Организаторот на Ултра Маратонот „Тоше Проески“ на прием во Агенцијата за млади и спорт

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со Наум Капричевски организатор на УЛТРА МАРАТОНОТ „ТОШЕ ПРОЕСКИ“ кој се одржа во период од 13 Октомври до 16 Октомври од Нова Градишка до Крушево. Капричевски во името на маратонците и фановите на Тоше Проески во чест на благодарност за поддршката која ја дава Агенцијата за млади и спорт за ултра маратонот, на Директорот Спасески му додели благодарница и примерок од книгата за Тоше Проески „ОВА НЕ Е КРАЈ“. Директорот Спасески се заблагодари и истакна дека Агенцијата за…

повеќе...

Ново рекордно најниско место за Македонија на ФИФА рејтинг листата

Ново рекордно најниско место за Македонија на ФИФА рејтинг листата. По поразот од Шпанија со 0:4 во Гранада, нашата репрезентација забележа пад од -7 места и моментално се наоѓа на 162 место на најновата ФИФА рејтинг листа. На врвот од ФИФА рејтинг листата останува Аргентина, а промени има на второто место каде што се искачи Бразил, а со тоа Германија падна на третото место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Ерменија со скок од +38 места се искачи на 87 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Чад од -49…

повеќе...

Одиграна првата четвртфинална рунда од Купот на Македонија

Денес се одиграа првите средби од четвртфиналето од Купот на Македонија. Постигнати беа следните резултати: Металург  1:4  Вардар Пелистер  1:0  Силекс Победа  2:2  Брегалница Шкупи  0:0  Шкендија Реванш средбите ќе се играат за две недели, односно на 7 декември. WebOhrid  

повеќе...

АВ Охрид стартуваше со победа во Првата лига

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид дебитираше со победа на стартот од новата сезона во Првата Македонската кошаркарска лига. Во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, охридскиот тим ја имаше контролата врз играта и убедлива предност во текот на целиот натпревар. На крајот тимот на АВ Охрид триумфираше против Пелистер со резултат 73-61.  WebOhrid

повеќе...

Државно Првенство во стрелаштво за учениците од основните и средните училишта од земјава

Во организација на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, а во соработка со Општинскиот стрелачки сојуз од Охрид и стрелачкиот клуб „Охрид“ вчера на стрелиштето Бејбунар во Охрид се одржа најмасовното Државно Првенство во стрелаштво за учениците од основните и средните училишта од Македонија. Кај девојките од средните училишта, Јана Маркоска од СОУ Св. „Климент Охридски“- Охрид, се пласира на втората позиција со резултат од 163 кругови, само за три помалку од првопласираната. Кај девојките од основните училита, сребрен медал за Јована Калноска од ОУ „Христо Узунов“  со резултат од…

повеќе...

Медалистите од Балканското бодибилдинг првенство на прием во Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за дел од членовите на Македонската бодибилдинг репрезентација која неодамна настапи на Балканско првенство, кое се одржа во Књажевац Србија. Македонската репрезентација настапи со пет натпреварувачи во различни категории, а настапот на нашата репрезентација е повеќе од успешна. Освојувањето на првото место за Алекксандар Трајковски во боди билдинг класик и второ место за Дарко Стојановски во физик го надополнија 4-тото место за Горан Тромбев во јуниорска категорија за и двете петти места во боди билдинг лесна за Сергеј Цветковски…

повеќе...

РК Охрид вечерва игра против РК Еурофарм Работник

Вечерва со почеток во 19:30 часот, РК Охрид на домашен терен во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, ќе го пречека тимот на Еурофарм Работник во рамките од 11 коло од македонската ракометна Супер лига. „Денес не очекува тежок натпревар со Еурофарм Работник, тоа е единствената екипа која го има совладано Охрид годинава. Изгубивме со 1 гол разлика во Битола, иако водевме цел натпревар. Успеаа еднаш да поведат и да го добијат натпреварот. Се надевам дека денеска нема да е така. Имаат една искусна екипа, но ние со помош на охридската публика,…

повеќе...

Објавен јавен повик за изградба на 150 типизирани игралишта за баскет

Согласно донесената одлука на седница на Владата на Република Македонија на 12 Октомври оваа година, Агенцијата за млади и спорт вчера го објави Повикот за избор на изведувач за изградба на 150 игралишта за street basket. Согласно проектот, Агенцијата за млади и спорт во наредниот период ќе започне со изградба на 150 типизирани игралишта за баскет на територија на Република Македонија. Терените за баскет игралиштата ќе бидат со правоаголна форма со димензии 18,10 метри / 19,10 метри. Подлогата на терените ќе биде од еколошки материјал со висока отпорност на абење…

повеќе...

Шпанија 4:0 Македонија

Шпанија оствари заслужена победа над Македонија со 4:0, на натпреварот во Гранада од квалификациите за Светското првенство (СП) 2018 година во Русија. Домаќините поведоа со 1:0 со автоголот на Дарко Велковски во 34-та минута, кој наместо да ја избие топката во поле, ја погоди сопствената мрежа. Во тоа му „помогна“ и Стефан Ристовски кој му попречи во скокот по нафрлувањето од десната страна на Дани Карвахал. Шпанија зголеми на 2:0 преку Витоло во 63-та минута, со удар со глава од непосредна близина. Начо Монреал зголеми на 3:0 во 84-та, а…

повеќе...

Томи Стефановски на прием во Агенцијата за млади и спорт

Спортист на годината 2010, освојувачот на Светската серија во маратонско пливање за 2016 и еден од носителите на Националното спортско признание за врвни спортски остварувања, Томи Стефановски беше гостин во куќата на спортот. На 14 август 2009 година, Стефановски го совлада каналот Ла Манш, постигнувајќи време од 7 часа, 42 минути и 32 секунди, што претставува 11 време во историјата на препливувањето на каналот Ла Манш. На тој начин, тој стана третиот Македонец кој го препливал овој канал, по Нико Нестор во 1959 година и Атина Бојаџи во 1969 година.…

повеќе...