Во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, се одржа општински натпревар во ракомет помеѓу охридските средни училишта. Покрај натпреварувачкиот карактер, целта на натпреварот е и дружење меѓу учениците, промовирање здрав живот и негување на спортскиот дух. Спортската сала „Тодор Александров“ се почесто се користи за поддршка на спортските активности во Охрид и јакнењето на спортскиот дух кај младите. Победник на натпреварот е ОСУ „Св.Климент Охридски“, кој во финалето го совлада ОУТУ „Ванчо Питошески“ со резултат 19:14. Охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ ќе учествува на регионалниот натпревар во ракомет кој ќе се…
повеќе...Tag: натпревар
Одличен старт на натпреварувачката сезона за младите стрелци од СК „Охрид“
Вчера на стрелиштето во Штип се одржа првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, на кој учествуваа 40-тина стрелци од повеќе градови во Македонија, во дисциплина возд. пушка и пиштол, во јуниорска и сениорска категорија. Младата јуниорка, Мартина Петровска од СК „Охрид“, ги совлада двете потенцијални олимписки кадидатки Ана Иваноска и Нина Балабан со резултат од 387 ( цели кругови) и со тоа покажа дека наградата најперспективен млад спортист за 2015 год. на град Охрид, заслужено припадна во нејзини раце. „Нејзиниот стрелачки потенцијал, смиренст и посветеност на тренинзите ветува…
повеќе...Прво и второ место за основци од „Живко Чинго“ на општинскиот натпревар по биологија
Денес во просториите на ОУ „Григор Прличев“, во организација на Друштвото на биолози на Република Македонија, се одржа Општинскиот натпревар по Биологија. Ученици од VII одделение од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти го освоија првото и второто место на натпреварот. Првото место го освои Екатерина Бочвароска, а второ местото Симона Кркачоска, под менторство на наставничката Маја Попоска. Покрај овие ученички на Регионален натпревер пласирани се и други ученици за што се чека информација од Друштвото на биолози на Република Македонија. WebOhrid
повеќе...Голем успех на учениците од ОУ „Живко Чинго“ на Општинскиот натпревар по математика
Денес во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии Свети апостол Павле – Охрид, а во организација на Здружението на математичари – Охрид, се одржа III Oпштински натпревар по математика. Во улога на домаќин беше ОУ„Живко Чинго“ – Велгошти. Меѓу другите, учениците од ова училиште, на овој натпревар, постигнаа значителен успех и забележителни резултати: – Втора награда освоија учениците: • Александар Трпески од 5 одд. под менторство на наставничката Гордана Цановска; • Екатерина Бочвароска од 7 одд. под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска и • Елена Кецкароска од 9…
повеќе...Трето место за ученик од ОУ „Братство Единство“ на регионален натпревар по германски јазик
Ученикот Ригон Хиса од ОУ „Братство Единство“- Охрид, под менторство на наставничката Ајнет Пашо освои трето место на регионалниот натпревар по германски јазик. Регионалниот натпревар по германски јазик се одржа на 27-ми февруари во ОУ „Исмаил Ќемали“ – Гостивар. Ученикот Ригон Хиса се стекна со право за учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 12-ти март во Скопје.
повеќе...Охридските извидници со активности по повод Светскиот ден на извидниците
По повод 22-ри февруари, Светскиот ден на извидниците или попознат во светот како ден на скаутизмот, извидниците од Извидничкиот одред ПИОНЕР од Охрид спроведоа активност на подарување на книги, сликовници и играчки во Педијатриското одделение при општата болница во Охрид. „Со тоа во доменот на своите можности, извидниците дадоа пример за хуманост и го поддржаа мотото НАПРАВИ ДОБРО ДЕЛО, кое што во целиот свет придонесува за развивање на свеста кај децата и младите кон хуманоста.“- велат од ИО Пионер Охрид. Имено самиот датум 22-ри февруари е всушност ден кога во 1857 година…
повеќе...МОН продолжува со парично стимулирање на учениците кои ќе освојат награда на натпревар
Министерството за образование и наука објави конкурс за парични награди за основци и средношколци и за нивните наставници-ментори за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар по математика и природни науки. Рокот за аплицирање е до 30 јуни, а условот е на меѓународниот натпревар да учестувуваат најмалку десет држави. За прва освоена награда МОН ќе додели 50 отсто од просечна нето плата во РМ, 40 отсто за втора и 30 отсто за трета награда. Конкурсот се организира втора година, на минатогодишниот им биле доделени на 20 ученици кои…
повеќе...Стојановска прогласена за спортист на неделата на Универзитетот во Бафало
Тања Стојановска од Охрид забележа 4 победи на сите мечеви кои ги играше нејзиниот Универзитет против 4 универзитети (St. Francis, Quinnipiac, Connecticut и Bryant) последниве 2 недели, настапувајќи на првата позиција. Тоа придонесе нејзиниот Универзитет да победи на сите мечеви, а Тања да биде прогласена за СПОРТИСТ НА НЕДЕЛАТА на Универзитетот во Бафало, веќе трет пат последнава година. Стојановска е студентка на Медицинскиот факултет и стипендист на Универзитетот во Бафало, кој е најголем државен универзитет во државата Њујорк.
повеќе...Одржана „Етно вешта жена 2015“ во Охрид
Викендов во Охрид се одржа традиционалната манифестација „Етно вешта жена 2015“. На настанот кој е во организација на вештите жени од градови низ Македонија, беа претставени повеќе охридски и струшки специјалитети.
повеќе...Домашните играчи ќе ги одмерат силите со странците од Првата МФЛ
На 12. декември на теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се одигра натпревар помеѓу селекцијата на домашни играчи против странците кои играат во нашата Прва лига. Иницијативата на Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на А репрезентацијата Игор Ангеловски ја прифати тренерот на Шкендија Шпетим Дуро кој ќе го предводи тимот на странците во нашата лига. Игор Ангеловски ќе има можност да ги одбере најдобрите наши фудбалери кои играат во нашите клубови, од друга страна Шпетим Дуро исто така ќе може да селектира одличен тим. Тука се Павловиќ, Мијушковиќ,…
повеќе...