Се уредува просторот околу изворите во село Велмеј

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета во село Велмеј каде што започнаа активностите за реализација на проектот за партерно уредување со поставување на урбана опрема на јавниот простор пред изворите Долни Исток во село Велмеј. Со проектот предвидено е изградба на паркинг простор, поплочување на пешачки патеки, уредување на просторот пред старата воденица, озеленување на просторот, поставување на клупи и канти за отпадоци и осветлување на просторот. „Со проектот за партерно уредување се задоволуваат потребите од озеленување на просторот, се оформува уреден паркинг простор, уреден пешачки…

повеќе...

Жителите на Велмеј бараат ЈПК Дебрца навремено да го подигнува отпадот

Преполни контејнери и ѓубре кое го разнесле на сите страни селските кучиња е слика која ќе ја видите во с.Велмеј последниве две недели, велат револтирани жители на с.Велмеј во допис испратен до нашата редакција. „Јавното комунално претпријатие изгледа заборавило која е неговата основна должност, да не се собира отпадот во селото речиси стана пракса. Сметките доаѓаат редовно, тоа не го забораваат. Плаќаме услуга за собирање на отпад, а таа услуга ја вршите нередовно, а ако ние нашата обврска за плаќање на сметката не ја извршиме навремено следува присилна наплата“. – додаваат револтираните жителите…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Подрачната деветтолетка во Велмеј незаконски укината

Советничката група на СДСМ Дебрца, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „На вчерашната седница на Советот на општината Дебрца од страна на советничката група на СДСМ беше предложена одлука за изменување на одлуката за издавање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основното училиште “Дебрца” – Белчишта за учебната 2015/2016 година, со која се предлага враќање на укинатите паралелки од подрачното училиште во село Велмеј, кое нешто е барање и на жителите на село Велмеј. Предлогот беше поддржан од советничката група на СДСМ и независниот советник,…

повеќе...

Жителите на Велмеј и Лешани се изјаснија за неопходна изградба на канализациона мрежа

Викнедов во населените места Велмеј и Лешани, градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски со стручно лице од општинската администрација одржа средба со месното население, каде што беа презентирани проектите за изградба на фекална канализација во с.Велмеј и с.Лешани со заедничка прочистителна станица во с.Грко Поле. Проектите претходно беа аплицирани во Светска Банка, од чија страна се прифатени и се во крајна фаза на одобрување. Присутните на одржаните состаноци, градоначалникот Трајкоски ги запозна со позитивните аспекти кои ќе произлезат и неопходноста за изградбата на оваа канализациона мрежа. Жителите со особен интерес го…

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски ќе оствари средби со жителите на Велмеј и Лешани

Се известуваат жителите на селата Велмеј и Лешани дека Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски ќе оствари средба со жителите од селата Велмеј и Лешани, во врска со изградбата на канализациона мрежа. Средбата во Велмеј ќе се реализира утре, со почеток во 20:30 часот,  а со жителите од Лешани ќе се реализира во недела, со почеток во 20:30 часот. На состанокот ќе бидат презентирани проектите за изградба на канализационите мрежи.

повеќе...

Кривична пријава за лица од Велмеј кои нападнале полицаец

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против С.П.(24) И.П.(22) и И.С.(22) сите од охридското село Велмеј. На 19-ти овој месец, тројцата пријавени извршиле физички напад врз полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Настанот се случил во 04 часот и 10 минути на булеварот „Туристичка“ во Охрид, каде сообраќајната полиција извршувала плански сообраќајни контроли и други мерки согласно…

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски ги најави проектите за канализациони мрежи во Велмеј, Лешани и пречистителна станица во Грко Поле

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски денес одржа прес-конференција, на која ги најави проектите за реализација на канализациони мрежи во Велемеј, Лешани и пречистителна станица во Грко Поле. „Изградбата на системот за фекална канализација во село Велмеј ќе се состои од главен крак, колектор кој поминува низ средината на селото и кој ќе ги прифаќа останатите секундарни краци. Должината на канализационата мрежа изнесува Л=9354 м . Во овој проект предвидени се вкупно 237 ревизиони и каскадни шахти. Секундарните краци ќе се поставени на начин, да ги зафаќаат отпадните води од…

повеќе...

Делегација од Општина Дебрца утре ќе оствари средби со жители од неколку села во општината

Во текот на утрешниот ден, 4-ти октомври (сабота), градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски придружуван од секретарот на општина Дебарца, Илија Дуклески, директорот на ЈКП Дебрца, Јасмина Мицкоска, директорот на ОУ „Дебрца,“ Иван Димоски, советниците на советот на општина Дебарца од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, Нола Исмаилоска, Момчило Аврамоски, Крсто Мукоски и директорот на Пуик, Цветко Грозданов ќе се сретнат со жителите на населените места: 1. Оровник 16 часот во просториите на училиштето 2. Требеништа 17 часот во просториите на училиштето 3. Мешеишта 18 часот во поранешната општинска зграда 4. Ботун…

повеќе...

Протест на жителите на село Велмеј за дислокација на депонија

Група жители од село Велмеј, преку допис до охридските медиуми, реагираат дека вчера камионот на Јавното претпријатие ,,Дебрца’’ бил спречен отпадот од цела Дебрца да биде депониран во дивата депонија. Како што велат, иако ова не бил прв протест во Велмеј за дислокација на депонијата, тие воопшто не наишле на разбирање од локалната власт. „Оваа депонија сместена веднаш над селото повеќе пати во текот на летото гореше и не беа преземени никакви мерки. Наместо да се бара решение за оваа ,,еколошка бомба’’, директорката на Јавното претприатие во повеќе наврати кажа…

повеќе...

Одбележани 70 години од формирањето на охридско-струшката бригада во с.Велмеј

По повод 70 години од формирањето на охридско-струшката бригада во село Велмеј, вчера делегација на Општинскипт Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебарца како и делегација на Основната организација од село Велмеј положија свежо цвеќе пред споменикот. Пред присутните се обрати борецот Крсте Крстаноски за значењето на оваа бригада која покасно станала дел од баталјонот „Мирче Ацев“.

повеќе...