Пејачката Уснија Реџепова почина утрово во Белград во 69-та година од животот, јавија српските медиуми. Реџепова, со години се бореше против ракот на белите дробови. Последните неколку месеци нејзината здравствена состојба беше критична. Реџепова ќе биде погребана за неколку дена во Скопје. Уснија Реџепова родум е од Македонија, а се прослави со врањански песни.
повеќе...Tag: музика
Четкар се врати дома
Најпознатиот охридски џез-музичар Владимир Четкар се врати дома. Четкар и неговиот бенд имаа концерт на Гала вечерта „ABLE“ во организација на „Македонија 2025“ која се одржа во Колумбус, Охајо на 26 септември, каде присуствуваа премиерот Никола Груевски и поранешниот (43-от) претседател на САД, Џорџ Буш. Денес можевме да го видиме Четкар во Охрид, како се враќа од неговата турнеја во САД. И покрај тоа што Четкар долги години живее и работи во Њујорк, сепак батериите најдобро се полнат во родниот град, нели!? Добредојде Четкар! WebOhrid
повеќе...Во сабота ПХВ поетски читања на малиот плоштад кај „Мини маркет“
Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која веќе 17 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата. Секоја година покрај обуката за дисеминација 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 13 до 17 години добиваат и обука како да изработуваат мали проекти за…
повеќе...Објавена музичката програма на Вино Скоп 2015
Деветти пат по ред во Скопје од 30-ти септември до 4-ти октомври ќе се одржи фестивалот во чест на виното- Вино Скоп 2015. Покрај големата понуда на вина и деликатеси, пет дена ќе имаме можност да уживаме и во богата музичка програма. Ќе слушнеме шлагери, рок, популарна музика, филхармонија со преработки на светски хитови, реге, ирска музика, џез, блуз, руски традиционални песни, македонски хитови, фолк, етно, ска, самба, труби… За да биде што повесело на Вино Скоп ќе се погрижат: Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Сара Мејс, Миле Кузмановски, Куку Леле,…
повеќе...Во петок 27-мо издание на „Охридските староградски средби“
На 25- ти септември (петок) по 27- ми пат ќе се одржат „Охридските староградски средби“, во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. Фестивалот има за цел да ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува старите добри градски музички традиции. Фестивалот ќе започне со почеток во 19:00 часот со дефиле на ансамблите низ старата чаршија и настап на две локации: Градски плоштад и Стар чинар, а свечено ќе биде отворен во 20:00 часот. Поздравен говор ќе одржат претставник од Општина Охрид и директорката на НУ Центар…
повеќе...Вечер на чалгиска музика
Групата „Шурбевски Езгија трио“ и кларинетистот Ацо Тасески ќе оддржат концерти „Вечер на чалгиска музика“ во Охрид и Ресен. Охриѓани денес ќе имаат ретка прилика да уживаат во звуците на традиционалната чалгиска македонска музика, во Центарот за култура „ Григор Прличев“ со почеток од 18 часот по што познатиот вокално инструментален состав ќе настапи во Ресен. Концертите се реализираат со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, а имаат за цел да ја зголемат културна понуда на општините.
повеќе...Доделени 25 награди на првиот конкурс за класична музика за 2015-та
На првиот конкурсен рок за 2015 година за нарачка на дела од областа на класичната музика до Министерството за култура беа поднесени 41 апликација во 9 различни категории. Доделени се 25 награди во износ од 1.575.000 денари. Доделени се девет први награди во износ од 695 илјади денари, осум втори награди во износ од 515 илјади денари и осум трети награди во износ од 365 илјади денари. На денешната прес-конференција резултатите ги соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која посочи дека имало голем интерес за конкурсот. „Од техничката поткомисија од…
повеќе...Венгеров за крај на музичкиот дел на Охридско лето – Неверојатна изведба, невидени овации и 5 биса за брилијантниот виолинист
Музичката програма на 55-тото јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“ заврши со неверојатна изведба, невидени овации и 5 биса за брилјантниот Максим Венгеров и пијанистот Ваг Папијан. Во акустичната Света Софија Маестро Максим Венгеров, виолинистичкиот император како што го нарекува светската критика, приреди концерт за паметење кој ќе остави трага во фестивалската историја на Охридско лето. Неповторливо доживување за публиката која имаше прилика да ужива со звуците на Бах, Прокофиев, Франк, Исаи и Паганини. Според многумуна тоа беше концерт кој претставува репер за врвна виолинистичка уметничка изведба. Вистинско уживање со музицирањето на врвното…
повеќе...Промовирана монографијата „50 години ОМУ Методи Патче“
Во просториите на ОМУ „Методи Патче“ денес беше промовирана монографијата „ 50 години ОМУ Методи Патче“ – Охрид од авторите Нина Момировска и Милчо Јованоски. Промотор на монографијата беше Радмила Поповска, професорка по флејта. Поповска е една од многуте кои својата кариера ја започнале токму од ова училиште. „Авторите Нина Момировска и Милчо Јованоски се гледа дека темелно и со многу смисла и изградена концепција влегле во изработката на оваа Монографија. Од секој текст во неа извира емоција и љубов кој особено ќе ги преплави оние кои така бескрајно и чисто од срце…
повеќе...Француска вечер на Охридско лето
Уште еден концерт со врвен квалитет и реномирани уметници на Охридско Лето. Вечерва на програмата на фестивалот, ќе се одржи традициолниот концерт наречен „Француска вечер на Охридско Лето“. На овој концерт ќе настапат едни од најистакнатите и најеминентни уметници од Франција, брилијантниот кларинетист Мишел Летјек и гудачкиот Квартет Жирард. „Фестивалот Охридско Лето продолжува со реализирање на овогодинешната квалитетна, ексклузивна и атрактивна програма. „Ми претставува особено задоволство што Охридско лето и во ова 55то издание ја продолжува и традицијата за соработка со Француската амбасада и Францускиот културен центaр од Скопје, како и…
повеќе...