Од денес започнува летниот распуст

Од денеска започнува летниот распуст за учениците од основните и средните училишта кој ќе трае до 1 – ви септември. Во учебната 2014/2015 година настава следеа 280.000 основци и средношколци, а околу 20.000 деца за првпат седнаа во училишните клупи. Со крајот на учебната година се заокружува и годинешното екстерно тестирање со кое беа опфатени вкупно 183.280 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, како и 17.803 наставници во 680 основни и средни училишта.

повеќе...

Од утре до 10-ти јуни екстерно тестирање на учениците

Екстерното тестирање за учебната 2014/2015 година ќе се спроведува од утре до 10-ти јуни и со него ќе бидат опфатени вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници. Како што информираше Министерството за образование и наука минатата недела, на интернет-страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk е објавен базен со вкупно 445.700 прашања на македонски, албански, турски и на српски јазик по вкупно 7.560 предмети. За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. Така, за предмет застапен со еден час неделно генерирани се 100 прашања, за предмет…

повеќе...

Завршија деновите на ученичкиот театар

Со доделувањето на пофалници за младите актери и нивните ментори, денеска во Центарот за култура „ Григор Прличев“ завршија деновите на ученичкиот театар, што е дел од проектот „ Популаризација на театарот“ . Општина Охрид, проектот го реализира во соработка со основните училишта, Центарот за култура „ Григор Прличев“ и Охридскиот народен театар. Пофалниците на учесниците и наставниците им ги врачи заменик градоначалникот Ангел Јанев. „Во текот на манифестацијата „ Денови од ученичкиот театар“ имавме можност да ги проследиме извонредните театарски изведби на учениците од основните училишта, кои заедно со…

повеќе...

Златниот пехар од XXIII Домијада во рацете на учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“

Учениците од Ученичкиот дом при ОУТУ „Ванчо Питошески“ од 22 до 24 мај во Струга учествуваа на 23 по ред „Домијада 2015“, во организација на Здружението на директори на ученичките и студентските домови во РМ, а под покровителство на Министерството за образование и наука. Тоа е средба на ученичките и студентските домови на која низ дружење се организираат спортски натпревари во повеќе дисциплини, трибина – тркалезна маса и ликовна колонија. На самото отворање на XXIII Домијада, учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ се претставија со две музички точки. На тркалезната маса…

повеќе...

Груевски: Изградивме 70 нови, а реконструиравме 350 училишта

Премиерот Никола Груевски денес присуствуваше на официјалното отворање на новата училишна зграда и новото тениско игралиште „Глигор Прличев“ во населбата Железара, општина Гази Баба. Бараките во кои досега учеа учениците беа стари 50 години. Премиерот Никола Груевски истакна дека ваквите проекти како отворање на нови училишта и спортски сали, порано биле вистинска реткост и поради таквата негрижа голем број генерации на ученици растеа во стари училници без спортски сали. „Од 2006 година до денес изградивме 70 нови училишта, а реконструиравме 350 на територија на цела Република Македонија. За оваа намена…

повеќе...

СВР Охрид одржа предавање за матурантите во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Денеска во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се одржа предавање за матурантите од страна на СВР Охрид, со цел безбедна матурска прослава. На предавањето беше кажано, како да се однесуваат матурантите во деновите кога се прославува матурата. А.Андриоски

повеќе...

Приматот на „Coca-Cola“ фудбалскиот куп повторно за ОУТУ „Ванчо Питошески“

Приматот на фудбалскиот куп „Coca-Cola“ повторно за учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“. На теренот на вештачка трева во СРЦ „Билјанини извори“, се оджра четвртиот по ред фудбалски куп „Coca-Cola“ на АД „Пивара“ – Скопје , Coca-Cola и Отворени забавни фудбалски школи. Во полуфиналето учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, се сретнаа со екипата од Гимназија и беа подобри со резултат 7:3, додека во борбата за првото место играа против мешана екипа од средните училишта и со резлутат од 5:0 го освоија првото место на турнирот, со што станаа неприкосновена екипа на турнирите…

повеќе...

Одржан регионален натпревар по географија за основните училишта од Охрид и Дебрца

Денес во просториите на ОУ „Христо Узунов“ во Охрид, во организација на Географското друштво на Македонија, се одржа регионален натпревар по географија за основните училишта. На натпреварот учествуваа сите основни училишта од општините Охрид и Дебрца. Ученици кои како првонаградени ќе учествуваат на државниот натпревар кој ќе се одржи на 8 и 9 мај се: – Рената Павлеска- ОУ „Братство – Единство“ – Охрид, ментор Весна Сион – Виктор Блажески – ОУ „Климент Охридски“ – Охрид, ментор Нине Симоновска – Емилија Кацелиноска – ОУ „Ванчо Николески“ – с. Лескоец, ментор…

повеќе...

Ристовски: Нови 70 изградени и 350 реконструирани училишта

На трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе, заменик министерот за образование Спиро Ристовски се осврна на проектите кои во текот на минатите години се реализирани во образованието. „Со 67 отсто зголемен буџет во образованието за период од девет години, со 70 нови изградени и 350 реконструирани училишта, бесплатно образование и воведен концепт на образовен процес еквивалентен на еден од најдобрите во светот – англискиот – е само дел од владиниот влог во иднината на младите генерации во Македонија“, подвлече заменик министерот за образование Спиро Ристовски. Вицепремиерот Пешевски се осврна на…

повеќе...

ДЗС: Намален бројот на ученици во 2013/2014

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2013/2014 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 190 541 што претставува намалување за 1.8% во однос на претходната учебна година. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2013/2014 година изнесува 84 827 што претставува намалување за 4.2% во однос на претходната учебна година.

повеќе...