Програма за работа на ОСБСП Охрид за 2016 за подигнување на безбедноста во сообраќајот

Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид за 2016 година предвидува реализација на повеќе значајни проекти и активности насочени кон сите целни групи-учесници во сообраќајот со цел подигнување на јавната свест за унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид и едукација на сите целни групи. Во Годишната програма се предвидени активности за афирмација и имплементација на Втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот до 2020 година, а посебен приоритет ќе биде изработка на Локална стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот…

повеќе...

Се реализира проектот за реконструкција на 10 железнички станици

Во процесот на реконструкцијата и реновирањето на најголемата скопска железничка станица, државата е насочена и кон помалите железнички станици. Во соработка со ЕУ, над 2 милиони евра се вложуваат за комплетна реконструкција на станиците во кои претходно не било инвестирано со децении. Со овој проект се врши целосна реконструкција и надоградба на сите главни елементи на железничките станици, како што се водоводната и електричната инсталација–вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, санитариите, инсталација на системи за греење и ладење, системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на…

повеќе...

СВР: Граѓаните да не паркираат на „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Илинденска“, „Цар Самоил“, „Кирил и Методиј“ и „Туристичка“

Во врска со најавите за обилни снежни врнежи за утре, а по одржаниот координативен состанок со општинскиот штаб за заштита и спасување, СВР Охрид преку полициската станица за безбедност на патиштата во сообраќајот, ќе преземе повеќе активности од својот делокруг на работа, со цел одржување на безбедноста и непречено одвивање на сообраќајот на локалните, регионалните и магистралните патишта. Со цел поефикасно работење на службите надлежни за редовно чистење и зимско одржување на коловозите, апелираме до граѓаните, утре од 17 часот да ги отстранат и да не ги паркираат своите патнички…

повеќе...

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Охрид – Ресен

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози. Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Охрид – Ресен преку планинскиот премин Буково. Поради врнежи од снег со променлив интензитет на планинскиот премин Ѓавато задолжителна е употреба на зимска опрема за тешки товарни возила. Забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево и крак Маврово – Дебар, кои беа воведени поради интензивни врнежи од снег, се укинати.

повеќе...

Несовесни дрвари кутнаа дрво на сред автопат

Денес нешто по 14 часот, на автопатот Охрид-Струга, несовесни дрвосечачи кутнаа дрво кое падна на самиот автопат и го блокираше сообраќајот во двата правци. Прекинот траеше неколку минути, додека дрвосечачите ги кастреа гранките и го расчистуваа автопатот. WebOhrid

повеќе...

Утре прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Од АМСМ информираат дека утре (сабота) на патниот правец А2 Кичево – Охрид (планински превој Пресека – с.Врбјани) поради работи на пат (минирање) помеѓу 12.30 – 14.30 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути.

повеќе...

Чекориме за безбеден сообраќај

Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот во рамки на завршните активности од 2015 година на 17.12.2015 година ја реализираше акцијата „Чекориме за безбеден сообраќај“. За таа цел најмладите од градинките, ученици од основните и средни училишта, претставници од локалната самоуправа и бројни граѓани одржаа дефиле низ градските улици испраќајќи пораки за побезбеден сообраќај. Најмладите но и сите останати на овој начин упатија апел до сите учесници во сообраќајот како треба да се грижиме во иднина и да го подигнеме степенот на безбедност. Оваа манифестација практично значи апел до сите учесници…

повеќе...

Се преврте автомобил на брегот од Охридското Езеро

Денес околу 17 часот на магистралниот пат Охрид-Св.Наум кај Долно Коњско, поточно на удолницата веднаш после хотелот „Гранит“, автомобил излета од коловозот, се преврте и падна на брегот од Охридското Езеро. Според очевидците кои ги затекнавме на лице место, станува збор за автомобил марка „Пежо“ со охридски регистарски таблички. За брзо време пристигнало амбулантно возило и биле хоспитализирани три лица, кои се наоѓале во возилото. На овој дел од патот денес беше извршен прекоп поради дефект со водоводната линија. И покрај поставените сообраќајни знаци, излетувањето од патот најверојатно е настанато поради…

повеќе...

Во понеделник прекин во сообраќајот на патот Охрид – Кичево

На 21-ви декември (понеделник) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно кај Пресека – с.Врбјани, поради изведување работи на пат (минирање) во периодот од 12:30 – 14:30 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути, информираат од АМСМ.

повеќе...

Утре прекин во сообраќајот на кружниот тек кај Охридска банка

Во тек се финални подготовки на подлогата за асфалтирање, нивелирање и збивање на тампонскиот слој како и поставување на сливници во последните две фази од градба на кружниот тек на пресекот на булеварот „Туристичка“ и улицата „Македонски Просветители“. Според планираната динамика на изведувачот, поставувањето на првиот слој на асфалт за порамнување ќе отпочне утре во периодот помеѓу 11 и 15 часот поради што делови од улиците „Македонски Просветители“ и „7-ми Ноември“ ќе бидат затворени за сообраќај. Во зависност од временските услови односно максималните дневни температури, се очекува поставувањето на завршниот…

повеќе...