Агенцијата за цивилно воздухопловство доби нова информатичко технолошка опрема од ТИКА

Турската интернационална Агенција за соработка и развој (ТИКА), на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и донираше нова информатичко технолошка опрема. Донацијата, на директорот на македонскиот регулатор во воздушниот сообраќај, Горан Јандреоски, денес официјално му ја предаде потпретседателот на ТИКА, Али Маскан. На состанокот по повод примопредавањето на донацијата, покрај делегациите од ТИКА и АЦВ, присуствуваа и претставници од Министерството за транспорт и врски. Изразувајќи голема благодарност за добиената информатичко технолошка опрема, директорот на АЦВ, Јандреоски, посочи дека истата е од огромно значење, за зајакнувањето на капацитетите и функционалноста на Агенцијата…

повеќе...

Утре прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека утре поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево-Охрид на делот помеѓу Пресека- с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 13.00-15.00часот.

повеќе...

Од 15-ти ноември задолжителна зимска опрема за возилата

Од 15-ти Ноември започнува законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15-ти Март следната година. Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места. Што се подразбира под зимска опрема можете да прочитате во Правилникот за задолжителна опрема во возилото.

повеќе...

Интензивно се работи на изградба на двојниот тек кај Охридска банка

Интензивно се работи на изградбата на двојниот кружен тек на крстосницата на пресекот на булевар „Туристичка“ со ул. „Македонски поросветители“. Во завршна фаза е изградбата на примарниот круг со дијаметар 24 метри по што ќе се гради секундарниот, помал круг со дијаметар од околу 3,5 метри. Веднаш потоа ќе следува поставувањето на два асфалтни слоја, со што ќе заврши оформувањето на падовите на коловозните конструкции на кружната крстосница. На овој простор веќе е поставена нова атмосферска канализација од страна на ЈП „Нискоградба“ а изведувачот АД Илинден од Струга паралелно работеше…

повеќе...

Дечињата од „Јасна Ристеска“ учеа за безбедноста во сообраќајот

Најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ со пароли и транспаренти се обидоа да ја разбудат свеста кај возрасните за почитување на сообраќајните правила и прописи за побезбеден живот. Децата во придружба на сообрајќаен полицаец се движеа и добиваа практични обуки за премин преку улица, се запознаа со сообраќајната инфраструктура и со правилата кои треба да ги почитуваат како учесници во сообраќајот. Оваа  активност која е во рамките на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ се реализира во соработка со Секторот за образование при Локалната самоуправа на Општина Охрид и Советот…

повеќе...

Денес прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека денес поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево – Охрид на делот помеѓу Пресека – с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 14:00 и 16:00 часот.

повеќе...

Агенцијата за цивилно воздухопловство доби софтвер за брзо, ефикасно и безбедно прибирање и обработка на податоци

Зголемена ефикасност во работењето, брзо, безбедно и лесно прилагодливо управување со податоци, во функција на поголема продуктивност, флексибилност и сигурност во работата на Агенцијата за цивилно воздухопловство, се само дел од придобивките на новиот систем за унапредување на контролата и инспекцискиот надзор на вработените во АЦВ, кој е во фаза на подготовка и наскоро треба да биде имплементиран во соработка со ДУНА компјутери. Системот ULTIMA® CRM, преставува унифициран и интероперабилен систем, прилагоден на потребите на АЦВ, во функција на прибирање и користење на хетерогените податоци на инспекторите од терен и…

повеќе...

Утре прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека утре (понеделник) поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево-Охрид на делот помеѓу Пресeка и с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 14.30-16.30 часот.

повеќе...

Нов режим на сообраќај на крстосницата помеѓу „Туристичка“ и „Македонски Просветители“

Од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид информираат дека утре (недела), поради премин кон новиот режим на крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и ул.„Македонски просветители“, семафорскиот систем ќе биде надвор од употреба и моторниот сообраќај ќе отпочне да се одвива по новиот кружен тек. Меѓу другото се известуваат граѓаните дека за пешачки сообраќај нема да можат да ги користат постојните пешачки премини туку ќе треба да ги користат новите пешачки премини кои соодветно ќе бидат обележани. Со оглед на тоа што активностите за изградба на примарниот и секундарниот…

повеќе...