Најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска” од објектот во Велгошти, денес ја посетија училишната библиотека при ОУ „Живко Чинго” во с.Велгошти. Посетата се реализира со цел, дечињата од мали нозе да развијат љубов кон книгата. Тие имаа можност да се запознаат со начинот на работење на училишната библиотека, ги разгледуваа многубројните книги, лектири и сликовници со кои што располага библиотеката. За време на посетата библиотекарката Снежана Стојановска им ја прочита сликовницата „Грдото пајче“, која децата ја следеа со големо внимание. На крај на посетата следуваа и прашања кои ги поставуваа љубопитните…
повеќе...Tag: велгошти
Едукативно предавање за превенција од пороци во ОУ „Живко Чинго“- Велгошти
Во организација на СВР Охрид-сектор за превенција од пороци и Локалната самоуправа-сектор за образование, денес во ОУ „Живко Чинго“, Велгошти се одржа предавање пред учениците од VII одделение под мотото „Живеј здраво, живеј безбедно“. Целта на оваа активност е подигнување на свеста кај младите за опасностите од користење цигари, алкохол и дрога. „Предавањето беше проследено со интерес, а учениците имаа можност и да поставуваат прашања.“– велат од училиштето. WebOhrid
повеќе...Основци од „Живко Чинго“ ги освоија првите три места на Регионалниот натпревар по Биологија
Под организација на Друштвото на Биолози на Република Македонија, денес во просториите на ОУ „Кочо Рацин“ Охрид се одржа Регионалниот натпревар по Биологија. Седмооделенци од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти ги освоија првото и второто место по ранг листа натпреварот. Првото место и припадна на ученичката Евгенија Пулеска, додека второ место освои ученичката Екатерина Бочвароска. Во деветто одделение, ученикот Дамјан Митрески го освои третото место по ранг листа на натпреварот. Сето ова е постигато под менторство на наставничката по биологија и хемија, Маја Попоска. „Сакам да им честитам на учениците за постигнатите…
повеќе...На 2ри април ќе се одржи Регионалниот натпревар по математика
На 2-ри април (сабота), со почеток во 09:30, на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, ќе се одржи XXXIV Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование во учебната 2015/16 година. Домаќин на натпреварот е ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. На натпреварот ќе учествуваат 118 ученици од основните училишта од општините Охрид и Дебрца. WebOhrid
повеќе...Во среда во Велгошти ќе се одржи Општински натпревар во ракомет
Во спортската сала „Тодор Александров“ при ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти, оваа среда (23март) ќе се одржи Општински натпревар во ракомет помеѓу охридските средни училишта. Натпреварите ќе се играат со почеток во 10:00 часот. Покрај натпреварувачкиот карактер, целта на натпреварот е и дружење меѓу учениците, промовирање здрав живот и негување на спортскиот дух. Инаку, натпреварот се одржува веќе трета година по ред, во организација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. WebOhrid
повеќе...Отслужена литургија во „Св.Богородица“ – Велгошти по повод Тодорова сабота
По повод денешниот празник посветен на Светиот великомаченик Теодор (Тодорова сабота), во црквата „Св.Богородица“ во Велгошти, Охрид беше отслужена света литургија. А.Андриоски
повеќе...ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти одбележа 140 години од своето постоење
Со свечена приредба вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти го одбележа својот патронен празник. На свеченоста покрај родители, ученици, наставници, директори од основни и средни училишта, присуствуваа и секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески, заменик-градоначалникот Анел Јанев, како и советници од Општината. Пред присутните се обрати директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски, кој најпрво на сите им посака добредојде на оваа јубилејна свеченост, 140 години од постоењето на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти. „140 години историја, 140 години училиште во Велгошти – наша гордост,…
повеќе...Во Велгошти се одржа традиционалниот маскенбал по повод Прочка
Во организација на Месната заедница од село Велгошти, а повод верскиот празник Прочка – Велики Поклади денес се одржа традиционалниот маскенбал во Велгошти. Како и претходните години, така и оваа година, на маскенбалот можеа да се видат голем број креативно изработени маски. За најдобрите изработени маски во повеќе категории беа обезбедени богати награди. WebOhrid
повеќе...Маскенбал во Велгошти по повод Прочка – Поклади
По повод празникот Прочка – Поклади, утре, недела (13-ти март), во село Велгошти, Месната заедница на селото го организира традиционалниот маскенбал. „Како и до сега, на маскенбалот се очекува да се пријават голем број на лица со креативно изработени маски. За најдобрите изработени маски во повеќе категории обезбедени се и богати награди.“– информираат од МЗ Велгошти. Настанот започнува во 11:00 часот од игралиштето пред спортската сала „Тодор Александров“. WebOhrid
повеќе...Прво и второ место за основци од „Живко Чинго“ на општинскиот натпревар по биологија
Денес во просториите на ОУ „Григор Прличев“, во организација на Друштвото на биолози на Република Македонија, се одржа Општинскиот натпревар по Биологија. Ученици од VII одделение од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти го освоија првото и второто место на натпреварот. Првото место го освои Екатерина Бочвароска, а второ местото Симона Кркачоска, под менторство на наставничката Маја Попоска. Покрај овие ученички на Регионален натпревер пласирани се и други ученици за што се чека информација од Друштвото на биолози на Република Македонија. WebOhrid
повеќе...