Дали Охрид го тресат земјотресни роеви?

Земјотресни роеви е појава кога се случуваат серија земјотреси во одредена локална област во релативно краток временски период. Должината на времето што се користи за дефинирање на ројот се разликува, но може да биде денови, недели или месеци. Тие се разликуваат од типичните земјотреси, по кои следува серија афтер-шокови. При истражувањето на земјотресните роеви, станува очигледно дека ниту еден земјотрес од низата не е главен удар, односно секој нареден е со различен интензитет од претходниот. Директорот на Институтот за земјотресно инженерство, Михаил Гаревски, во изјава за медиумите пред осум месеци,…

повеќе...

ОУ „Христо Узунов“ со одлични резултати на регионалниот натпревар по математика

Регионалниот натпревар по математика кој е во соработка со Сојузот на математичари на Македонија и Здружението на математичари – Охрид од регионот Охрид и Дебрца се одржа на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Домаќин на натпреварот беше основното училиште „Ванчо Николески“ – Лескоец каде се прегледуваа задачите и се објавија првичните неофицијални резултати. На натпреварот учествуваа претставници и екипи од IV – IX одделение од 9 училишта. Учениците од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид постигнаа одлични резултати: Ученик Одделение Ментор Награда   Христина Митреска                IX Виолета Китеска I…

повеќе...

Зголемен интересот на Светската банка за Охридскиот регион

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес оствари работна средба со директорот на канцеларијата на Светска Банка, Горан Тињиќ и неговите соработници. На средбата Тињиќ се интересираше за проектите кои се реализираат преку Светска банка и можностите за идна соработка. Директорот Тињиќ истакна дека Светска банка за наредната година планира нова кредитна линија во висина од 29 милиони долари, кои ќе бидат инвестирани во интегриран развој на туризмот и подобрување на општинските услуги. Овие кредитни линии ќе содржат и грант компонента, а предност ќе имаат проекти со регионален пристап. Градоначалникот Бакрачески ја истакна…

повеќе...

Голем интерес на земјоделците од Охридскиот регион за аплицирање по најновиот ИПАРД повик

Во тек е програмата наменета за рурален развој односно ИПАРД програма, со која програма се обезбедува финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој. „Голем е интересот на земјоделците од Охридскиот регион за аплицирање по најновиот ИПАРД повик. Најголем е интересот за набавка на нови трактори и приклучна механизација. Зголемениот број на заинтересирани земјоделци е поради тоа што годинава има поволни измени во ИПАРД програмата за набавка на трактори и приклучна механизација.“ -информираат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Р.Е Охрид. Ова се трите мерки од ИПАРД програмата,…

повеќе...

Денес е Меѓународен ден на среќата: Овие 10 трикови ќе ви помогнат секогаш да бидете весели и насмеани

Среќата може да се научи и да се вежба. Почнете уште денес, зошто денес е Меѓународен ден на среќата. Овие 10 трикови, кои се резултата од истражување на 100 најпознати светски психолози, учители и духовници, ќе ви помогнат да научите  како насмевката да не ви се симнува од лицето. Среќата ја прават малите работи, секојдневни ситници на кои често и не обврнуваме внимание. Ако сакате да се чувствувате подобро и генерално да бидете посреќна личност, за тоа не ви е потребно многу. ПРИФАТЕТЕ СЕ СЕБЕСИ Истражувањата покажаа дека среќните луѓе…

повеќе...

Регионална работилница за заштита на правата од интелектуална сопственост

Во организација на Светската Царинска Организација а под покровителство на Јапонската фондација за царинска соработка (CCF Japan), во периодот од 11.03.2015 до 13.03.2015 година во Скопје се одржа регионална работилница за идентификација и спречување на увозот, извозот и транзитот на фалсификувани и пиратски стоки. Царински службеници од Македонија како земја – домаќин и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија, Црна Гора и Србија имаа можност да ги споделат искуствата и подобрат знаењата за спроведувањето на заштитата на правата од интелектуалната сопственост. Целта на работилницата е натамошно зајакнување на оперативните…

повеќе...

Србија: 24 жртви на грип, прогласена епидемија во неколку региони

Педесет и осум годишна жена од Нови пазар е 24-тата жртва на грип во Србија, пишуваат српските медиуми. Институтот за јавно здравје прогласи епидемија на грип во Шумадија, поради зголемениот број на заболени од грип. „Минатата недела во Шумадија се евидентирани 780 заболени од грип“, изјави директорот на Институтот Предраг Делиќ и наведе дека од октомври до денеска вкупно 8.780 граѓани имале проблеми со респираторните органи. Поради зголемениот број на заболени епидемија на грип е прогласена во три центри за јавно здравје, во Пожаревац, Ќуприја и Крагујевац. Засега нема услови…

повеќе...

Со регионална пакет понуда до поголем број туристи

Со понуда на целокупните продукти на туризмот кои се карактеристични за овој регион, општина Охрид заедно со Вевчани и Дебрца од македонска и Корча и Поградец од албанска страна, ќе се стреми кон привлекување поголем број туристи кои бараат туристичка понуда во која се вклучени алтернативен, духовен, верски, спортски, културен туризам. „Наша цел е да ги нудиме целокупните продукти во туризмот кои што навистина и Охрид и околните општини од Р. Македонија и од Р. Албанија ги поседуваат . Она што значи природно наследство, културно наследство , верски , духовен…

повеќе...

Кризниот штаб: Нема критични региони

Нема критични региони без електрична енергија во земјава. Остануваат мал број села, кои се во високите планински предели и поголемиот дел се ненаселени, но се создаваат услови и во текот на денот ќе добијат и тие струја, информира денеска Игор Гиевски од ЕВН Македонија. По состанокот на Координативното тело на Кризниот штаб за последиците по снежното невреме што денеска се одржа во Министертсвото за транспорт и врски, Гиевски истакна дека вчера попладне бил ставен во функција новиот далекувод, кој беше изграден изминатите два дена на потег Бошков мост – трафостаница…

повеќе...

Селата од кризниот регион постепено добиваат струја, се пробиваат отсечените места

Се прават последните подготовки во пресрет на утрешниот ден за кога од УХМР се најавуваат нови снежни врнежи, но со помал интензитет. Прва цел е сите села во Република Македонија да бидат проодни, а тоа се прави со помош на општините и Дирекцијата за заштита и спасување. Во меѓувреме, екипите од ЕВН работат на отстранување на дефектите за сите села да добијат струја, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски по денешниот состанок на Координативното тело на Кризниот штаб. Согласно акцискиот план, појасни тој, се очекува денеска најголем дел…

повеќе...