Општина: СДСМ и денес продолжи да и здодева на јавноста со прес-конференција на тема која е елаборирана до сега безброј пати

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати и општина Охрид, во која стои: „СДСМ Охрид и денес продолжи да и здодева на јавноста со прес конференција на тема која е елаборирана до сега безброј пати и за која е се кажано, објаснато и прецизно појаснато зошто се презедоа чекори за дисперзија на дел од админситрацијата на Локалната самоуправа во руралните средини. Знаеме дека од СДСМ Охрид мора да ја одработат агендата која им е наметната од Скопје и според која мора да се активни и…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден неуспешен обид да се вратат на политичката сцена

Во врска до денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ . Во неа се вели: „Денешната прес конференција на СДСМ е уште еден неуспешен обид да се вратат на политичката сцена. Пред истите да доживеат нов политички пораз најдобро е да се огледаат на работата на ВМРО-ДПМНЕ и да научат дека за се и сешто не треба јавно да се бламираат како што тоа по кој знае кој пат го направија и денес. Локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ со префрлањето на дел од администрацијата во општинската…

повеќе...

СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески веднаш да прекине да ги малтретира општинските работници во општина Охрид

ОО на СДСМ Охрид, денес одржа прес-конференција, на која зборуваше портпаролот на СДСМ Охрид, Александар Кузески. „Вработени во општина Охрид веќе 9 месеци незаконски, непрофесионално и сосема непотребно се преместени да работат во село Косел. Тие се приморани секој ден да патуваат од Охрид до село Косел и назад. Задолжени се да седат во објект на поранешна општина Косел, пред селото да стане дел од општина Охрид и толку. Таму нема никакви услови за работа. Ниту луѓето имаат контретни работни задачи. За патувањето до новото работно место во Косел, не им се покриени ни патни…

повеќе...

Информатијада 2014 – можност за соработка меѓу ИТ студентите од регионот

На иницијатива на Студентскиот парламент при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, од 8 до 12 октомври оваа година во Охрид, ќе се одржи Информатијада 2014, како интернационално ИТ дружење. Повеќе од 400 студенти – информатичари ќе имаат можност да присуствуваат на работилници и предавања на познати ИТ експерти од регионот, а истовремено и да се забавуваат и натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини. Министерот Ивановски ја поддржа иницијативата на ФИНКИ за организирање на Информатијадата 2014, очекувајќи таа да биде можност за демонстрирање на програмерските, но и спортските вештини на…

повеќе...

Размена на искуства и соработка за поквалитетна основна полициска обука

„Полицијата секогаш да биде во чекор со динамиката, потребите и со нормативните специфики на системот притоа имајќи секогаш соодветен одговор кон сите видови криминални закани“ истакна Земри Ќамили-заменик министер за внатрешни работи на Република Македонија, на денешното отворање на Регионалната конференција посветена на темата “Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“. Говорејќи за суштината на полициската обука, заменик министерот рече дека едукацијата на полициските службеници е еден од клучните механизми за компетентно и професионално извршување на полициските задачи и дека нашата полициска обука се темели на програми кои…

повеќе...

Прес-конференција за Информатијада 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, утре, четврток, ќе одржи заедничка прес конференција со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов, и претседателот на студентскиот парламент при ФИНКИ, Давор Поповски, посветена на претстојната Информатијада 2014 во Охрид. Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

повеќе...

Охрид од утре домаќин на регионална конференција „Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“

Од утре(17-ти септември) во Охрид, па до петок (19-ти септември), Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ќе биде домаќин на Регионалната конференција посветена на темата „Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“, на која што претставници на полициите на земјите од регионот ќе презенетираат и разменат искуства од оваа област. Предвидено е утре на конференцијата свое поздравно обраќање да има директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков.

повеќе...

Шекеринска на конференција за ЕУ и Западен Балкан

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, учествува на конференцијата „ЕУ и Западен Балкан: 2020“ што во Белград ја организираат Фондацијата ФЕС и Центарот за надворешна политика во Белград. Конференцијата ја отворија Кори Удовички, заменик премиер на Србија и Гинтер Верхојген, поранешниот комесар на ЕУ за проширување, кој го водеше процесот за приклучување кон Европската Унија на земјите од Централна и Источна Европа. Заменик претседателката Шекеринска беше говорник на темата “Западен Балкан: Перспективи и очекувања“ и ја подвлече политичката и економската цена што ја плаќа Македонија поради закочениот евроинтегративен процес. Таа…

повеќе...

Конференција посветена на 100 годишнината на Првата Светска Војна

Гледано од денешна перспектива, историјата на Првата Светска Војна ни кажува колку е важна вистинската соработката меѓу народите, кои поминале низ разни тирании и тешки периоди на заробеништво, истакна министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, на научната конференција посветена на 100 годишнината на Првата Светска Војна, организирана од страна на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. Во текот и по Првата Светска Војна, потенцираше министерот Адеми, судбината на Албанскиот и Македонскиот народ била слична, народот бил прегазен од страна на големите држави кои што своите експанзионистички цели…

повеќе...

Охрид домаќин на меѓународни конференции од областа на информатичките технологии

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, заедно со Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов и Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Иваноски присуствуваше на затворањето на 18-та меѓународна конференција ADBIS ( Advances in Database and Information Systems) и отворањето на шестата конференција за иновации ICT Innovation 2014, што деновиве се одржуваат во Охрид . Посакувајќи им успешна работа на двата еминентни собири од областа на информатичките системи, градоначалникот Бакрачески изрази задоволство што Охрид од година од година станува се попривлечно место за одржување на конгреси и семинари од светско реноме. „Охрид,…

повеќе...