Викендов во Охрид ќе се одигра завршниот турнир од Детската фудбалска лига – Југозападен регион

Регионалниот завршен турнир од ФФМ Детската фудбалска лига Југозападен регион ќе се одржи викендов (14-15 мај) на теренот со вештачка трева на СРЦ „Билјанини Извори“. Детската фудбалска лига е проект поддржан од Фудбалската федерација на Македонија, а реализиран од фудбалските школи од Охрид, Струга и Дебар во која учествуваат над 500 дечиња. Завршниот турнир од Детската фудбалска лига ќе започне в сабота во 9:00 до 12:00 часот и 15:00 до 19:30 часот со полуфиналните мечеви, додека пак финалните натпревари се закажани за во недела од 10:00 до 14:00 часот. Доделувањето…

повеќе...

Врвни спортски имиња ги тренираат учениците од Спортската академија

Со тренингот кој со учениците од ракометната паралелка на Спортската академија го одржа тренерот на РК „Вардар“ Раул Гонзалес, завршува проектот „Гости тренери“ за оваа учебна година. На тренингот присуствуваше и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој истакна дека во рамки на овој проект во изминатите два месеци со учениците работеа еминентни имиња, стручњаци, експерти и тренери во рaкомет, фудбал, кошарка и тенис, меѓу кои и светскиот ракометен стратег Лино Червар, Индира Кастратовиќ, Марин Докузовски, Тодор Гечевски и денешниот гостин Раул Гонзалес. „Праксата покажа дека е од…

повеќе...

Викендов повторно голем спортски настан во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ ги известува сите граѓани на Охрид, посетители, гости, сите љубители на ракометот и спортот дека на 13.05. (петок) и 14.05. (сабота) започнува долго очекуваниот Куп на Македонија во ракомет, Охрид 2016. Натпреварите од Купот ќе се одиграат во вечерните часови со почеток од 17:30 и тоа петок (13.05.) Металург – Вардар Јуниор и 20:00 Охрид 2013 – Вардар и сабота (14.05.) во 17:30 големото финале, кој ќе го одлучи шампионот на купот на Македонија во ракомет, за 2016 година. Натпреварите ќе се одржат во Спортската Арена Билјанини…

повеќе...

ФФМ организира семинар за тренери во женски фудбал

Фудбалската федерација на Македонја во соработка со УЕФА како дел од програмата за развој на женскиот фудбал „Free-Kick On field development“, организира дводневен тренерски семинар за тренерите во сениорските тимови во Прва женска лига, тренерите во национални женски репрезентации, како и за пријавените женски тренери за следниот УЕФА „Б“ курс. Семинарот ќе се одржи на 12 и 13 мај 2016 во „Куќа на фудбалот“ – ФФМ и на терените на центарот „Петар Милошевски“. УЕФА инструктор за овој семинар е Ана Сигнул од Шведска, долгогодишен играч во женски тимови во Шведската…

повеќе...

Охрид ќе биде домаќин на машкиот ракометен Куп на Македонија 2016

Откако неделава беа извлечени полуфиналните двојки од Завршните турнири во Купот на Македонија 2016 во машка и женска конкуренција, денеска Ракометната Федерација на Македонија ги одреди локациите каде ќе се одиграат натпреварите. Завршниот турнир во машка конкуренција ќе се игра во Охрид во салата „Билјанини Извори“, додека пак домаќин на Завршниот турнир во женска конкренција ќе биде Скопје и салата „Автокоманда“. Фајнл Фор – Куп на Македонија, мажи Распоред на натпревари, сала „Билјанини Извори“ – Охрид: Полуфинале (13 мај, петок, 17:30) Металург – Вардар Јуниор Полуфинале (13 мај, петок, 20:00)…

повеќе...

Македонија остана на 141 место на ФИФА рејтинг листата

Без промени за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа. Македонската фудбалска репрезентација и овој месец останува на 141-то рекордно најниско место за нас. Нема промени и на врвот од ФИФА рејтинг листата, каде останува водечката тројка Аргентина, Белгија и Чиле. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Лаос, со скок од +6 места се најде на 176 место, додека пак најголем пад од -14 места има репрезентацијата на Кувајт која се најде на 140 место. WebOhrid

повеќе...

Прилеп слави – Победа се враќа во Првата лига

Прилеп слави. Фудбалскиот клуб Победа се враќа во Првата македонска фудбалска лига.  Пред речиси преполниот Градски стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, со денешната победа од 1:0 над тимот на Љубанци, екипата на Победа го осигура враќањето во најсилната македонска фудбалска лига. WebOhrid

повеќе...

Охрид домаќин на квалификациски турнир од Јуниорското првенство во баскет 3х3

Велес, Охрид и Скопје во мај ќе бидат домаќини на најдобрите млади баскетџии од Македонија учесници на квалификациските турнири за пласман на завршницата од Јуниорското првенство (за играчи до 18 години) на Македонија во 3×3. Велес на 8 мај годинава ќе биде домаќин на првиот квалификациски турнир. Најдобрите две екипи од турнирот во Велес обезбедуваат пласман на завршниот турнир на осумте најдобри екипи во јуниорска конкуренција во 3×3. Организатор на вториот квалификациски турнир на 14 мај ќе биде Охрид. И од овој турнир најдобрите две екипи обезбедуваат виза за популарниот…

повеќе...

Објавен Конкурс за избор на селектор на машката ракометна репрезентација

Врз основа на одлуката на Управниот Одбор на РФМ донесена на 23.04.2016 година и врз основа на Член 27, 28 и 29 од Законот за спорт, Ракометната Федерација на Македонија распишува: КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА СЕЛЕКТОР НА МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

повеќе...

ФФМ домаќин на развоен турнир на УЕФА во женска конкуренција

Женската репрезентација на Македонија до 16 години ќе биде дел од развојниот турнир на УЕФА кој го организираме во Скопје од 23 до 27 април на тренинг центарот „Патар Милошевски“. На развојниот турнир покрај нашата кадетска репрезентација учествуваат репрезентациите на Казахстан, Украина и Луксембург. Репрезентацијата на Македонија ја предводи Тоше Нацев, а првиот натпревар го играме на 23 април (сабота) против Казахстан во 16:00 часот. За развојниот турнир на УЕФА, селекторот на Македонија до 16 години, Тоше Нацев ги повика следните фудбалерки: Македонија до 16 години (жени): Суарта Рочи (AС…

повеќе...