Голем успех на охридски основци на Државниот натпревар по англиски јазик

Ученикот Борче Исакоски V одделение од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид под менторство на наставничката Јулија Ристевска и ученичката Емилија Николовска V одделение од ОУ „Григор Прличев“, под менторство на наставничката по англиски јазик Марина Колеска Наумова на Државниот натпревар по англиски јазик го освои првото место со максимални 100 поени и се здоби со можност да конкурира за парична награда од МОН. „Ова е голем успех за нашите училишта, но и за Општина Охрид“- изјавија од училиштата. Инаку натпреварот се одржа на 7ми мај во ОУ „Лазо Ангелоски“ -Скопје.

повеќе...

Ученичка од ОУ „Григор Прличев“ освои прво место на Државниот напревар по англиски јазик

Ученичката Емилија Николовска V 1 одделение од ОУ „Григор Прличев“, под менторство на наставничката по англиски јазик Марина Колеска Наумова, го освои I место на Државниот напревар по англиски јазик. Натпреварот се одржа на 7ми мај во ОУ „Лазо Ангелоски“ -Скопје.

повеќе...

Успех на охридските гимназијалци на Општинскиот и Регионалниот натпревар по англиски јазик

На 16ти април на одржаниот општински и регионален натпревар по англиски јазик учениците од ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид ги освоија првите три места и тоа: Христијан Петровски – второ место на општински и прво на регионален, Владо Војдановски – прво место на општински и второ место на регионален, под менторство на Ленче Ристевска, и Анастасија Андрееска – трето место под менторство на проф. Ана Топенчарова Коваческа. Со ова тројцата уценици се пласираа на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Скопје на 7ми мај годинава.

повеќе...

Oхридската гимназија – домаќин на HIPPO натпреварот

На 5ти март годинава Охридската Гимназија „Св.Климент Охридски“ беше домаќин на прелиминарната рунда натпревари HIPPO, организиран од страна на Global Input & Global Hippo Association. „HIPPO е натпревар по знаење на англиски јазик во различни категории според возраста на учесниците, а годинава од Гимназијата учествуваа триесетина талентирани ученици.“- велат од училиштето. Најдобро рангираните ќе го продолжат натпреварувањето на 2ри април во Скопје, а финалниот натпревар ќе се одржи на 14ти и 15ти мај во Лидо ди Јесоло, Италија. „Охридската гимназија веќе била финалист на ова престижно натпреварување пред две години, кога…

повеќе...

Трето место за ученик од ОУ „Братство Единство“ на регионален натпревар по германски јазик

Ученикот Ригон Хиса од ОУ „Братство Единство“- Охрид, под менторство на наставничката Ајнет Пашо освои трето место на регионалниот натпревар по германски јазик. Регионалниот натпревар по германски јазик се одржа на 27-ми февруари во ОУ „Исмаил Ќемали“ – Гостивар. Ученикот Ригон Хиса се стекна со право за учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 12-ти март во Скопје.

повеќе...

Операта за деца „Клинг-Кланг“ за прв пат и на албански јазик

Во Министерството за култура денеска се одржа прес-конференција на која државниот секретар Бехиџудин Шехапи и директорот на Македонската опера и балет Игор Дурловски го промовираа проектот за деца насловен „Клинг-Кланг“, кој в понеделник за прв пат ќе се изведе на албански јазик на сцената на Македонската опера и балет. Станува збор за музичка авантура за деца која, како серијал за запознавање на најмладата популација со музиката, на сцената ја постави гостинката од Австрија, Урсула Хорнер. „Тоа што е особено важно за оваа претстава е активното учество на децата во неа.…

повеќе...

Бесплатни обуки за 2.000 млади за компјутери и странски јазици

Сите невработени млади до 29 години кои имаат завршено минимум средно образование од денеска ќе можат да аплицираат на огласот за обуки за странски јазици и компјутерски вештини за 2.000 лица, што ги овозможува државата преку Агенцијата за вработување на Република Македонија. Огласот за обуките е отворен денеска и ќе трае до исполнувањето на квотите. За реализација на обуките државата има обезбедено 12 милиони и 400 илјади денари. Огласот предвидува обука за странски јазици за 1.000 невработени млади лица до 29 години и обука за компјутерски вештини за 1.000 лица.…

повеќе...

Уписи за пролетниот циклус „Час за приказни на англиски јазик“

Црвен крст Охрид објавува уписи на деца за новиот пролетен циклус од едукативната програма Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4-7 години. Волонтерите предавачи – професори по англиски јазик од Црвен крст Охрид во периодот од три месеци од 18 февруари до крај на мај 2016-та година, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и животни вештини и пред се, со користење на англиска литература наменета за деца од англиската библиотека на Црвен крст Охрид, ќe го надградуваат и зајакнуваат знаењетo на англискиот…

повеќе...

Бесплатни курсеви по англиски и италијански јазик во „Св. Богородица“ – Каменско

Црквата „Света Богородица“ – Каменско Охрид, во рамките на своите парохиски активности организира бесплатни курсеви по англиски и италијански јазик. Часовите по англиски јазик ќе се одржуваат во четврток со почеток во 18 часот, а часовите по италијански јазик ќе се одржуваат во вторник со почеток во 18 часот. Курсевите започнуваат од 1-ви септември, а ќе се одржуваат во просториите на црквата. Сите заинтересирани можат да се пријават во црквата или на телефон 046 267 832 или на 078 330 394.

повеќе...

MOTORWEY – македонски автопат

Туристи добредојдовте! Ние знаеме многу странски јазици. Да да, знаеме и англиски! Знаеме и да читаме и да пишуваме, но тоа не го гарантираме и за оние кои ги прават сообраќајните знаци. MOTORWEY – тоа е еден нов збор кој ќе биде во центарот на вниманието на сите оние странски туристи кои возејќи ќе поминат покрај автопатот Кичево-Охрид кој е во фаза на изградба. Грешката не е фатална, поентата се сфаќа, но… важен е впечатокот на прв поглед, зарем не!?! WebOhrid

повеќе...