Нашите сограѓани се надминаа себеси. Солилото од сирењето завршува во канализација, и тоа во атмосферска! Не пречат ниту автомобилите, а доколку се најдат паркирани над атмосферските шахти, тогаш солило ќе тече и врз нив. Во овој случај, покрај напријатната миризба и неубавата глетка, солилото кое завршило во атмосферската канализација, буквално течело по автомобилот. WebOhrid
повеќе...Tag: канализација
Нивелирани шахтите на улицата „АСНОМ“
Денес беше извршено нивелирање на шахтите на улицата „АСНОМ“ во Охрид. Повеќе улици низ Охрид имаат потреба од нивелирање на шахтите, но и крпење и асфалтирање на ударни дупки и прекопи. По претходно направена проценка, надлежните најпрво ќе санираат онаму каде што е најпотребно. WebOhrid
повеќе...Владата досега изгради 383 водоводи и канализациски системи
Владата досега изгради вкупно 383 водоводи и канализациски мрежи низ целата држава, во вредност од 38 милиони евра. Владата ги решава најгорливите проблеми на граѓаните и инвестира во градење водоводи и канализации. Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски, одговорајќи на новинарски прашања во општина Илинден, каде изврши увид во градежните активности на новата амбуланта во населеното место Миладиновци и го посети основното училиште „Браќа Миладиновци“, каде е во тек реконструкција. „Во моментов се градат 23 нови водоводи и канализации, во вредност од 11 милиони евра. За две години планираме…
повеќе...Атмосферска канализација на улицата „Питу Гули“
Јавното претпријатие „Нискоградба“ изведува градежни активности на ул. „Питу Гули“ на делницата од пресекот со ул. „Марко Нестороски“ до кружниот тек на пресекот со ул. „Јане Сандански“. Во состав на активностите ќе се изработат четири премини, една собирна шахта и пет сливници за собирање на атмосферската вода. Со одделување на дождовната вода од фекалната канализација се подобрува функционалноста на колекторскиот систем, а учесниците во сообраќајот ќе можат да се движат побезбедно во периодот на врнежи.
повеќе...Се поставува атмосферска канализација на улицата „Ристо Чадо“
Деновиве екипи на фирмата „Вардар Градба“ од Скопје, по налог на Општина Охрид започнаа градежни активности за изградба на атмосферска канализациона мрежа на улицата „Ристо Чадо“. Градежните активности се изведуваат во должина од 720 метри. По поставување на атмосферската канализација улицата ќе биде комплетно реконструирана и асфалтирана од страна на екипите од фирмата „Илинден“ од Струга, со изградба на пешачки зони и тротоари. Предвидено е и поставување на сливници. Проектот е целосна инвестиција на општина Охрид. WebOhrid/А.Андриоски
повеќе...Жителите на Велмеј и Лешани се изјаснија за неопходна изградба на канализациона мрежа
Викнедов во населените места Велмеј и Лешани, градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски со стручно лице од општинската администрација одржа средба со месното население, каде што беа презентирани проектите за изградба на фекална канализација во с.Велмеј и с.Лешани со заедничка прочистителна станица во с.Грко Поле. Проектите претходно беа аплицирани во Светска Банка, од чија страна се прифатени и се во крајна фаза на одобрување. Присутните на одржаните состаноци, градоначалникот Трајкоски ги запозна со позитивните аспекти кои ќе произлезат и неопходноста за изградбата на оваа канализациона мрежа. Жителите со особен интерес го…
повеќе...ЈП „Нискоградба“ ја прочистува канализационата мрежа на неколку улици во градот
Јавното претпријатие „Нискоградба“ во рамки на своите активности покрај редовните, а поради најавите за зголемена циклонска активност проследена со обилни врнежи деновиве презема активности за контрола и прочистување-миење на цефководите на улиците „7-ми Ноември’’ и „Питу Гули’’, „Сирма Војвода’’ ул. „Богомилска’’ и Градски Пазар. Профилактиката на цефководите ќе продолжи и во наредниот период каде што ќе бидат опфатени и другите улици во градот.
повеќе...Писмо: „Писта“ од Ботун до Белчишта, а во Мешеишта!?!
Помина навистина долго време откако Општината Дебрца ни подметна „легнати полицајци“ во Мешеишта. Не се навикнавме на нив, ниту се означени ниту пак изгледаат дека се плански направени: некаде пошироки, некаде потесни, некаде повисоки, а некаде пониски… со други зборови – дива лига. Згора на тоа – урааа канализација!!! Ископани се сите можни улички низ Мешеишта. Успеавме сами да си ги санираме (барем малку) оние неасфалтираните улички, а на асфалтираните – ровови… ОПАСНО!!! Не дај боже некој што не ги знае да налета со автомобилот на нив! Без ниту еден…
повеќе...Интензивно се работи на канализациониот систем во Лескоец
Градоначалникот Бакрачески заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, денес ги посетија градежните зафати во селото Лескоец, за да се уверат како тече изградбата на канализациониот систем. Инвестицијата за изградба на канализациониот систем во должина од 7,2 километри чини 66 милиони денари. Овај проект е еден од дваесетината проекти кои се реализираат со европската инвестициона банка, значаен проект кој беше дел од програмата на градоначалникот, поддржана од Владата на Република Македонија. „Ова е доказ како локлната власт треба да соработува со Владата на Р Македонија. Ова е уште…
повеќе...ЈП „Нискоградба“ секој ден интервенира на точно седум локации
ЈП „НИКОГРАДБА“ секое утро во текот на целата година интервенира на седум локации во Охрид, каде одводниот систем користи пумпи со кои се потискаат водите од канализацијата. „Секој ден се интервенира на пумпите кај Потпеш и Канео, во Рача и во населбата Радојца Новиќиќ. Овие пумпи мора да се проверуваат секој ден за да не дојде до полнење со вода на шахтите каде се сместени или да не дојде до нивно прегорување, ако низ одводот дојдат предмети или друг комунален отпад кој поединци го фрлаат во одводот. За таа цел…
повеќе...