Какво време не очекува овој викенд?

Стабилно и суво време не’ очекува овој викенд, велат прогнозите од Управата за хидрометеоролошки работи.  Во текот на утрешниот ден ќе преовладува облачно и постудено време со локален дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови од земјата на некои повисоки места ќе има врнежи од дожд и снег.  Веќе во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со постепен пораст на температурите. За в сабота метеоролозите најавуваа умерено облачно време со сончеви периоди  и утринска температура од минус два до четири, а дневната од…

повеќе...

Утре поројни врнежи од дожд

Нов влажен бран ќе има за време на викендот кога се очекува на места врнежите да бидат пообилни. Утре попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа нов влажен бран ќе има за време на викендот кога се очекува на места врнежите да бидат пообилни.   Извор: Нет Прес

повеќе...

Подгответе се: Уште една недела исполнета со сонце, облаци и дожд

Стабилно и топло време ќе преовладува во текот на следните денови, најавуваат метеоролозите. Веќе од среда се очекува да има услови за нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, а нов влажен бран се очекува за време на викендот. За утре, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево и топло со температура од 16 степени во Маврово до максимална 25 степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 22-от степен. Кон средината на оваа работна недела ќе има услови за дожд и температура…

повеќе...

Утре почнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето, почнува утре, 30 март, кога часовниците треба да се поместат еден час нанапред односно времето во два часот ќе се смета како 3 часот, соопшти Бирото за метрологија. Летното сметање на времето ќе заврши во последната недела на октомври во три часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 03 часот се смета како 02 часот.

повеќе...

Врнежи од снег кај Стража, Маврово и Крушево

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. Врнежи од снег има на планинскиот премин Стража, Маврово и Крушево кои не претставува проблем за одвивање на сообраќајот, а на планинскиот премин Плетвар и Пресека се бележат врнежи од дожд и снег кои исто така не преставуваат проблем за одвивање на сообраќајот. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово…

повеќе...

Невреме го зафати Охрид

Денес во 16 часот Охрид го зафати големо невреме проследено со силен ветар, врнежи од дожд и грмежи. Според Управата за хидрометеоролошки работи, уште утре не очекува променливо облачно време со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни проследени со ретка појава на грмежи. Во Македонија наредните денови ќе имаме стабилно и суво време, а од понеделник ќе има поголем пораст на температурата и ќе се движи околу 25-от степен, додека во Охрид ќе достигне до 18 °С. WebOhrid

повеќе...

Денес календарски започнува пролетта

Денес, на северната полутопка на Земјата, во 17  часот и 57 минути календарски почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата календарски ќе започне есента. Денот  ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути. Пролетта ќе трае 99 денови, 17 часа и 55 минути се до 21 јуни во 1:09 часот после полноќ, кога календарски почнува летото. Летното сметање на времето, пак,  ќе почне ноќта меѓу 29 и 30 март кога…

повеќе...

Убавото сончево време ги намами охриѓани и гостите да излезат на прошетка

Иако беше најавено променливо облачно време со услови за врнежи од дожд, во текот на денешниот неделен ден преовладуваше сончево време со мала доумерена облачност. Охриѓани и гостите убавото време го искористија за прошетка покрај кејот на езерото, рестораните и кафулињата. За првиот ден од работната недела, од УХМР најавуваат променливо облачно време со услови за врнежи од дожд. Во текот на наредните денови не очекува сончево време со локална умерена облачност, но без врнежи од дожд. WebOhrid

повеќе...

Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ ја посетија Метеоролошката станица во Охрид

Во рамките на реализирањето на содржините по наставниот предмет Природа во IV одделение, а со цел продлабочување на знаењата за брзи и бавни промени на површината на Земјата, учениците од ОУ„Св.Климент Охридски“- Охрид ја посетија на Метеоролошката станица во градот. Учениците се запознаа со инструментите што се користат за мерење температура и други параметри што го отсликуваат времето во местото и врз основа на кои се формира временската прогноза. На посетата учениците имаа можност да дознаат кога се чита минималната и максималната температура во текот на денот.

повеќе...

Од денес календарски започнува зимата

Официјално од денес во 18 часот и 11 минути започнува зимата на северната полутопка, додека пак на јужната полутопка започнува летото. Од УХМР за првиот ден од зимата најавуваат сончево време со температура од минимални 2 степени до максимални 10 степени целзиусови. Инаку зимата е најкраткото годишно време со 88 денови, 2 до 3 дена пократко од другите годишни времиња. Календарски зимата ќе заврши на 20 март 2014 година. WebOhrid

повеќе...