Средба на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски со Даниел Кадик, директор на фондацијата Фридрих Ноиман за Југоисточна Европа

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, денеска се сретна со Даниел Кадик, директор на фондацијата Фридрих Ноиман за Југоисточна Европа и претседателот на ЛДП, Горан Милевски. На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација. Констатирано беше дека во земјата се нарушени демократските процеси и човековите права од недемократското владеење на власта, што директно се докажа преку процесот што го води СДСМ, Вистината за Македонија. Потпретседателот на СДСМ, Манчевски истакна дека поддршката од меѓународната заедница во овој процес е од исклучителна важност и дека враќањето на слободата и демократијата се основните заложби…

повеќе...

СДСМ: Груевски го уништувал Центар, да излеземе за спас на ГТЦ

Претседателот на ОО СДСМ Центар, Саша Богдановиќ денес се обрати пред јавноста.  „Центар е симболот на непокорот. Центар победи кога беше најтешко. Центар опстојува и покрај сите притисоци и закани. Центар и понатаму победува. Еве денес го победивме и лошото време. Денес сме сите собрани уште еднаш да ја потврдиме Вистината за Македонија и Вистина за Центар. Сé она што ќе го слушнете денес, го знаете и самите. Лично гo имаме заедно доживеано. Знам дека со овие разговори ќе се присетите на уништените влезови, заглавените лифтови, избушените гуми, скрешните штабови, крадењето…

повеќе...

УМС на ВМРО-ДПМНЕ Охрид делеше промотивни флаери

Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ Охрид, денес на Градскиот плоштад постави штанд на кој се делеа промотивни флаери. Штандот со промотивните флаери кои се однесуваат на мерките за намалување на невработеноста кај младите, мерките за самовработување, субвенционирањето на вработувањето на младите и програмите за ИТ обуки и практиканство за млади невработени лица, на Градскиот плоштад ќе биде поставен секој ден до четврток (23.04.2015), а заинтересираните млади од Охрид ќе можат да дојдат и да се информираат за мерките.

повеќе...

СДСМ Дебрца: Многу ветено, малку остварено

ОО на СДСМ Дебрца, испрати реакција во врска со денешната прес-конференција на градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Во реакцијата стои: „Денешниот Отчет на Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски за сработеното во изминатите две години претставува уште една тавтологија на која се навикнавме изминативе две години кога се работи за прес конференциите на градоначалникот. И овојпат бевме сведоци на најобично набројување на веќе чуените проекти, список на проекти кои ќе се реализирале, со што се прави уште еден обид за замајување на граѓаните на општина Дебрца дека нешто се…

повеќе...

СДСМ бара директен пренос од седниците на Советот преку интернет

Координаторот на Советничката група на СДСМ,  Дамјан Манчевски, и коалициските партнери во Советот на Град Скопје, одржа прес-конфернција, на која истакна: „Советничката група на СДСМ и опозицијата на денешната седница бара да се донесе одлука за директни преноси на седниците на Советот преку интернет. Со ова ќе се зголеми транспарентноста на работата на Советот, а граѓаните ќе имаат лесен начин да следат како градот ги носи одлуките кои се директно поврзани со нивните интереси. Ова го бараме, особено имајќи предвид дека седниците на Советот упорно се закажуваат да почнуваат во…

повеќе...

ВМРО-НП: Дали имало пазар меѓу двете најголеми партии?

ОК на ВМРО-НП Охрид, испрати соопштение, во кое стои: „ВМРО – Народна партија, но и граѓаните на Охрид се разочарани од содржината на бомбата на СДСМ вчера во Охрид. Иако беа многу поголеми, особено по изјавата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека Бакрачески не ќе може да се додржи на градоначалничката функција откако ќе слушне како стигнал до неа, сепак очекувањата не се остварија. Додека во другите градови каде што СДСМ одржуваше прес–конференции со локални теми имаше функционери од градовите, од Охрид не слушнавме никого. ВМРО – Народна партија…

повеќе...

Заев од Охрид: Нема бегање, криминалците од власта ќе одговараат пред законот

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев од Охрид порача: Нема бегање, криминалците од власта ќе одговараат пред законот. Пренесуваме дел од говорот: „Овие денови власта ја фаќа паника па почна да прави валкани работи, почнаа да влегуваат во лоши сценарија. Запалија автомобил на активист на СДСМ, запалија и уште еден автомобил во Битола на активист на СДСМ, денеска запалија и трет автомобил во Велес, на активист на СДСМ, роднина на семејството на Тамара. Ајде да им испратиме една порака од овде. Господа од власта, зарем не сте свесни во какво сценарио…

повеќе...

СДСМ со граѓаните во Охрид – Груевски мора да замине

Раководството на СДСМ во текот на целиот ден денеска е во Охрид. Генералниот секретар Оливер Спасовски, организацискиот секретар Миле Зечевиќ, потпретседателот Дамјан Манчевски, членови на Извршниот одбор на СДСМ, претставници на ОО СДСМ Охрид одговараат на заинтересираните граѓани за доказите од проектот Вистината за Македонија, за плановите и активностите на СДСМ да ја врати Македонија на својот народ. „Ова не е битка помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ова не е битка на Зоран Заев и Никола Груевски. Ова е битка на слободните граѓани против узурпаторите од тесниот врв на власта. Ова…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обиде да внесе конфузија и сомнеж кај локалното население на Охрид

ОК на ВМРО – ДПМНЕ, испрати реакција во врска со прес конференцијата на СДСМ Охрид. Во неа се вели: „Денес локалното раководство на СДСМ од Охрид се обиде преку нивната добро позната пракса со креирани, монтирани и неповрзани прислушкувани и приватни разговори, да внесат конфузија и сомнеж кај локалното население на Охрид во нивната сопствена и јасно изразена волја на локалните избори во 2013 година во Охрид. Сите граѓани на Охрид вклучително и денешното раководство на СДСМ од Охрид, а и целокупната македонска јавност, мошне добро ги знаат причините за…

повеќе...

Тунтев: Нарачани апсења, атрактивни парцели, криминал во Охрид

Претседателот на ОО СДСМ Охрид и пратеник, Томислав Тунтев, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Проектот Вистината за Македонија продолжува. Граѓаните на Охрид се приклучуваат во борбата за враќањето на слободата, демократијата и правдата. Од градот-бисер на Балканот, јавноста ќе слушне за манипулациите со вистината и злоупотребата на медиумите од страна на власта на Никола Груевски. За парцели во Охрид, коишто се од интерес на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ. За фабрикувани скандали и местенки пред локалните избори. Јавноста ќе го слушне она што охриѓани добро го знаат. Дека за време на…

повеќе...