Јакнење на капацитетите и знаењата на припадници на министерствата за внатрешни работи и за одбрана и други институции вклучени директно во хуманитарни и мировни операции е целта на работилница за Меѓународно хуманитарно право и човекови права, која започна денеска во Скопје во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Амбасадата на Италија. Во рамки на работилницата, денеска беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР и Меѓународниот институт за хуманитарно право…
повеќе...Tag: обука
Обуката во автошколите под задолжителен видео надзор
Автошколите ќе мора да вградат камери во возилата со кои ги обучуваат кандидатите за возачи, за да се контолира дали новите возачи ги исполниле сите норми, но и да се санкционираат евентуалните манипулации при обуката. Ова го предвидува новиот предлог закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, според кој видео надзор автошколите ќе треба да постават и во училниците. Освен обуката, ќе се снима и полагањето на полигон и градското возење. Во случај кога во просторијата и вовозилото не се вклучени камерите, тој наставен час од програмата ќе се повтори…
повеќе...Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ организира обука на тема „Односи со јавност- медиуми
Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ при Општинскиот комитет Охрид организира обука на тема „Односи со јавност – медиуми“. Обучувач ќе биде д-р Анита Ангелевска.На трибината ќе присуствуваат и членки на Унијата на жени од другите градови. На трибината ќе присуствуваат и членки на Унијата на жени од другите градови. Обуката ќе се реализира утре, 15-ти Ноември, во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 12:00 часот.
повеќе...Започна процесот на полагање на практичниот тест за полициски службеници
Дваесет и три кандидати на ниво на СВР Охрид денес го отпочнаа процесот на полагање на практичниот тест за полициски службеници. Практично, ова е групата кандидати за полициски службеници што денес го полагаат третиот испитен модул поврзан со мерките за контрола на возила и возачи. Испитниот процес е поврзан со познавање на законските сообраќајни правила и прописи односно познавање и практична примена на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, преземање мерки за безбедност во сообраќајот и по други параметри. Полагањето се реализира на неколку локации во градот,…
повеќе...Продолжуваат бесплатните курсеви и практичната настава за идните мајки во Црвениот крст
Поради пројавената заинтересираност за Проектот МАЈКИ, Црвен крст Охрид ги информира идните мајки од Охрид дека бесплатните курсеви и практичната настава водена од врвни специјалисти од повеќе области, продолжуваат и во наредниот период. Курсевите се одвиваат во просториите на Црвен крст Охрид, траат пет дена по три часа, а опфаќаат едукација на идните мајки во однос на бременоста, правилното доење, исхрана и повивање, вакцинација и давање прва помош. Сите кои го посетуваат курсот бесплатно добиваат и прирачници за правилно и успешно доење и навремена и дополнителна исхрана кај доенчињата. Заинтересираните…
повеќе...Професорите од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се обучуваа за асертивна комуникација
Во ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“, на ден 08.11.2014 год. се одржа еднодневна обука на тема „Асертивната комуникација како фактор за подобрување на интерперсоналните односи во училиштето“. Обуката беше реализирана согласно годишната програма на училиштето и зацртаните проекти, а во насока на професионалното усовршување на стручните соработници и наставниците, како клуч за подобрување на севкупната работа во училиштето. Вработените во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ имаа можност да го збогатат своето знаење за вештините, формите и категориите за успешната комуникација како фактор за здрава училишна клима и функционална училишна култура, различните стилови на…
повеќе...Обука за 16 полициски службеници на тема – „Детекција на украдени возила“
Во организација на амбасадата на Република Франција во РМ, минатата недела (03. до 07) беше реализирана обука наменета за 16 полициски службеници пропадници на: секторот за гранична полиција, сектор за сериозен криминал, секторот за крим техника и регионалните СВР. Обуката ја реализираше еден француски експерт, специјалист во доменот на украдени возила, припадник на француската национална полиција и Париската Префектура, раководител на единицата за разбојништво. Обуката беше реализирана во центарот за обука на полицијата во Идризиво. Целта на обуката беше да се прикажат најновите техники коишто ги употребува француската полиција во…
повеќе...Обука „Детекција на дроги со службени кучиња“
Француската Амбасада во Скопје преку својата служба за Внатрешна Безбедност во соработка со ОБСЕ од 3 до 7 ноември 2014 година организираше обука наменета за 11 водачи на кучиња од Единицата за службени кучиња при МВР. Обуката ја реализираа двајца француски експерти и обучувачи од француската Национална жандармерија од Центарот за обука на службени кучиња во ГРАМАТ, кои заедно со македонските колеги разменија знаења во однос на техниките на детекција на дроги со помош на службени кучиња. Активностите во рамки на оваа обука се реализираа во кругот на самата Единица…
повеќе...Основци од „Христо Узунов“ – дел од обуката за превенција од пожари
Учениците од ОУ „Христо Узунов“, вчера беа дел од обуката на Територијалната противпожарна единица од Охрид за превенција од пожари. „Целта беше најмладите да се запознаат со основните постапки и со важноста од противпожарната заштита, како во училиштето така и во домовите.“ – вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски. Инаку, овие обуки се одржуваат да ја подигнат свеста на најмладите за опасностите од пожари.
повеќе...Противпожарна обука за учениците од ОУ „Григор Прличев“
Учениците од трето одделение од ОУ „Григор Прличев“ денес имаа можност поблиску да се запознаат со професијата пожарникар и начинот на гаснењето на пожарите. Тие заедно со пожарникарите практично ја изведоа постапката при пожар во училиштето, научија дека чадот секогаш оди нагоре и дека при пожар, секогаш, без паника треба да се движат наведнати или со клекнување. Учениците беа воодушевени од демонстрацијата на пожарникарската опрема и личната заштитна облека и се интересираа кои се начините за гаснење на огнот. На учениците им беше објаснато дека при пожар или друга опасна…
повеќе...