ДЗС: Повеќе ученици во основно образование, помалку во средно

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2014/2015 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 192 165 што претставува зголемување за 0.6% во однос на претходната учебна година. Бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2014/2015 година, изнесува 83 522 што претставува намалување за 3.4% во однос на претходната учебна година.

повеќе...

Школување за ученици во средните училишта со програмата за меѓународна матура во II гимназија во Марибор, Словенија

II гимназија Марибор, Трг Милоша Зиданшка 1, 2000 Марибор, Словенија, ги повикува учениците да се пријават на Конкурсот што овозможува школување по програмата за меѓународна матура (ИБ). Програмата се одвива на англиски јазик и е една од најдобрите програми во светот за средните училишта. На избраните ученици ќе им бидат покриени трошоците за школувањето, престојот во интернат, исхраната и учебниците. За програмата можат да се пријават учениците кои завршиле втора година средно училиште со одличен успех и кои го владеат англискиот јазик и се активни и во вонучилишните активности. Рокот…

повеќе...

Лајонс клубот „Охрид“ организира работилница за наставниците по англиски јазик

Во рамките на активностите на Лајонс клубот „ Охрид“ , денеска , за наставниците по англиски јазик во основните училишта, се одржа работилница , која е дел од проектот за „е- тестирање како помош при проверка на знаењето и реално оценување на учениците по овој предмет“. На работилницата, за тестирањето во насока на поефективната проверка на знаењето и користењето на веб- страницата www.angliski.mk која претставува генератор на е- тестови по училишната програма за англиски јазик, зборуваше членот на Лајонс клубот „ Охрид“ м-р Ангел Јанев од Образовниот центар „ ПИСИ“…

повеќе...

Училиштата и полицијата во заедничка борба против дрогата

Претставници од одделението за образование при општина Охрид заедно со педагозите, психолозите и социолозите од основните училишта во градов, денес во просториите на општина Охрид одржа работна средба со претставници од одделението за превенција при СВР Охрид. На работната средба беше изразено задоволството од добрата соработка помеѓу Локалната самоуправа и СВР- Охрид а се разговараше и за продолжување на проектот „Образование и полицијата против дрогата“ по што следеше презентација на училишниот прирачник „Реонскиот полицаец Ве советува“ . На состанокот беше заклучено дека постои тенденција на намалување на злоупотребата на дроги…

повеќе...

Охридските училишта подготвени за почетокот на второто полугодие

Основните и средните училишта во општина Охрид, подготвени за почетокот на второто полугодие од школската година. Ова беше констатирано на денешната средба која Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески ја оствари со активот на директори од училиштата во Охрид. „Заеднички заклучок со директорите е дека сите предуслови за одржување тековно на наставата и почеток на второто полугодие се исполнети. Училиштата се снабдени со нафта за греење, други проблеми во комунална сфера немаат, така што редовно од 20.01.2015 (вторник) ќе започне наставата во општина Охрид. Не очекуваме никакви проблеми при почетокот…

повеќе...

Повик за учество на македонските училишта во проект на Академијата на Централно Европски училишта

Училиштата од Република Македонија се поканети да учествуваат на меѓународен натпревар во организација на Академијата на Централно Европски училишта (ACES), една од најголемите училишни мрежи во Централна и Југоисточна Европа, која им нуди можност на наставниците и учениците да сретнат колеги од други земји, да споделат искуства, да се надградат со иновативни наставни методи и да стекнат нови пријателства и контакти. Со свои предлог проекти на тема „Прегрни ја солидарноста: Ние се грижиме, се осмелуваме и споделуваме“, можат да учествуваат сите основни и средни училишта во земјава, односно ученици на…

повеќе...

Ристовски: Следува реконструкција на 124 основни и средни училишта

Според утврдениот план, планирани училишта за рехабилитација се 124 на број. Во различни училишта, ќе има различни интервенции, oва го истакна заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, на вчерашната владина седница. „Во 50 училишта е планирано да се интервенира во крововите на истите, прозорци ќе се менуваат во 44 училишта, санитарни јазли во 51 училиште, а подови и греење во 30-тина училишта. Со оваа компонента ќе бидат опфатени сите 8 региони во Република Македонија и 51 општина. Досега во изминатиов период во 2014-та година, завршени се активности во 5…

повеќе...

Започнува богатата предновогодишна програма на градскиот плоштад

Со настап на учесниците од детскиот фестивал „Распеано рибарче “ денеска со почеток во 18 часот на плоштадот „Св. Климент Охридски“, започнува неколкудневната предновогодишна програма која е во организација на општина Охрид. По настапот на „рибарчињата“ во културно уметничката програма вечерва на плоштадот ќе настапат и учениците од основните училишта „Григор Прличев “ и  „Св. Наум Охридски“ од Пештани . Од утре до четврток во реализација на празничната програма се вклучени учениците од сите основни и средни училишта во градов. Во петок (26-ти декември) во период од 18 до 20…

повеќе...

Лесковчани во Лисичани

Денес, во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), а по повод Денот на турската настава во Република Македонија, десетина наставници од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец со триесетина ученици отпатуваа во посета на партнер-училиштето „Мирче Ацев“ во Лисичани, општина Пласница. На свечената приредба по повод нивниот празник, учениците од Лескоец – пеачка група и оркестар на народни инструменти – настапија со една музичка точка „Чифте, чифте, пајтонлари“ која предизвика аплаузи на отворена сцена. Наставниците и учениците од Лескоец имаа можност да се запознаат со колегите-домаќини, со нивните наставни…

повеќе...

Кичевските училишта ќе добијат 60 тони нафта од државните резерви

Владата одлучи да им бидат отстапени 60 тони нафта од државните резреви на училиштата во општина Кичево, од кои 50 ќе бидат наменети за греење, а 10 за превоз на ученици. Нафтата ќе биде доволна до крајот на јануари, така што општината треба да почне постапка од февруари да обезбедува нафта за своите потреби. Се работи за „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Владимир Полежиноски“ со околу 1.200 ученици кои имаат блокирани сметки и не можат да набават нафта за греење. „Ваквата одлука се должи на фактот што учениците веќе неколку недели не…

повеќе...