претпријатието. Исто така расчистен е просторот во населбата Сфети Стефан, тревниот дел на потегот опфатен со магистралниот пат Охрид – Св.Наум и крајбрежните објекти во оваа населба. Овие активности се реализираа по налог на општинскиот инспекторат. „По силното невреме кое го зафати источниот…

повеќе...

По втор пат Илинденска вечер во Елшани

По повод верско-националниот празник Илинден, утре во Елшани по втор пат ќе се одржи културно-забавната манифестација „Илинденска вечер во Елшани“. Годинава ќе настапат битолската музичка група „Мелос бенд“, младиот шармантен Христијан Стојоски, Културно уметничкото друштво „Филиграни“ од Охрид, како и фолк пејачката, Елена Јовческа од Прилеп. Почетокот на манифестацијата е од 20 часот, а посетителите ќе можат да се забавауваат се до раните утрински часови. „Повелете на добра празнична забава. За многу години празникот Илинден“! – велат елшанци. WebOhrid

повеќе...

Христијан Стојоски – најдобар дебитант на годината на „КанеоФест“

Најмладиот шармантен и талентиран охриѓанец Христијан Стојоски оваа година за прв пат настапи на Охридскиот фестивал „КанеоФест“ со негова нова композиција „Ќе ја грабнам, ако морам“, каде тој е автор на текстот, музиката и аранжманот. Младиот Христијан ги освои срцата на публиката на летната сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“, а ја доби првата награда за најдобар дебитант на годината. Честитки и понатамошни успеси! WebOhrid

повеќе...

Груевски: Стартува Законот за отпис на долгови од придонеси за социјално осигурување

Во сабота стартува Законот за отпис на каматите за долгови од придонеси за социјално осигурување, најави премиерот Никола Груевски при посетата на охридско-струшкиот регион. Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски појасни дека сите компании кои имаат заостанати долгови од придонеси, ќе може да ги платат без да ја плаќаат каматата. „За оние фирми чии што долгови се од периодот до 2008 година ослободувањето ќе биде 100 отсто, додека за оние што имаат насобрани камати од 2009 до 2014 година, ослободувањето ќе биде 70 проценти. Плаќањето може да биде на 36 рати.…

повеќе...

Груевски: Се размислува покрај едногодишниот да се воведе едномесечен зелен картон

Владата подготвува одредени промени во постоечката законска регулатива во однос на зелените картони. Имено во овој момент, зелените картони секој може да ги добие за една година, не може за пократко и тие за возила до 66 коњи чинат околу 60 евра, а над 66 коњи чинат 90 евра, изјави премиерот Никола Груевски, при посетата во Охридко-струшкиот регион. „Сега се размислува покрај едногодишниот да се воведе едномесечен зелен картон за оние што сакаат таа опција да ја одберат. За оние што поретко патуваат, на оние што им треба само за годишен…

повеќе...