Поставена нова табла на влезот од Битола во Охрид

Деновиве во Охрид, поточно на влезот од Битола кон Охрид поставена е нова табла со натпис „Welcome to Ohrid“ односно „Добродојдовте во Охрид“. Таблата е лоцирана на кружниот тек кај ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на која е поставен и грбот на Општина Охрид. WebOhrid

повеќе...

Јавен повик за именување на плоштади и преименување на улици

Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески јавно ги повикува сите физички и правни лица да дадат свои предлози, идеи и сугестии за именување на следниве локации: мал плоштад кај поранешна библиотека, плоштад кај мини – маркет, Булевар Туристичка и Улица Железничка. Граѓаните и правните лица своите предлози можат да ги испратат преку архивата на општина Охрид во затворен плик адресиран до Градоначалникот или на следнава електронска пошта gradonacalnik@ohrid.gov.mk. Рокот за доставување е десет дена од денот на објавата.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на улиците „Кленоец“ и „Српница“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради дефект на водоводна линија ќе има прекин во водоснабдувањето на ул. „Кленоец“ и ул.„Српница“ во период од 09.00 до 14.00ч. Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...

Заштитните огради околу кружните текови – згодни за префрлање

Нови кружни текови во Охрид – нови проблеми плус за возачите. Си возите така и оп… луѓе! И тоа на средина од кружниот тек. Што ли бараат на самиот кружен тек!? Очигледно дека нашите сограѓани тешко може да го заборават тоа што било семафор со пешачки премини, па по навика си префрлаат на старите, сега веќе непостоечки пешачки премини. Оние кои ги осмислиле овие заштитни огради во Охрид очигледно ја утнале работата. Само за споредба, еве какви се оградите на кружните текови во Скопје и Прилеп: WebOhrid

повеќе...

Прекин на водоснабдувањето на ул. „Прилепска“ поради дефект на водоводна цевка

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес во утринските часови настанал дефект на главна водоводна цефка ф125 мм. на ул.„Прилепска“, поради што дошло до прекин на водоснабдувањето на истата. Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид од раните утрински часови се на терен и работат на отстранување на дефектот, за кој велат дека се предвидува да биде отстранет до 13:00ч.

повеќе...

Се бележи хоризонталната сигнализација на кружните текови во Охрид

Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид заедно со економските оператори коишто беа избрани како најповолни понудувачи на тендерот на Општината започнаа и во тек се завршните фази од бележењето на хоризонталната сигнализација по кружните крстосници кои се изградија на неколку локации во градов. Фирмата „Виа Сигнал“,задолжена за бележење на хоризонталната сигнализација на кружната крстосница на пресекот на булевар „Туристичка“ и улица „Јане Сандански“ во моментов финишира со активностите на терен,додека пак АД „Илинден“ ја освежи хоризонталната сигнализација на кружната крстосница на пресекот од „Туристичка“ и „Македонски Просветители“.Ситуацијата…

повеќе...

Се реконструираат улици и потпорни ѕидови во стариот дел на Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска беше на увид на градежните активности кои се завршени или во тек на улиците „Кирил и Методиј“ „Кузман Капидан’“ и „Илинденска“ во стариот дел на Охрид, а кои се однесуваат на реконструкција и санација на плочникот и потпорните ѕидови. Градоначалникот најави дека во насока на одржување и зачувување на автентичниот изглед, активностите за реконструкција и преуредување на камените и гранитни коцки и санација на потпорните ѕидови наредниов период ќе продолжат речиси низ сите останати улици во старото градско јадро. На задоволство на жителите на…

повеќе...

Промовирано новото улично осветлување во Охрид

Со видео презентација, претставување на техничката спецификација и вредноста на целиот проект, денес, беше промовирано новото улично осветлување во Охрид. Градоначалникот Бакрачески, ја изрази придобивката од реализацијата на проектот, потенцирајќи ги пред се финасиските придобивки, заштеда на електрична енергија, реконструкција на постојната мрежа како и нејзино проширување и заштита на животната средина. „Од информациите што ги имавме од терен, од спроведената ревизија, дваесет до триесет проценти од уличните светла во Охрид, беа надвор од функција. Тоа е разбирливо ако се има во предвид дека се работи за стари инсталации и…

повеќе...

Асфалтирана улицата кај Католичка црква

Како дел од годишната програма, за асфалтирање пристапни патишта и улици, надлежните служби на општина Охрид асфалтираа крак на улицата „Партизанска“ во непосредна близина на Католичката црква. Асфалтирана е површина од 360 м2 со високо квалитетен асфалт со дебелина од 7 сантиметри. Изведувач на градежните активности е фирмата „Ас Сењак“ од Кичево. Претходно оваа улица не беше асфалтирана и е долгогодишно барање на жителите кои живеат во овој дел од Охрид. Вредноста на проектот е 499. 266 денари. Наредниов период ќе се асфалтираат пристапните улици меѓу зградите на улица „Димитар…

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на „Андон Дуков“, „Гоце Делчев“ и во стариот дел на градот

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Вододод“ Охрид, информираат дека денес поради интервенција на водоводна линија односно поради реконструкција на водоводната линија на улица „Андон Дуков“ во нас. Кошишта, ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „Гоце Делчев” во период од 08.30ч до 13.00ч. како и во стариот дел на градот во период од 09.00ч до 13.00ч.

повеќе...