Препораки за унапредување на меѓуминистерската организација, координацијата и управувањето со ИПА фондовите и подготовка на националната верзија на правото на ЕУ, се дел од резултатите на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција“. Спроведен е од Секретаријатот за европски прашања и конзорциумот од три земји членки на ЕУ – Германија, Полска и Хрватска, а во него беа вклучени и експерти од Бугарија. На денешната конференција по повод затворањето на твининг проектот се обрати вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми, кој истакна дека…
повеќе...Tag: хрватска
Министерот Адеми учествуваше на Регионалната министерска конференција во Сплит, Република Хрватска
Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денес имаше свое обраќање на Регионалната министерска конференција која се одржува во Сплит, Република Хрватска, на која беше потпишан Договор за основање на Центарот за истражување и иновации на Западен Балкан – WISE. „Би сакал да истакнам дека Министерството за образование и наука на Република Македонија особено го цени основањето на Центарот за истражување и иновации на Западен Балкан – WISE. Цениме дека овој Центар е од особено значење за јакнење на поддршката на земјите од Западен Балкан во областа на истражувањето,…
повеќе...Репортажа за Охрид во „Croatian Traveller“
Репортажа за Охрид со наслов „Безвременска љубов, езеро и луѓе“ е објавена на пет страници во престижното хрватско списание „Croatian Traveller“. Покрај репортажата во истиот број е објавено и интервјуто на градоначалникот Никола Бакрачески, кој специјално го даде за ова хрватско списание. Ваквите промоции на Охрид во странските медиуми, се реализираат според претходно подготвената програма за развој и унапредување на туризмот која ја изготви Секторот за туризам и локален економски развој. Целта на ваквите промоции е истакнување на целокупната туристичка понуда која ја нуди градот, но и Охрид како дел од…
повеќе...Претседателот Иванов во посета на Република Хрватска
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, Маја Иванова, од денес ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Хрватска. Претседателот Иванов во Загреб ќе оствари средби со претседателот на Република Хрватска, г-ѓа Колинда Грабар-Китаровиќ, и со претседателот на хрватскиот Сабор Јосип Леко. Македонскиот претседател ќе ја посети Општина Ѓаково, каде што ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница и ќе присуствува на културно – уметничка програма на македонското КУД „Браќа Миладиновци” од Хрватска. Во делегацијата, што ќе го придружува претседателот Иванов за време на…
повеќе...ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на Денот на Европа
Покрај другите училишта во општина Охрид и ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на Денот на Европа. Училиштето ја претставуваше Хрватска, а вредните ученици покрај материјалите кои ги изработија се претставија со закуска во која можеа да уживаат посетителите. „Во прекрасна атмосфера и добра организација покрај настапот на нашите хористи и дел од оркестарот, учениците кои беа на штандот со насмевки го споделуваа наученото за оваа држава.“– велат од училиштето.
повеќе...Хрватска делегација во посета на општина Охрид
Делегација на Дирекцијата за стоковни резерви на Република Хрватска , предводена од директорот и помошник министер Иво Милатиќ, денеска имаше средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев. На средбата беа разменети искуства во врска со структурата на стоковните резерви и задолжителните резерви нафта и нафтени деривати на ниво на општини, поради поефикасно делување и евентуално помагање во случај на катастрофи или елементарни непогоди. Гостите од Република Хрватска се интересираа и за состојбите во туризмотот и предложија да се иницира поблиска соработка меѓу туристичките работници од двете држави.
повеќе...Грст награди и признанија за охридските Бреинобреин генијалци
На првиот БРЕИНОБРЕИН-АБАКУС натпревар во Хрватска, кој на 7-ми март се одржа во Загреб, впечатлив настап имаа децата од Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид. Десет охридски генијалчиња од завршните нивоа на Бреинобреин програмата, стекнатите мултитаскинг вештини успешно ги презентираа пред своите соученици од Хрватска, кои ги следат почетните нивоа од интернационалната Бреинобреин програма. Со воодушевување беа поздравени од бројната публика децата од Охрид кои истовремено пресметуваат повеќе суми и пеат, танцуваат, прават оригами и сл., а од страна на Мастер франшизерот на БРЕИНОБРЕИН програмата за Европа, Бреинобреин-Црвен крст Охрид центарот беше…
повеќе...Претседателот Иванов се сретна со Министерот за наука, образование и спорт на Република Хрватска, Ведран Морнар
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими Ведран Морнар, Министер за наука, образование и спорт на Република Хрватска. На средбата беше разговарано за билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска во сферата на образованието, науката и спортот. „Особено сум задоволен што одличните политички односи меѓу двете држави се рефлектираат со конкретна соработка во останатите области како што е образованието”, истакна претседателот Иванов на средбата. Двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка меѓу Република Македонија и Република Хрватска во образовниот систем, и изразија очекување со склучувањето на…
повеќе...Нова тригодишна програма за соработка во образованието и науката меѓу Македонија и Хрватска
Македонија и Хрватска ја продолжуваат соработката во образованието и науката која континуирано трае од 1995 кога беше потпишан првиот билатерален договор во оваа област меѓу двете земји. Министрите Абдилаќим Адеми и Ведран Морнар денеска во Скопје потпишаа нова тригодишна програма за соработка во образование, наука и технологија, за периодот 2015-2018 година. Адеми изјави дека на средбата констатирале исти предизвици со кои се соочуваат образовните системи и во Македонија и во Хрватска и затоа, рече тој, соработката ќе опфати размена на искуства во сите нивоа на образование. Во областа на науката,…
повеќе...Премиерот Груевски се сретна со хрватскиот министер за одбрана Котромановиќ
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денес оствари средба со министерот за одбрана на Република Хрватска, г-дин Анте Котромановиќ. На средбата беа поздравени одличните односи помеѓу двете земји, кои се развиваат во духот на пријателството, соработката и меѓусебното почитување. Соговорниците разменија мислења на повеќе теми од различни области кои се од интерес за понатамошно унапредување на односите, акцентирајќи ја соработката на проекти во полето на одбраната. Премиерот Груевски ги истакна реформите и мерките кои се преземаат за унапредување на стандардите од полето на одбраната. Тој истакна дека членството…
повеќе...