Во периодот од 15-18 септември 2014 година делегација од Македонија предводена од Директорот на Институтот за јавно здравје, Асс. Др. Шабан Мемети како Национално контакт лице, присуствуваше на состанок на MediPIET (Медитеранска програма за интервентна епидемиологија) кој се одржа во Тунис. MediPIET е проект поддржан од Европска Унија, a под научно водство на ЕЦДЦ (Европски центар за контрола и превенција на болести) и Шпанскиот Институт за Здравје Карлос III. Во проектот се вклучени повеќе од 25 земји од Медитеранскиот регион и дел од земјите од Црноморскиот регион. Целта на MediPIET…
повеќе...Tag: еу
Попоски: Поголем ангажман од клучните членки на НАТО и ЕУ за решавање на името
Без политичка мотивираност од страна на Атина и конкретен ангажман од поголемите земји членки на НАТО и ЕУ, не може да очекуваме какво било поместување во спорот за името, оценува министерот за надворешни работи Никола Попоски. „Најголем ограничувачки фактор во моментов е што нема речиси никаков политички мотив во Грција сериозно да се седне и да се бара решение по однос на ова прашање. Причините се очигледни, бидејќи политичкиот фокус е на домашната сцена и предизвиците со кои се соочуваат, особено во делот на спречување на кризата во еврозоната ја…
повеќе...Претседателот Иванов се сретна со амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ и претставникот на НАТО
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги прими Н.Е. г. Пол Волерс, амбасадор на Соединетите Американски Држави, Н.Е. г. Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската унија, Н.Е. Мариан Берц, заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ и претставникот на Канцеларијата за врски на НАТО, потполковник Маријан Ивануша. На средбата беа разменети мислења и информации околу состојбите и очекувањата во врска со членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО, добрососедските односи и регионалните прашања, како и за актуелните внатрешно политички случувања во државата. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија високо го…
повеќе...Потпишан Договорот за учество на Република Македонија во програмата „Креативна Европа”
Амбасадорот во Мисијата на Република Македонија при Европската Унија, д-р Андреј Лепавцов, во името на Република Македонија и г. Јан Трушчински, генерален директор во Генералниот директорат за образование и култура на Европската комисија, во името на Европската Унија, денеска во Брисел го потпишаа Договорот за учество на Република Македонија во програмата на Европската Унија „Креативна Европа”, наменета за културните и креативните сектори. Со потпишувањето на Договорот, Република Македонија стана официјален учесник во потпрограмата „Култура на Креативна Европа“, а македонските културни оператори се полноправни корисници на програмата. Поддржаните 58 проекти од…
повеќе...Продолжување на процесот на придружување на земјите-кандидати во ЕУ важен процес за земјите од Западен Балкан
Во рамките на италијанското претседателство со Европската унија, претседателот на Комисијата за европски прашања, ЕрмираМехмети, учествуваше на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ- КОСАК, што се одржува во Рим, Италија. На конференцијата, која ја отвори претседателот на италијанскиот Сенат, г. Пиетро Грасо, за претстојните приоритети на италијанското претседавање со ЕУ, говореа потпретседателот на Европската комисија г. Марош Шевчовиќ, и г. Сандро Гоци потсекретар во Владата на Република Италија, задолжен за европски прашања. Двајцата воведничари ги потенцираа италијанските приоритети за време на ова претседателство со…
повеќе...Претставена културната програма за италијанското претседателство со ЕУ
Министерството за култура до крајот на годината ќе биде покровител на неколку настани што се организираат во соработка со Италијанската амбасада во Македонија. Со тоа ќе се одбележи претседателството на Италија со Европската унија. На денешната прес-конференција министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, италијанскиот амбасадор Ернесто Масимино Белели и директорот на Агенцијата за филм Дарко Баески ја претставија посебно конципираната програма. Дел од програмата е изложбата „Фарнезина 50-ти години“, колекција во сопственост на италијанското Министерство за надворешни работи, преку која македонската јавност ќе се запознае со делата на најпознатите сликари од…
повеќе...Делегација на Европската Унија на Република Македонија во посета на Царинската управа
Денес, во посета на Царинска управа беше Делегација на Европската унија во Република Македонија, предводена од шефот на операции Мартин Клауке. Целта на посетата беше согледување на напредокот во реализацијата на проектoт Интегрирана тарифна околина (ИТО) од програмата ИПА 2009. Интегрираната тарифна околина е збир на компјутерски системи што служат за размена на тарифни информации помеѓу Европската Комисија и земјите членки на Европска унија. Воведувањето на ИТО е во согласност со целта на Царинската управа за зајакнување на оперативниот капацитет и обезбедување на целосна компатибилност и интероперабилност на царинскиот ИТ…
повеќе...Потпишан Меѓународниот договор помеѓу РМ и ЕУ за учество во Рамковната програма за истражување и иновации – „Хоризонт 2020“
Денеска во Генералниот директорат за истражување и иновации на Европската Комисија, министерот за образование и наука, м-р Абдилаќим Адеми во име на Владата на Република Македонија го потпиша Меѓународниот договор помеѓу Република Македонија и Европската унија за учество во Рамковната програма за истражување и иновации – “Хоризонт 2020“. Програмата претставува финансиски инструмент на Европската Унија за поддршка на истражувањето и иновациите, со цел креирање на нови работни места, економски раст и конкурентност на Европа. „Договорот што го потпишуваме за нашата научно-истражувачка и бизнис заедница ќе обезбеди можност за поблиска соработка…
повеќе...Македонија подобра од многу земји од ЕУ според економските слободи
Фондацијата “Херитиџ” оваа година меѓу 180 земји според економските слободи ја рангираше Македонија на високото 43. место. Преку измерените 10 индекси во четири области нашата држава се најде на лидерска позиција во Југоисточна Европа и пред дваесетина европски земји. Премиерот Никола Груевски истакна дека напорите што Македонија ги правеше во минатиот период се валоризираат во извештајот затоа што земјава прави сериозен скок од 2006-та до сега за цели 35 места на ранг-листата за слобода на економијата. „Македонија е пласирана на 43-тото место, што е подобро од било која земја во…
повеќе...Попоски: Подготвени сме за преговори со ЕУ и за членство во НАТО
Министерот за надворешни работи Никола Попоски ја реафирмираше подготвеноста на Република Македонија за отпочнување на преговорите за пристапување во ЕУ и за членство во НАТО на денешниот брифинг со амбасадорите на земјите членки на Унијата и на Северноатлантската алијанса како дел од редовните средби за размена на мислења за актуелни теми од заеднички интерес. Владата, според Попоски, посветено продолжува да работи на реформите во правосудството и борбата против корупцијата, соопшти МНР. Воедно, се додава, дека беше нагласен напредокот со градењето на систем на следливост за ефикасноста во правосудството. За почитувањето…
повеќе...