Основното училиште „Григор Прличев “- Охрид со низа активности ќе го одбележи патрониот празник на училиштето(6-ти февруари). По тој повод во четврток, 4-ти февруари со почеток во 18:30 часот, во Подрачното училиште „Григор Прличев“, населба Рача ќе се одржи свечена приредба. Свеченостите продолжуваат и во петок (5-ти февруари) со полагање на лавров венец и свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во дворот на истоименото основно училиште, потоа ќе се одржи панихида и ќе се положи цвеќе пред гробот на Григор Прличев. Во 11 часот во ОУ „Григор Прличев“ ќе се…
повеќе...Tag: ученици
Министерката за култура се сретна со наградувани ученици од ОУ „Лазо Ангеловски“
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари средба со ученици од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ кои во изминатиот период беа добитници на повеќе награди на меѓународни и на домашни конкурси и натпревари по ликовно образование и математика. На средбата, на која присуствуваа и директорката на училиштето „Лазо Ангеловски“ Милка Тримчевска и одделенскиот наставник Светлана Јосифовска, беше посочено дека учениците континуирано се добитници на многу признанија, преку кои успешно ја афирмираат културата на Република Македонија во меѓународни рамки. Исто така, беше потенцирана и одличната соработка што ова основно училиште ја има…
повеќе...Екстерно тестирање на матурантите од 25 до 29 јануари
Eкстерно тестирање на учениците во завршните години во средно образование ќе се спроведе од понеделник до петок идната недела во средните училишта. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за тестирањето се пријавени 19.931 матурант кои ќе полагаат тестови од два предмета. Распоредот со датумите за двете полагања учениците го знаат од 18 јануари, но по кои предмети ќе бидат тестирани ќе знаат три дена пред денот на полагањето на конкретниот предмет. Така што денеска се објавени предметите за учениците кои ќе бидат тестирани во понеделник. „Распоредите се објавени во…
повеќе...Од денес започнува второто полугодие
За околу 270.000 ученици во основните и во средните училишта од денес започнува второто полугодие за учебната 2015/2016. По тринеделен одмор, учениците се враќаат во училишните клупи. Им посакуваме успех! WebOhrid
повеќе...Семинар во ОУ „Григор Прличев“ „Откривање и работа со талентирани и надарени ученици“
Во ОУ „Григор Прличев“ се одржа семинар на тема „Откривање и работа со талентирани и надарени ученици“. Семинарот беше организиран во соработка на училиштето и проф. д-р Љупчо Кеверески. Наставниците се запознаа со нови начини за откривање и работа со талентираните и надарените ученици, преку предавањата на проф. д-р Љупчо Кеверески, проф. д-р Методија Стојаноски и м-р Весна Стијаноска. „Предавањата побудија интерес кај наставниците, а стекнатите знаења ќе бидат интегрирани во секојдневното работење со талентираните и надарените ученици во нашето училиште.“- велат од ОУ„Григор Прличев“.
повеќе...Учениците од ОУ „Братство Единство“ настапија на градскиот плоштад
Во рамки на предновогодишната програма која ја организира Општина Охрид, денес на градскиот плоштад пред бројната публика настапија учениците од ОУ „Братство Единство“ со културно – уметничка програма. Новогодишната програма во Охрид ќе започне утре точно напладне со познат охридски дј кој на сцената ќе биде до 20 часот. Од 20.30 до 21.10 часот охриѓани ќе уживаат низ староградските песни на охридскиот ансамбл – „Билјана Јуниор“. Познатата македонска група „Компас бенд“ ќе настапи од 21.10 до 21.50 а од 21.50 до 22.30 ќе настапи младата охридска музичка ѕвезда Боби Мојсовски. Од 22.30…
повеќе...Учениците од денес на зимски распуст
За околу 270.000 ученици во основните и во средните училишта од денес почнува зимскиот распуст. Наставата од учебната 2015/2016 година ќе продолжи на 21-ви јануари 2016 година.
повеќе...Учениците од третите одделенија од ОУ „Кочо Рацин“ ја одбележаа Неделата на програмирањето
Учениците од третите одделенија од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид активно се вклучија со активности поврзани со основните чекори на програмирање. „Еден од начините на кои можеме да придонесеме за образованието, е поддршка на секој ученик на планетата во развивање на вештините од 21 век. Технологијата стана интегрален дел од секојдневието на луѓето, при што се зголемува интересот на учениците, родителите, наставниците, владините и невладините организации, младите да не учат само како да користат технологија, туку креирајќи со помош на технологијата да станат иноватори и движечка сила на развојот и можностите…
повеќе...Договорите за ученички стипендии ќе се потпишуваат до 30-ти декември
Министерството за образование и наука ги информира сите ученици – кандидати на конкурсот за ученички стипендии за учебната 2015/2016 година, на кои им е доделена стипендија во некоја од категориите, потребно е лично да се обратат во Одделението за ученички и студентски стандард при Министерството, или на телефонскиот број 02-3140/147 каде ќе добијат подетални информации поврзани со потпишување на договор и доставување на трансакциска сметка. Потпишувањето на договорите ќе се врши заклучно со 30.12.2015 година.
повеќе...Атлетски крос и футсал во чест на Св. Климент- Патрон на градот Охрид
По повод празникот Св. Климент Охридски, патрон на градот Охрид , денеска на кеј „Македонија“ се одржа атлетски крос на којшто учествуваа 250 учениците од охридската гимназијата. На програмата беа 4 трки. Прва трка женска конкуренција за прва(1) и втора (2) година на образование: Пласман 1.Викторија Алексиоска 1-2 2.Тамара Маркоска 1-2 3.Андреа Трајческа 2-6 Втора трка машка конкуренција за прва (1) и втора( 2)година на образование: 1.Давид Ѓурчиноски 1-6 2.Бојан Стојаноски 1-4 3.Марко Јованоски 1-6 Трета трка женска конкуренција за трета (3)и четврта (4) година на образование: 1.Ивона Трајческа 3-1…
повеќе...