Прва награда за ученичка од ОУ „Христо Узунов“ на конкурсот „Есента собира семиња за цветови во сите годишни времиња“

Ученичката Кристина Цветкоска од ОУ„Христо Узунов“ Охрид ја освои првата награда на Литературниот конкурс на тема „Есента собира семиња за цветови во сите годишни времиња“. Основката доби награда во висина од 7 000 денари. Конкурсот беше организиран од Секторот за заштита на животната средина при Општина Охри,

повеќе...

Доделени признанија „Просветен работник на годината“ за учебната 2016/17

Сојузот на просветни работници на Македонија, по повод Светскиот ден на учителот 5 Октомври, вчера на свечената академија во Велес додели признанија „Просветен работник на годината“ за учебната 2016/17 година. Меѓу добитниците на признанија беше и Муамер Доко, професор по физика и математика и директор во ОУ „Братство-Единство“ Охрид, за постигнати врвни резултати во остварувањето на целите и задачите во воспитнообразовната дејност. Оваа година, темата по повод Светскиот ден на учителот беше „Учење во слобода, зајкнување на наставниците“ со посебен акцент на знаењата и вештините и надлежностите на наставниот кадар…

повеќе...

По 29ти пат одржана манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти

Вечерва во Велгошти, во близина на манастирот „Света Петка“ по 29ти пат се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во организација на МЗ Велгошти и Општина Охрид. Годинешната манифестација беше во знакот на одбележувањето на 30 годишнината од смртта на великанот, големиот македонски прозаист и драмски писател Живко Чинго. На споменикот на „Живко Чинго“ свежо цвеќе положија заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев со претставници од Советот на Општина Охрид, делегација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, претставници од семејството на Живко Чинго, претставници од МК ВМРО-ДПМНЕ…

повеќе...

Наградата „Живко Чинго“ за расказот „Во рогот на волот“ под шифра „Чадор“

Комисијата за доделување на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ, во состав проф д-р Димитар Пандев, проф. д-р Наташа Аврамоска и писателот Славе Ѓорго Димоски на состанокот одржан на 9.08.2017 година едногласно одлучи наградата „Живко Чинго“ што ја доделува Општина Охрид, да му припадне на авторот на расказот „Во рогот на волот“ испратен под шифра „Чадор“. На годинешниот конкурс вкупно пристигнаа 58 раскази, во кои доминираат традиционални книжевни теми, актуелни социјални теми и исповедни искажувања. Во најтесен избор, покрај наградениот расказ влегоа и расказите „Црешата на Цар Самуил“ под шифра…

повеќе...

Конкурс за најдобар расказ „Живко Чинго“

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот К О Н К У Р С З А Н А Ј Д О Б А Р Р А С К А З Услови за учество на Конкурсот: 1.Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија 2.Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул.„Димитар Влахов“бр.57 со назнака : ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ; 3.Авторското право…

повеќе...

Златен медал за ученичката Христина Митреска од ОУ „Христо Узунов“ на математичка олимпијада

На ден 03.06.2017 во просториите на Машински факултет – Скопје се одржа Јуниорската македонска математичка олимпијада (ЈММО) на која учествуваа најдобрите 60 ученици до 15,5 години од нашата држава (од VII, VIII, IX одд.основно и I год. средно). Ученичката Христина Митреска (IX одд.) од ОУ „Христо Узунов“ освои златен медал, ментор Виолета Китеска. Според постигањата на сите претходни натпревари по математика за основното образование како и олимпијадите од меѓународен карактер за основно и средно образование, кои се одржаа на територијата на Република Македонија во текот на оваа учебна година ученичката…

повеќе...

Поетесата Наталија Стрезовска од ОУ „Св.Климент Охридски“ повторно наградена

Наталија Стрезовска од ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид се закити со втора награда за литературна творба на конкурсот на тема „Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство“ кој беше објавен од страна на Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст – Охрид, а по повод одбележувањето на 8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст (8 -15 мај), како и чествувањето на празникот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Со својата творба под наслов „Имаме срце да го даруваме на…

повеќе...

Доделени наградите за „Најдобар млад програмер“

Агенцијата за млади и спорт во соработка со ФИНКИ и Здружениетo на информатичари на Македонија трета година по ред го реализираа проектот наречен „Најдобар млад програмер“. По тој повод денес во просториите на Агенцијата се доделија ваучерите за петте најдобри млади програмери. „Овој проект е дел од напорите на Агенцијата за млади и спорт за поттикнување и охрабрување на младите луѓе да го покажат и развиваат својот талент, но истовремено и можност да гистимулирамемладите средношколци за продолжување на своето образование на техничките науки. За успешна реализација на проектот, потпишавме Меморандум…

повеќе...

Ученичка од ОУ „Живко Чинго“ освои трета награда на Државниот натпревар по биологија

На Државниот натпревар по билогија кој се одржа во саботата на 20.05.2017 година во Природно-Математичкиот Факултет Скопје, ученичката од ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти – Ангела Маркоска од IX одделение освои III награда. Ментор на ученичката е наставничката по биологија и хемија Маја Попоска. „Упатувам честитки до ученичката за постигнатиот успех на Државниот натпревар, а секако и до менторот“ вели директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски. WebOhrid

повеќе...

Јавен повик за натпревар за најдобро видео во рамки на Националната кампања „Информирај се сега!“

Јавен повик за натпревар за најдобро видео во рамките на Националната кампања „Информирај се сега!“ Во рамките на Националната кампања „Информирај се СЕГА!“ Коалиција СЕГА со  Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) и Универзитетот Гоце Делчев, Штип организираат Натпревар за најдобро видео кое најдобро ќе ги прикаже перфомансите на мобилната апликација Млади АМС. (Мобилната апликација е достапна на следниот линк.) Наградниот Фонд за најдобро видео изнесува 500 евра во денарска противвредност, и истиот го доделува Агенција за млади и спорт.   Критериуми за учество: Студенти на…

повеќе...