Генерациска средба во Велгошти (30 години од полуматура)

Најголемиот летниковец во непосредна близина на најубавите, кристално чисти, бистри и студени води од изворите кај манастирскиот комплекс Св.Илија во селото Велгошти, едвај успеа да ја собере и заштити од пресилното 27-јулско сонце 2014 лето господово, надополнето со врелата мешана скара, проследена со неодоливиот ладен како камен шприцер, крајот зачинет со превкусна торта, (самиот почеток со VELGOSKA HOT WATER или по нашки РАЈЧИЈА и шопска салата, специјалитет изненадување, ЃОМЛЕЗЕ ала ВЕЛГОШТИ од велемајсторот Љупчо), поголемата група на велгоштани, од кои за посебна почит е присуството на нашиот другар Тони Шапкароски…

повеќе...

Промовирана монографијата „Св.преп.Маченичка Параскева-Петка“- Велгошти

Синоќа во Велгошти беше промовирана монографијата посветена на манстирскиот комплекс„Св.Петка“од авторот Владимир Шокаровски-Шокар. Рецезент на ова дело е професорот по теологија протоереј отец д-р Стефан Санџакоски. Пред присутните се обрати авторот на монографијата, Владимир Ѓ. Шокаровски Шокар. „Мислејќи со какво слово да ви се обратам со ова мое скромно дело, се сетив на една изрека од ненадмикнатиот писател во современата македонска литература-познатиот велгоштанец Живко Чинго.Тој рекол:: „Ваше е само тоа што ќе им го дадете на другите“.Тргнувајќи со размислувањето на оваа длабока мисла, морам да признам дека оваа монографија всушност…

повеќе...

Во Велгошти одбележани 113 години од формирањето на првата востаничка чета во охридско

По повод 113 години од формирањето на првата востаничка чета во охридско, вечерва во атарот на манастирот „Света Петка“ – Велгошти се одржа пригодна свеченост, во организација на МК на ВМРО -ДПМНЕ од Велгошти. Советникот Илија Арнаудоски во воведниот збор го потенцира значењето на четата како за Велгошти така и за самиот охридски регион. Делегација на општина Охрид предводена од претседателката на Советот, Гордана Коњаноска и секретарот Димитар Спасески, како и делегација на Месниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти положија свежо цвеќе на спомен плочата. „На наше огромно задоволство сме…

повеќе...

Свеченост во манастирот „Св.Петка“- Велгошти, по повод 113 години од формирањето на првата востаничка чета во охридско

По повод 113 години од формирањето на првата востаничка чета во охридско вечерва во атарот на манастирот Света Петка – Велгошти ќе се одржи пригодна свеченост. На свеченоста свое излагање ќе има Вангелко Лозановски професор по македонски јазик и литература. Најголем успех на Охридската револуциoнерна организација е формирањето на револуционерната чета. Свечениот чин се одиграл во манастирот Света Петка , во Велгошти на 6 јули 1901 година . Тој факт сам по себе многу зборува . Формирањето на четата во Света Петка не е само поради блискоста до Охрид, туку…

повеќе...

Ѓоко Чингоски именуван за директор на ОУ „Живко Чинго“

Градоначалникот Никола Бакрачески, по завршувањето на комплетната конкурсна постапка, денеска го потпиша Решението со кое  Ѓоко Чинговски се именува за директор на Основното училиште „Живко Чинго“ во село Велгошти. Пред именувањето, Ѓоко Чинговски беше вршител на должноста , директор на ова училиште.

повеќе...

Со роденденска забава одбележан јубилејот – 10 години КК „Колибри“ Охрид

Денеска, во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, Кошаркарскиот клуб „Колибри“ од Охрид со голема роденденска забава го одбележа јубилејот, десет години од формирањето на клубот. Исто така, заедно со новинарите од Охрид беше организиран и хуманитарен концерт за помош на болното 11 годишно момче од Охрид, на кое што му е неопходна операција во Пекинг, а чини 35 000 евра. „Во Спортскава сала „Тодор Александров“ организиравме мини турнир, кој го посветивме на сите активни членови во овој клуб и со тоа сакавме да го одбележиме нашиот роденден. Исто така овој турнир…

повеќе...

Во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти се играше Coca-Cola фудбалскиот куп

Во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, денес се играше „Coca-Cola фудбалскиот куп“ на Пивара Скопје АД, Coca-Cola и Отворени забавни фудбалски школи.  Целта на Coca-Cola фубалскиот куп веќе трета година по ред останува непроменета, создавање здрави животни навики кај младите преку практикување физичка активност исполнета со дружење и забава. „Овде сме да направиме дружење, игра и забава за децата од Охрид. Има деца од три средни училишта и три основни училишта. Целта не се резултатите, постигнување први места и други работи, туку овде пред се е промоција на општествената…

повеќе...

Учениците од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти на меѓународниот натпревар по математика – „Кенгур“ го освоија првото место

На  Меѓународниот натпревар по Математика – Кенгур  што се одржа на 20.03.2014 година, првачињата од ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти го освоија првото место и го постигнаа максималниот број поени. „На овој меѓународен натпревар секоја година учествуваат ученици од I-VIII ОУ Живко Чинго, а оваа година најголем број од нив постигнаа високи резултати.“- велат од училиштето. Првачињата кои го освоија првото место оваа година, беа под менторство на нивните одделенските наставници Љубица Ангелоска Кркачоска и Елена Јорданов.  Исто така на општинскиот натпревар по математика за Млади математичари што се одржа…

повеќе...

Во Велгошти се одиграа финалните натпревари во ракомет на „Гимназијада 2014“

Денес во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти во рамките на „Гимназијада 2014“ се одиграа финалните натпревари во ракомет. Во женска конкуренција, првото место го освои „Методија Митевски – Брицо“ од Скопје победувајќи го „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје со резултат 17-13. Третото место го освои „Гоце Делчев“ од Куманово победувајќи со 15-14 против „Мирко Милески“ од Кичево. Во машка конкуренција, првото место го освои „Методија Митевски – Брицо“ победувајќи со 27-15 против „Цар Самоил“ од Ресен. Третото место го освои „Никола Карев“ од Скопје победувајќи го „Коста Сусинов“ од…

повеќе...

Ракометната ѕвезда Наумче Мојсоски на „Гимназијада“ во Велгошти

Најголемата спортска ракометна ѕвезда и амбасадорот на спортските игри кои се одржуваат во нашиот град, Наумче Мојскоски денес ги посети гимназијалците во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти каде се играат ракометните натпревари. Мојсоски на своите обожаватели им делеше автограми и сликаше со нив. WebOhrid

повеќе...