Ристовски: Позитивен извештајот на Кембриџ за примената на наставните програми

Од идната учебна година сите основци ќе учат математика и природни науки по адаптирани наставни програми од Меѓународниот центар за наставни програми на Универзитетот Кембриџ. Проектот почна пред три години и засега програмите се применуваат од прво до шесто, а од септември ќе бидат воведени во седмо, осмо и деветто одделение. Со тоа, адаптираните наставни програми по овие предмети ќе го опфатат целото основно образование. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска на прес-конференција зборуваше за позитивните резултати од досегашната примена на наставните програми по Кембриџ, кои се објавени…

повеќе...

Промовирани 15 нови книги од едицијата „Македонски дејци“

Нови петнаесет монографии од едицијата „Македонски дејци“, посветени на личности од македонската историја кои од разни причини останале помалку познати за јавноста, денеска беа промовирани во Музејот на македонската борба. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на денешната промоција, рече дека оваа едиција на монографии има непроценливо значење затоа што придонесува кон чувањето, конзервирањето и промоцијата на историските и културните вредности што се наследени од минатото. „Монографиите напишани од еминентни македонски професори и историчари ја откриваат вистината за ликот и делото на многу македонски идеолози, револуционери, учители и водилки…

повеќе...

Читални со стручни книги од проектот на Владата во Аеродром, Велес и Струмица

Во општините Аеродром, Велес и Струмица ќе бидат отворени читални опремени со изданија од проектот „1000 книги“ на Владата и Министерството за образование и наука, како и со едициите што се објавуваат преку Министерството за култура. Се очекува новите три читални да почнат да работат идната година, а во договор со општините ќе бидат утврдени локациите. Ќе имаат ресурси и ќе бидат организирани како и читалната „1000 книги“ која засега е единствена, отворена во мај 2011 година во Градскиот трговски центар во Скопје. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски…

повеќе...

Договорите за ученички стипендии ќе се потпишуваат до 30-ти декември

Министерството за образование и наука ги информира сите ученици – кандидати на конкурсот за ученички стипендии за учебната 2015/2016 година, на кои им е доделена стипендија во некоја од категориите, потребно е лично да се обратат во Одделението за ученички и студентски стандард при Министерството, или на телефонскиот број 02-3140/147 каде ќе добијат подетални информации поврзани со потпишување на договор и доставување на трансакциска сметка. Потпишувањето на договорите ќе се врши заклучно со 30.12.2015 година.

повеќе...

Соопштение од МОН

Министерството за образование и наука им соопштува на сите студенти дека по сместувањето на студентите согласно Конкурсот во првиот предвиден рок, во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија, останаа непополнети места дадени во табеларниот преглед, и тоа: Реден број СТУДЕНТСКИ ДОМ МЕСТО ВКУПЕН БРОЈ НА СЛОБОДНИ ЛЕГЛА 1 ДСД “СКОПЈЕ” -ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Скопје 111 -СТИВ НАУМОВ – трета зграда Скопје 341 2 ДСД “ПЕЛАГОНИЈА” Скопје 261 3 ДСД “ТОМЕ СТЕФАНОВСКИ СЕНИЌ” Скопје 543 4 ДСД “КОЧО РАЦИН” Битола 100 5 ДСД “НИКОЛА КАРЕВ” Охрид 38…

повеќе...

Третото издание на Codefest ветува возбудлив настан овој април

Овој април Codefest ќе го реализира своето трето издание, годинава под мотото „Истрага на местото на кодирањето“. Настанот ќе се одржи на 18-19 април на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Codefest се покажува како добро формиран настан кој самиот за себе прераснува во бренд во Македонија, а за тоа говори и растечката тенденција на настанот со двојно зголемување на интересот и бројот на учесници помеѓу првата и втората година. Организатори на настанот се студенти и дипломци на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, кои по своја…

повеќе...

Според истражувањата на SBRG геоглифот во Македонија можеби е поврзан со кралско семејство

Мултидисциплинарните студии на геоглифот кој се наоѓа на ридот Канда во Овче Поле, откриваат серија на неверојатни карактеристики на античките структури, вклучувајќи вештачка изградба на ридот за астрономско усогласување со соѕвездието Касиопеја, што може да укажува на врска со македонски член од кралско семејство. Истражувањето беше спроведено од страна на Истражувачката група на СБ (SBRG), меѓународен и интердисциплинарен тим на истражувачи (од Италија, Хрватска, Србија, Финска и Велика Британија), кои ги комбинираа астрономијата, филозофијата, митологијата, математиката и физиката во студијата на древни локалитети и храмови во Европа. SBRG комбинираше повеќе методи, вклучувајќи и…

повеќе...

Средби со ректорите и претставниците на државни универзитети, претседателите на Студентските парламенти и Синдикатот за образование, наука и култура

Министерството за образование и наука на Република Македонија информира дека во текот на денешниот ден беа реализирани одделни средби со ректорите и претставниците на државни универзитети, претседателите на Студентските парламенти и Синдикатот за образование, наука и култура, а во врска со предложениот пакет мерки за унапредување на целокупниот образовен систем во земјата. Средбите се дел од планот за детално информирање на сите засегнати страни по однос на новините кои на иницијатива на Министерството за образование и наука ги предложи Владата на Република Македонија. Раководствата на универзитетите, синдикалната организација, како и…

повеќе...

Отворена недела на едукација за компјутерската наука на Универзитетот „Св. Апостол Павле“

На иницијатива на студентите, во период од 9 – 12 декември во просториите на Универзитетот по втор пат ќе се одржи „Отворена недела на едукација за компјутерската наука“. Во рамките на Отворената недела секојдневно со почеток во 18:00 часот, студенти на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ ќе држат предавања во времетраење од 60 минути на тема „Основи на компјутерско програмирање“. „Ги покануваме заинтересираните граѓани да дојдат, да научат и да го разбудат сопствениот интерес за програмирањето и компјутерските науки.“– велат од универзитетот. Отворената недела се одржува во рамките на глобалната иницијатива…

повеќе...

Министерството за образование и наука доделува 745 стипендии за средношколците за учебната 2014/2015

Министерството за образование и наука за учебната 2014/2015 година, доделува 745 стипендии за учениците кои учат во јавните и приватните училишта. Стипендиите се поделени во 6 категории и тоа: 400 стипендии за социјална поддршка на учениците; 80 стипендии за ученици со статус на деца без родители; 50 стипендии за ученици со посебни потреби; 150 стипендии за талентирани ученици – спортисти; 50 стипендии за талентирани ученици, од кои 45 се за учениците од јавните училишта, а 5 за учениците кои учат во приватни училишта, и 15 стипендии за ученици од угостителско…

повеќе...