Осмоодделенци од „ОУ „Живко Чинго“ во посета на НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ Струга

Во рамки на програмата по предметот Биологија, учениците од осмо одделение од ОУ „Живко Чинго“- Велгошти, заедно со наставничката, Маја Попоска, денес беа во посета на НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга. Осмоодделенците научија дека како институција која е уникатен претставник на природното и културното наследство, музејот поседува огромен потенцијал и може многу да допринесе за општеството. Тие имаа можност  да видат дека во рамките на музејот делуваат билошко, етнолошко, археолошко, историско и одделение за ликовна уметност (со дела на Вангел Коџоман). Постојаната музејска изложба опфаќа голем број препарирани растителни и…

повеќе...

Меѓугенерациска средба помеѓу учениците од ОУ „Живко Чинго“ и охридските пензионери

Во Основното училиште „Живко Чинго“ во Велгошти се одржа Меѓугенерациска средба помеѓу учениците и пензионерите од Месниот огранок. Меѓугенерациската средба беше во организација на училштето „Живко Чинго“ и ЗП Охрид и Дебрца. Оваа средба е прва во руралните средини, бидејќи досега вакви средби претходно беа одржани во градските училишта. Меѓугенерациската средба зпочна со средба на учениците и преставниците на ЗП Охрид и Дебрца на која учениците беа запознати со целта на средбата и нејзиното значење, како се доаѓа до пензионер, како го пополнуваат слободното време и каков треба да биде…

повеќе...

Ученици од ОУ „Живко Чинго“ во посета на охридскиот аеродром

Учениците од прво до петто одделение од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти заедно со нивните наставници денес го посетија Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Со работата на аеродромот беа запознаени од вработените на Аеродромот, а имаа и можност да видат полетување и слетување на авион на пистата. Тие се дружеа со пилотот, стујардесите и вработените на охридскиот аеродром. Учениците благодарејќи на вработените беа запознаени со основните принципи и вработени на оваа институција. На крајот тие си заминаа среќни и задоволни од новото доживување, кое сигурно долго ќе го паметат. WebOhrid

повеќе...

Прво место за ОУ „Живко Чинго“ на Регионалниот натпревар по информатика

На Регионалниот натпревар по информатика кој се одржа на 03.05.2017 година учествуваат и ученици од ОУ „Живко Чинго“ Велгошти Охрид, при што ги постигнаа следните резултати: На натпреварот ученикот Томче Дукоски од 7 одделение го освои првото место, под менторство на наставничката по информатика Дубравка Сершиќ и ученичката Анастасија Кецкароска од 6 одделеение доби Пофалба за успешно учество, исто така под менторство на наставничката по информатика Дубравка Сершиќ. Ученикот Томче Дукоски се здоби со право за учество на Државниот натпревар. „Честитки за учениците кои учестуваа на Регионалниот натпревар по информатика. Му посакувам…

повеќе...

Голем успех на ученици од ОУ „Живко Чинго“ на регионалните натпревари по Биологија и Хемија

На 22.04.2017 година во просториите на Гимназијата „7-ми-Март” во Тетово се одржа регионалниот натпревар по Хемија, каде ученичките Симона Кркачоска VIII одд и Викторија Темелковска VIII одд, под менторство на наставничката Маја Попоска ја освоија 3-та награда. Со тоа ученичките обезбедија учество на државен натпревар кој што ќе се одржи на 14-ти Мај на Институтот за Хемија при Природно-математичкиот факултет. Исто така на 07.04.2017 година се одржа и регионалниот натпревар по Биологија во просториите на ОУ „Христо Узунов“ Охрид. На натпреварот ученичката Ангела Маркоска IX одд ја освои 1-та награда…

повеќе...

Во Велгошти ќе се врши проценка на штети на земјоделските насади од невремето

Поради настанатите штети на земјоделските насади од невремето, Комисијата за проценка на штети, денес во 11 часот ќе врши увид во Велгошти.

повеќе...

Старите победија против младите на традиционалниот фудбалски нaтпревар во Велгошти

По повод најголемиот христијански празник Велигден, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти и Унијата на млади сили од Велгошти организираа фудбалски натпревар помеѓу стари и млади. Натпреварот се одигра во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти. Фудбалскиот натпревар заврши со победа на старите од 8:6, односно победа на МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти против УМС на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти. После фудбалскиот натпревар, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти за сите присутни обезбеди богат велигденски коктел. WebOhrid

повеќе...

Во понеделник ќе се одржи фудбалски натпревар помеѓу стари и млади во Велгошти

По повод најголемиот христијански празник Велигден, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти и Унијата на млади сили од Велгошти организираат фудбалски натпревар помеѓу стари и млади. После фудбалскиот натпревар, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти за сите присутни обезбеди богат коктел. Натпреварот започнува во 10:00 часот во понеделник, 17.04.2017 (Втор ден Велигден) во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти. WebOhrid

повеќе...

Партерно се уредува „Светијонската куќа“ во Велгошти

Деновиве ЈП „Градски гробишта“ започна со работни активности за партерно уредување на „Светијонската куќа“ во Велгошти. Површината што се уредува изнесува околу 220 м2, а активностите се очекува да завршат до крајот на неделава.

повеќе...

Ученици од ОУ „Живко Чинго“ постигнаа голем успех на Регионалниот натпревар по математика

Викендов на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа XXXVI Регионален натпревар по математика за учениците од основното образование во учебната 2016/2017 година. На овој натпревар учествуваа ученици од IV до IX одделение од основните училишта од општините Охрид и Дебрца. На натпреварот учениците од ОУ „Живко Чинго” – Велгошти постигнаа голем успех.  1.Ангела Китрозоска IV одд.– ментор – Љубица Ангелоска Кркачоска – I награда 2. Марио Велкоски IV одд.– ментор – Елена Јорданов – II награда 3. Стефанија Речкоска IV одд.– ментор – Љубица Ангелоска Кркачоска – Пофалница…

повеќе...