Утре ќе биде промовирана антологијата на балканската поезија „Светиот пат“ од Раде Силјан

Во рамките на програмските активности на меѓународниот Семинар за македонски јазик и литература, во Охрид на утре во 18 часот ќе биде промовирана антологијата на балканската поезија „Светиот пат“, што ја подготви македонскиот поет и литературен критичар Раде Силјан. Во ова дело се застапени двесте и шест поети од дванаесетте балкански држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска, Турција и Црна Гора. Изданието ќе го промовира проф. д-р Кристина Николовска, а стихови ќе читаат познати македонисти од балканските држави, учесници на меѓународниот Семинар за македонси…

повеќе...

Лајонс клубот „Охрид“ организира работилница за наставниците по англиски јазик

Во рамките на активностите на Лајонс клубот „ Охрид“ , денеска , за наставниците по англиски јазик во основните училишта, се одржа работилница , која е дел од проектот за „е- тестирање како помош при проверка на знаењето и реално оценување на учениците по овој предмет“. На работилницата, за тестирањето во насока на поефективната проверка на знаењето и користењето на веб- страницата www.angliski.mk која претставува генератор на е- тестови по училишната програма за англиски јазик, зборуваше членот на Лајонс клубот „ Охрид“ м-р Ангел Јанев од Образовниот центар „ ПИСИ“…

повеќе...

Во четврток започнува новиот циклус од програмата „Детски час за приказни“

Новиот тримесечен циклус од едукативната програма „Детски час за приказни“ (Children Story Hour) која веќе шеста година Црвен крст Охрид ја спроведува во соработка со Американскиот Мировен Корпус, започнува на 26-ти февруари (четврток). Покрај, креативните, забавно-едукативни содржини наменети за децата од 4-8 годишна возраст, овој циклус ќе изобилува и со корисни содржини за родителите, кои во времето додека нивното дете е на Детскиот час за приказни, тие ќе имаат можност, да учествуваат на советодавните работилници, за корисни теми поврзани со психофизичкиот развој, здравствените навики, социјализацијата на своите деца.  За тоа ќе…

повеќе...

Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, ОУТУ „Ванчо Питошески“, вчера и денес организира низа активности. Во рамки на одбележувањето се одржа трибина на тема: „Да го чуваме, негуваме и сакаме мајчиниот јазик“, беше прикажан документарниот филм за кирилицата и словенската писменост во Македонија: „Кирилицата по врвицата на словенската писмена традиција во Македонија“, а се одржа и поетско читање. Настанот кој го организира Средношколската младинска организација, го отвори директорката на училиштето, Весела Темјаноска, а модератори на трибината и презентери на филмот беа професорите по македонски јазик и…

повеќе...

Започнува нов пролетен циклус од едукативната програма – Час за приказни на англиски јазик

Во организација на Црвен крст Охрид, а со поддршка на волонтерите на Мировен корпус Македонија, започнува нов пролетен циклус од едукативната програма Children’s Story Hour – Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години. Волонтерите-предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот мировен корпус, во текот на наредните месеци, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и вежби и пред се, користење на англиска литература за деца, ќе ги надградуваат и зајакнуваат знаењето на англискиот јазик и ќе поттикнуваат и развиваат нови креативни вештини,…

повеќе...

Груевски: Турскиот јазик и култура се меѓу најзначајните во Македонија

Турскиот јазик и култура се меѓу најзначајните во Македонија, а пријателството со Турција ќе продолжи и во иднина, им порача премиерот Никола Груевски на претставниците на турската заедница кои вечерва го одбележаа Денот на наставата на турски јазик во Македонија. На свеченоста, на која присуствуваше и неговиот турски колега Ахмет Давитоглу, премиерот Груевски истакна дека негувањето на јазичната посебност останува едно од најзначајните белези на македонското мултикултурно општество. Според него, прославите на турската заедница во Македонија претставуваат јасен доказ за тоа како се негува и чува искреното и традиционално пријателство…

повеќе...

Антологиски избори од македонската литература преведени на шест јазици

Проектот „135 тома македонска книжевност“ кој интегрално беше преведен на англиски јазик, сублимирано ќе биде достапен на уште шест јазици, во антологиски избори во издание на НУБ „Св. Климент Охридски“. Едицијата ќе има вкупно 48 книги-антологии (за македонската поезија, расказ и драма, избор од македонската литература за деца и од македонската критика и есеистика и двотомен преглед на македонскиот роман) на француски, германски, шпански, руски, кинески и на арапски јазик. Министерството за култура денеска ги промовираше првите десет изданија (антологии) од проектот кој е именуван „Превод на дела од македонската…

повеќе...

Познати добитниците на бесплатните часови по англиски, германски јазик и информатика

Познати добитниците на бесплатни курсеви по англиски, германски јазик и информатика за невработени лица и студенти од Општина Охрид, по конкурсот кој го распиша градоначалникот Никола Бакрачески. Добитниците на бесплатните курсеви се повикуваат во рок од три работни дена, почнувајќи од утре (петок) 12.12.2014 год., да дојдат во просториите на Одделението за образование при општина Охрид, за да потпишат договор. РАНГ – ЛИСТА НА ДОБИТНИЦИ ЗА БЕСПЛАТЕН КУРС ПО АНГЛЕСКИ, ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И ИНФОРМАТИКА

повеќе...

Одбележан денот на полскиот јазик и полската култура

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска, во просториите на ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, присуствуваше и им се обрати на присутните на свечениот настан по повод одбележувањето на педесет и пет години од полонистиката во Македонија. Заменик министерот Ристовски го истакна значењето на повеќе децениската размена на искуства, позитивни пракси и поддршка во областа на образованието меѓу двете земји, која минатата година беше засилена со потпишувањето на Спогодба меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерот за наука и високо…

повеќе...

Бесплатни курсеви по англиски, германски јазик и информатика за студенти и невработени лица

БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО АНГЛИСКИ , ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И ИНФОРМАТИКА ЗА СТУДЕНТИ И НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА Во рамки на Стратегијата за помош на социјално ранливите категории граѓани , што во континуитет се реализира веќе 18 месеци, Општина Охрид периодов спроведува два крупни социјални проекти кои се однесуваат на ранливите категории луѓе. Едниот проект се однесува на бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика а вториот проект се однесува на субвенционирање на дел од трошоците за комуналните услуги. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска на прес конференција ги обелодени деталите за двата…

повеќе...