Прво запрашување против комарци на подрачјето на општина Дебрца

Се известуваат жителите кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца  дека утре, 2-ри јули (среда), екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците – прво запрашување. Запрашувањето ќе се врши во период од 22:00 до 05:00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување поставено на пикап возило. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни  водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата. Се молат пчеларите и пчеларските…

повеќе...

Работилница на тема „Зачувување на говеда од расата буша“ на подрачјето на општина Дебарца

Утре, понеделник (30-ти јуни) во просториите на општина Дебарца, со почеток во 11 часот ќе се одржи работилница на тема „Зачувување на говеда од расата буша“, на подрачјето на општина Дебарца. На работилницата покрај другите присутни ќе биде и професор д-р Ѓоко Буневски од Скопје.

повеќе...

Донација за првачињата во општина Дебарца

Денес во Општина Дебарца пристигна со донација познатиот бизнисмен од Перт Западна Австралија Драган Капинков кој е сопственик на фондацијата „Капинков“. Капинков за сите првачиња кои ќе се запишат во оваа учебна година донираше комплет училишен прибор и ташни и воедно им посака да имаат успех во образовниот процес. Оваа донација и посета на општина Дебарца од страна на Капинков е организирана од страна на почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески. Градоначалникот Трајкоски им се заблагодари на Капинков и Ќосески и во име на сите првачиња ги охрабри ова…

повеќе...

Свечено отворен првиот фестивал „Црешнобер 2014“- Фолк фест во Дебарца

Во општина Дебрца, поточно во Требеништа, синоќа свечено беше отворено првото издание на првиот фестивал „Црешнобер 2014“- фолк фест. Фестивалот се одржува 2 дена. Првата вечер, синоќа беше посветена на настапот на играорни групи, а вечерва 22 јуни (недела) – фестивалска вечер посветена на македонската изворна песна. „Овој ден преставува зачеток на една традиција која во иднина ќе преставува носител на културната дејност во Општина Дебрца. Фестивалот Црешнобер преставува голем подвиг  и неговиот почеток е синоним за континуитет на културата во нашата Општина. Од идеја до реализација и стварност за овој вид…

повеќе...

Реакција од ЈПК Дебрца на соопштението на ОО СДСМ

По соопштението на ОО на СДСМ за состојбата во ЈПК Дебрца, реакција испрати ЈПК ДЕБРЦА. „Сакаме да ја информираме јавноста за “презантацијата” на кварталниот извештај на ЈПК Дебрца за периодот од 01.01.2014 – 31.03.2014.  И самите граѓани се свесни во каква состојба беше наследено јавното претпријатие со долг преку 2 736 060 денари, кога немаше никакви срества за работа, ни метли, ни лопати, ни камионот за собирање на отпад не беше отплатен (беа доплатени 120 000 денари од новото раководство), немаше ни делови за поправка на дефектите во водовдната мрежа…

повеќе...

СДСМ: Јавното претпријатие „Дебрца“ работи со загуби

ОО СДСМ Дебарца испрати соопштение во кое стои: „Општинското комунално претпријатие „Дебрца“ – Белчишта поради лошото менаџирање освен што се соочува со низа проблеми и неможност квалитетно да ги извршува дејностите за кои е основано (секојдневни проблеми во водоснабдувањето, неисчистени патишта и улици, неисчистени диви депонии, проблеми во одржувањето на јавната чистота) се соочува и со финансиски проблеми. Тоа е видно од кварталниот финансиски извештај на јавното претпријатие за периодот 01.01.-31.03.2014 година, кој беше на дневен ред на последната седница на советот на општината Дебарца и истиот не беше поддржан…

повеќе...

Отворена 30-та јубилејна Интернационална уметничка колонија

Овие мигови се од посебно значење за културниот развој на Општина Дебрца, мигови кога започнува уште едно издание на Ликовната колонија во с. Белчишта. Токму денес се согледува значењето на ликовната колонија и нејзините дела кои се презентираат. Историјатот говори дека од 1985 година до денес делата кои се презентирани и тоа како имаат влијание и го осликуваат секој сегмент од делувањето на општеството опфаќајќи ја пред се општина Дебрца. Преку овие дела денес слободно можеме да согледаме различни уметнички правци, различни тематики кои пред се покрај уметничка имаат и…

повеќе...

Во ОУ „Дебрца“ утре свечено ќе се отвори уметничката колонија

Утре 20 јуни(петок) во село Белчишта,  во просториите на ОУ„Дебрца“, со почеток во 13 часот свечено ќе се отвори Уметничката колонија. На настанот ќе присуствуваат Министерот за Финансии Зоран Ставрески и Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето во дел од општина Дебарца

Поради дефект во главната водоводна мрежа Св. Еразмо – Горенци, односно дотраеност на цевка Ф300, во текот на денешниот ден, 19 јуни, ќе се изврши замена со нова и додека работаат екипите на ЈПК Дебрца, ќе има прекин во водоснабдувањето во населените места Подмоље, Оровник, Горенци и Аеродром. Од ЈПК Дебарца велат дека жителите дополнително ќе бидат информирани до каде се одвива работата како и кога ќе се нормализира водоснабдувањето.

повеќе...

Одржана 17-та седница на Советот на Општина Дебарца

Денес во 14:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Дебарца се одржа 17-та седница, при што на дневен ред беа ставени деветнаесет точки меѓу кои и точката за субвенционирање на сите неженети лица кои се жители на општина Дебарца и имаат над 35 години, кои доколку стапат во брак ќе добијат материјална помош во вредност од 30 000 денари.

повеќе...