СДСМ: Владеењето на Трајкоски со Дебрца заврши, доаѓа живот за сите

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Деновиве, поточно на 17.04.2017 година се навршија четири години откако Игор Трајкоски ја презеде градоначалничката функција во општина Дебрца, со што формално правно неговиот мандат е завршен. Ако треба да дадеме оценка за неговото четиригодишно владеење тогаш слободно може да се констатира дека тоа во ништо не се разликува од десетгодишното владеење на неговата партија, ВМРО ДПМНЕ, на централно ниво. Затворена и заробена општина во која граѓаните имаа отежнат пристап до општинските услуги, крајно расипничко и нетранспарентно трошење на…

повеќе...

СДСМ: Општина Дебрца со најнетранспарентен буџетски процес

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Центарот за економски анализи (http://cea.org.mk) деновиве ги објави наодите од проектното истражување на степенот на транспарентност на буџетскиот процес и отчетноста при трошењето на јавните средства кај општините во Република Македонија. Во истражувањето се опфатени сите општини во Република Македонија, распоредени во осумте плански региони. Резултатите од истражувањето покажуваат дека во рамките на Југозападниот плански регион, за фискалната 2016 година општина Дебрца, заедно со општина Центар Жупа се најнетранспарентните општини во поглед на буџетскиот процес и отчетноста при…

повеќе...

СДСМ: Охрид ќе добие одговорна локална власт која нема да ги малтретира и понижува граѓаните

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Додека општинската администрација секојдневно трпи закани и уцени и е присилена да излегува на протести во одбрана на криминалите на ракводството на ВМРО-ДПМНЕ градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески и нивните блиски соработници од општинските сектори на општински трошок прават екскурзии низ Европа. Поведени од примерот на нивниот лидер Груевски, првите луѓе на Општина Охрид заминуваат од државата, а ги присилуваат вработените секојдневно да излегуваат на протести, лажејќи ги за некакви платформи и федерализации. Ваквото дрско и самоволно однесување…

повеќе...

СДСМ: Завршната сметка на општина Дебрца го покажа расипничкото трошење на општинските пари

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „На последната седница на советот на општина Дебрца, одржана на ден 15.03.2017 година советот на општината, со гласовите на советниците на ДПМНЕ и независниот советник ја усвоија Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2016 година. Завршната сметка уште еднаш го покажа она што е константа во раководењето на општината во изминативе години, а тоа е крајно расипничкото и нетранспарентно трошење на општинските пари. Во оваа прилика тоа ќе го илустрираме со неколку буџетски расходи. За прехранбени продукти…

повеќе...

СДСМ: Бараме итно стопирање на незаконските градежни активности во Лагадин

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Бараме локалната власт во Охрид предводена од неодговорни политичари, веднаш да престане да го уништува и загрозува природно наследство. На вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, советниците од СДСМ предложија да се расправа за незаконската изградба на хотелот во Лагадин и да се стопира неговата нелегална изградба. Укажуваме дека и институции се огласија против ваквата намера на советниците од ВМРО-ДПМНЕ на штета на Охрид. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам достави барање до градоначалникот на Охрид за поништување…

повеќе...

СДСМ: Недозволиво е да се повикуваат ученици да напуштаат настава за да бидат дел од протести

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Укажуваме дека директорот и надлежните во охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ имаат должност да ги заштитат учениците од партиски злоупотреби. Недозволиво е ученици преку истакнати летоци да се повикуваат да напуштаат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и шири етничка и национална омраза. Во прилог е летокот кој е објавен и се дели меѓу учениците од втората смена. Никој нема право да ги манипулира и злоупотребува ученици за остварување партиски цели. Учениците, но и…

повеќе...

СДСМ: Трајкоски продолжи да ја задолжува општина Дебрца

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Откако ја задолжи општината Дебрца со кредит за изградба на рурална инфраструктура Трајкоски продолжува со задолжувањата на општината. Имено, во вчерашната изјава за медиумите тој се пофали дека општината набавила ново возило за собирање на комунален отпад, а притоа свесно избегна да соопшти дека истото е набавено со ново задолжување на општината, во износ од 4.010.820,оо денари или 65.000 евра. Неговото однесување е во стилот на францускиот апсолутистички крал, Луј XV, познат по неговата изрека “после мене потоп”. Затоа,…

повеќе...

Народен собир на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Вечерва во Охрид пред општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се одржа народен собир на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Целта на собирот е да се покаже политичката сила на ВМРО-ДПМНЕ, како и да се укаже дека секогаш треба да се почитува волјата на народот и националниот интерес на Македонија.  „Се собравме во масовен број членови на ВМРО-ДПМНЕ да го крениме гласот и да кажеме дека веќе ова вака не може, дека ние веќе како граѓани на нашата држава Република Македонија нема да дозволиме разнебитувње, двојазичност, федарализација и други тајни работи кои ги прави СДСМ…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Прес-конференциите на СДСМ ги сметаме за политички несериозни и без било каква политичка тежина

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која се вели: „Денешната прес конференција на ОО СДСМ Охрид претставува нивен политички колапс за она што претставува вистинска стратегија кон младите, кон спортот но пред се кон она што значи ветување и реализирање на проекти. Добро е што локацијата за одржување на нивната прес конференција е токму на дел од реализираните ветени проекти на ВМРО ДПМНЕ и претпоставуваме дека добро ја согледале и ја увиделе изградбата на целосниот комплекс за спорт и…

повеќе...

Арнаудов: Набрзо ќе се реализираат проектите кои се од витално значење за Охрид

Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и Пратеник од ВМРО ДПМНЕ Др.Љубен Арнаудов денес одржа прес-конференција пред мостот на каналот Студенчишта на која укажа на дел од ветувањата кои ги дале во изборната кампања. Тој потенцира дека тоа се ветувања и проекти кои во целост произлегуваат од реалната потреба на граѓаните.  „Би сакал да потсетам на дел од главните проекти за градот Охрид, проекти кои се од витално значење и кои преставуваат визионерска идеја за развој на нашиот град Охрид. Проектирање и изградба на МАРИНА во Охрид е проект кој ќе…

повеќе...