Учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ од с. Пештани, Охрид, беа во посета на Народната Банка на Република Македонија во Скопје. Повод за посетата беше одбележување на Светскиот ден на штедењето. Вработените од НБРМ беа љубезни домаќини и на учениците им покажаа дел од нивната работа, што вклучуваше: предавања, посета на Ковачницата и Музејот на Народната Банка. Децата научија многу за штедењето, се запознаа со историјата на македонските пари, а и со начинот на кој се коваат модерните денарски монети. Учениците од своја страна изработија повеќе убави литературни и ликовни…
повеќе...Tag: посета
Ученици и наставници од Холандија во посета на охридската Гимназија
Од 3 до 9 октомври 25 ученици од средното училиште од Апелдорн, Холандија заедно со нивните професори престојуваа во Охрид во посета на охридската гимназија. Посетата е во рамките на проектот за размена на ученици меѓу двете училишта, а во реализација на професорите од нашето училиште Вера Јовческа и Даниела Спироска. Соработката меѓу училиштата постои од 2014 година, првично како заедничка работа на проекти, за сега на иницијатива на училиштето од Апелдорн да премине на повисоко ниво. Гостите беа сместени кај своите пријатели, ученици од втора година, со кои веќе…
повеќе...Дечињата од градинката „Лихнида“ во посета на езерската полиција
Педесетина деца од детската градинка „Лихнида“ денеска ја посетија полициската станица за граничен надзор – Охридско езеро. Со активностите на езерската полиција во заштита на државната граница, за безбеден езерски сообраќај и во заштита на рибниот фонд на Охридското Езеро, како и за другите мерки и корисни информации поврзани со секојдневната работа, денеска најмладите ги запозна командирот на полициската станица за граничен надзор – самостојниот инспектор Миле Колески. Командирот заедно со тимот на езерската полиција, на најмладите им покажаа и дел од опремата и материјално-техничките средства што ги користи езерската…
повеќе...Третоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ во посета на Жито Леб
Во рамки на наставната програма по предметот Природни науки учениците од трето одделение од ОУ „Григор Прличев“ Охрид денес беа во посета на АД „ЖИТО-ЛЕБ“ Охрид. Заедно со нивните наставнички учениците имаа можност да го видат процесот на производство на леб и бели пецива. Основците посетија различни погони за производство и пакување на различни видови на леб и пецива. На крајот учениците беа почестени со вкусни пецива и си заминаа задоволни од посетата, секако понесувајќи со себе нови искуства и дополнителни знаења. WebOhrid
повеќе...Наставници од стручно училиште од Истанбул во посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“
Наставници од средното стручно училиште од Бајрампаша, Истанбул предводени од директорот Deniz Mutlu Güler беа во тридневна посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. Оваа соработка трае неколку години како партнер училишта во рамките на меѓународниот проект „Балкан Јуниор“, кој настана како идеја да се поврзат училишта со слични струки од различни држави на Балканот. Посетата беше искористена да се разменат знаења и искуства за извршување на практични задачи засновани на повеќегодишна работа на наставниците од областа на современите технологии кои се потребни на пазарот на трудот (електротехника, машинство, информатика и автоматика).…
повеќе...Учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на филмската академија
Учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“, заедно со своите наставници, Никица Мишева и Димитрие Ристески, беа во посета на Институтот за филм – Филмска академија, каде остварија средба со познатиот македонски режисер, Иво Трајков. Професорот Трајков, преку своето предавање, на мошне интересен и сликовит начин, ги воведе учениците во тајните на филмската уметност. Притоа учениците учествуваа со свои прашања, а имаа можност да проследат и анимиран филм, изработен од студентите на Академијата за филм во Прага. Училиштето изразува голема благодарност до Филмската академија и се надева на понатамошна соработка, што ќе…
повеќе...Ученици и професори од Белгија во посета на ОУТУ „Ванчо Питошески“
Во рамките на соработката со туристичката агенција „Ohrid Holidays“ во двонеделна посета на ОУТУ „Ванчо Питошески“ беа професори и ученици од Белгија. На самото пристигнување преку културно-уметничка програма на гостите им беше презентирано училиштето, а потоа градот Охрид и Македонија. За време на посетата учениците се запознаа како се одвива теоретската и практичната наставата во училиштето, заедно подготвуваа специјалитети од трациционалните кујни и ги послужуваа, при што си разменија непроценливи вештини, знаења и драгоцено искуство преку корелација на образовните профили: келнер, готвач, угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам и…
повеќе...Првачиња од ОУ „Христо Узунов“ го посетија аеродромот „Св.Апостол Павле“
Учениците од I одделение од ОУ „Христо Узунов“, заедно со нивните учителки Лидија Цветковиќ и Наташа Групчева Пупиноска, вчера беа во посета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Посетата беше организирана во соработка со родителите во согласност со проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, со цел учениците да се запознаат со работата на оваа организација. До аеродромот учениците стигнаа со двокатниот автобус од ЈП „Билјанини Извори“. Со работата на аеродромот беа запознаени од вработените на Аеродромот, а имаа и прилика да го следат слетувањето и полетувањето на…
повеќе...Децата од градинката „Јасна Ристеска“ се запознаа со работата на Езерска полиција
Седумдесетина деца од предшколска возраст од детските градинки „Развигорче“, од централната во Охрид и подрачната градинка во Лескоец, денес имаа посета и едукативен час во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Со активностите на езерската полиција во заштита на државната граница и заштита на рибниот фонд на Охридското езеро како и за другите мерки и корисни информации поврзани со работата, денес најмладите ги запозна командирот на полициската станица за граничен надзор-самостоен инспектор Миле Колески. Командирот заедно со тимот на езерската полиција, на најмладите им покажаа и дел од опремата…
повеќе...Потенцијални инвеститори од Турција на средба со градоначалникот Бакрачески
Претставници на познатата компанија „Fish and chips“, од Турција предводена од директорот Левент Ерсој на денешната средба со Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, најавија дека се заинтересирани за инвестирање во Охрид. Гостите од Турција го информираа градоначалникот Бакрачески дека бараат погодни локации за изградба на големи Аутлет- шопинг центри кои би се граделе на излез од градот во близина на регионалниот пат Охрид Кичево, како и површини на крајбрежјето погодни за изградба на викендици и аква паркови. На средбата гостите покажаа интерес и за руинирани објекти сместени на атрактивни локации…
повеќе...