ВМРО-НП ја поддржува МПЦ за возобновување на конаците кај црквата Св.Богородица Заумска

ВМРО – Народна партија – Охрид испрати соопштение до медиумите, во врска со возобновувањето на конаците кај црквата Св. Богородица Заумска, во кое стои: „ВМРО – Народна партија од секогаш ја поддржувала Македонската Православна Црква и секогаш била на нејзина страна. Како демохристијанска партија даваме поддршка за возобновувањето на конаците кај црквата Св. Богородица Заумска кај месноста Заум. ВМРО – Народна партија ја поддржува Македонската Православна Црква во ширењето на се што е христијанско. Сметаме дека тоа што таа ги возобновува конаците кои некогаш постоеле на тоа место е подобро…

повеќе...

Заев: Груевски одмазднички го срушил Космос на Фијат Цаноски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Пред очите на јавноста се неспорни фактите што ги обелоденуваме во проектот Вистината за Македонија. Братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков неовластено масовно прислушувале, злоупотребувајќи ги своите овластувања, користејќи ги сите државни механизми и апаратура за свои лични цели. За воспоставување целосна контрола врз се во државата. Тоа е единствениот начин преку којшто овие луѓе се одржуваат на власт. Јасно е зошто Никола Груевски, онака осамен излезе на прес конференција и изнесе лаги, нереални и контрадикторни тези. Се работи…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се што ветува пред граѓаните успешно реализира

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „ВМРО- ДПМНЕ цврсто чекори и докажува дека ги реализира проекти кои ги ветила и кои се за доброто на Охрид и охриѓани. Денес сме особено горди што предизборните ветувања кои им ги дадовме на нашите граѓани успешно ги реализираме. Доволна потврда за тоа е денешното аминување на Предлог одлуката во градскиот Совет, која се однесува на изградба на административно – деловна трговска зграда која вклучува и изградба на затворен зелен пазар. Ако претходните локални власти не можеа, Власта на…

повеќе...

ЛДП е сериозно загрижена за градежните планови кои се однесуваат на најчувствителните локации во Охрид

ОО на ЛДП Охрид, денес испрати соопштение, во кое стои: „ЛДП е сериозно загрижена за градежните планови кои се однесуваат на најчувствителните локации во Охид. Имено, последниве недели јавноста е запрепастена од планираната урбанизација, почнувајќи од ридот кај Плаошник, за која зборувавме уште во 2011 година како партија, преку планирање на патеката и бетонирањето на Студенчишко Блато, завршувајќи со изникнатата градба кај една од најзначајните локации, како од верски така и од археолошки апсект, во месноста викана Заум. ЛДП нема намера да остане нема на ваквите планирани дејствувања во Охрид,…

повеќе...

ВМРО-НП: Со што се фали Бакрачески?

ОК на ВМРО-Народна партија – Охрид денес испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Вчера бевме сведоци на театралното доделување на решенијата на спортските екипи за користење на спортските терени ЈП „Билјанини Извори“. Субвенциите кои ќе бидат уплатени на сметка на ЈП „Билјанини Извори“ изнесуваат околу два и пол милиони денари. Доколку Бакрачески не бил запознаен, а сега се фали дека спортските екипи најмногу се субвенционирале, во минатото сумата за користење на спортските терени што ја плаќала Општина Охрид за екипите никогаш не била под четири милиони денари. И не…

повеќе...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ панично и очајно се обидува да го оттргне вниманието на граѓаните од „Вистината за Македонија“

Општинската организација на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение, во кое стои: „По објавувањето на скандалозните информации за прислушувањето, местењето судии и судски одлуки и изживувањето во монтирани политички процеси од страна на власта, ВМРО-ДПМНЕ панично и очајно се обидува да го оттргне вниманието на граѓаните од „Вистината за Македонија“. Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ деновиве тргнаа во бескрупулозна битка за освојување на интернет сферата и социјалните мрежи, злоупотребувајќи ги вработените во државните и општинските институции, но и учениците во училиштата. Во Охрид е издадена наредба до директорите на јавните претпријатија, училиштата,…

повеќе...

Членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја одиграат „Македонска крвава свадба“

Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид, сите почитувачи и љубители на театарот и добрата театарска претстава, ги кани на претставата „МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“ што ќе се игра утре, сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“. Претставата е со почеток во 19:00 часот. Истата ја подготвија и ќе ја играат членови на УМС. Влезот е слободен.

повеќе...

Заев: Слушнете ужас, местат апсење и изживување врз Љубе Бошкоски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес- конферениција, на која истакна: „Почитувани граѓани, Ветивме дека ќе ја обелодениме Вистината за Македонија и денеска продолжуваме. Како што рековме, секое следно објавување докази ќе биде пошокантно и позапрепастувачки за Република Македонија. Затоа што, тоа што го правеле Груевски и групата околу него, со своите граѓани, со државата, со медиумите, со политичките противници е грозно и оди до граници што нормален човек не може ни да ги замисли. Овој разговор што го слушнавте е ден по изборите, кога е уапсен Бошкоски. Но…

повеќе...

СДСМ: Која е потребата да се отуѓува најатрактивното државно градежно земјиште во Охрид?

ОО на СДСМ Охрид денес испрати реакција во врска со вчерашната реакција на општина Охрид. Во неа стои: „Со вчерашното соопштение Општина Охрид призна дека Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ, со амин на Министерството за транспорт и врски, безмилосно го ракрчмуваат најатрактивното државно земјиште во Охрид, под Плаошник. Повторно ги прашуваме надлежните во општината: Која е потребата да се отуѓува најатрактивното државно градежно земјиште во Охрид? Со кое право се продава тоа земјиште на физички или правни лица? Кој е интересот на Општина Охрид да го продава најатрактивното градежно земјиште по почетна…

повеќе...

Кузески: Градоначалникот и ВМРО-ДПМНЕ за две години не успеаја да реализираат ниту еден од приоритетните капитални проекти

Општинската организација на СДСМ Охрид, денес одржа прес-коференција, на која говореше портпаролот на ОО на СДСМ, Александар Кузески. „Градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ за две години не успеаја да реализираат ниту еден од приоритетните капитални проекти што им ги ветија на охриѓани во нивната изборна програма за време на локалните избори. И не само тоа, туку сега почнаа безмилосно да го раскрчмуваат атрактивното државно земјиште во Охрид, под Плаошник. Oпштина Охрид има намера да отуѓи 200 метри квадратни атрактивно државно градежно земјиште, односно да го продаде бадијала, без никакво образложение.…

повеќе...