Студентска крводарителска акција во ФТУ

Во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“, Црвен крст Охрид денес, од 10-14 ч. на Факултетот за туризам и угостителство ќе организира студентска крводарителска акција. Се покануваат студентите на двата факултети во Охрид, но и секој кој сака да ја искаже својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност да бидат активни учесници на оваа крводарителска акција. „Особено ги охрабруваме и апелираме до оние кои имаат крвна група АБ негатив, да даруваат крв на оваа акција, која ќе се употреби за операција на наш сограѓанин.“ –…

повеќе...

Утре во ФТУ ќе се одржи крводарителска акција „Разбуди го крводарителот во себе!“

Црвен крст Охрид ги заокружува активностите во делот на крводарителството насочени кон прибирање на доволни количества на крвни единици за 2016 година, со организирање на редовна крводарителска акција на ФТУ Охрид која ќе се реализира утре, 20 декември (вторник) од 10:00 до 14:00 часот во Факултетот за туризам и угостителство. Од Црвен крст Охрид ги покануваат студентите од двата факултети во Охрид, да учествуваат на крводарителската акција, но и сите останати хумани луѓе кои сакаат и можат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот.

повеќе...

Одржана работна средба за завршните активности на Проектот „WaterNET“

Денес на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид, се одржа една од последните работни средби за Проектот „WaterNET“, кој е зеднички потфат на Охрид и Воден – Република Грција со стручна инволвираност на ФТУ и Институтот за технолошки науки „Александар“ од Солун. Заменик градоначалникот Ангел Јанев го изрази задоволството што проектот е во завршна фаза, а предностите од истиот ќе бидат повеќенаменски на задоволство на граѓаните од двете земји. „Овој проект е во согласност со европските и националните политики на двете земји и верувам дека и во иднина…

повеќе...

Екатерина Бочвароска од ОУ „Живко Чинго“ освои прво место на Регионалниот натпревар по математика

Денес на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, се одржа 34-от Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование во учебната 2015/16 година. Домаќин на натпреварот беше ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. На натпреварот, седмоодделенката Екатерина Бочвароска од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти го освои првото место, под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска. Таа ќе учествува на Државниот натпревар по математика, кој ќе се одржи во месец мај, во Скопје. Ученичката Николина Каралиева VI одделение го освои третото место, под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска. Седмоодделенката Евгенија Пулеска го освои…

повеќе...

Учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на филмската академија

Учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“, заедно со своите наставници, Никица Мишева и Димитрие Ристески, беа во посета на Институтот за филм – Филмска академија, каде остварија средба со познатиот македонски режисер, Иво Трајков. Професорот Трајков, преку своето предавање, на мошне интересен и сликовит начин, ги воведе учениците во тајните на филмската уметност. Притоа учениците учествуваа со свои прашања, а имаа можност да проследат и анимиран филм, изработен од студентите на Академијата за филм во Прага. Училиштето изразува голема благодарност до Филмската академија и се надева на понатамошна соработка, што ќе…

повеќе...

45 години Факултет за туризам и угостителство – Охрид

По повод 45 години од основањето на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, денеска во просториите на оваа високонаучна образовна институција се одржа свеченост. Пред присутните, професори, студенти, останати вработени и гости се обрати Заменик градоначалникот Ангел Јанев. „Со синтагмата „образованието е најмоќното оружје кое може да се користи за промена на светот“ , во името на градоначалникот Никола Бактрачески и во мое име, најискрено Ви ко честитам 45- годишниот јубилеј и Ви посакувам уште многу годишнини и успешен развој на оваа високо образовна институција. Пред 45 години, во…

повеќе...

Македонија произведува безбедна храна- За дома и за извоз

Воспоставување на нови бизнис партнерства за идна соработка, размена на искуства за производство на храна и презентација на најновите технолошки достигнувања за квалитет и безбедност во производствениот процес се главните цели на „Фестивалот за хигиенски дизајн и храна“ кој од денес до петок се одржува на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид со поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за поддршка на претприемништвото во Република Македонија. Како што објасни Владимир Какуринов, извршен директор на Консалтинг и тренинг центар „КЛУЧ“ од Мекедонија – регионална секција на највлијателната европска…

повеќе...

Конференција по повод 40 години Институт за социологија на Филозофскиот факултет

Проектите од сферата на културниот и религискиот идентитет, културниот дијалог и мултикултурализмот, културните вредности, религискиот дијалог и толеранцијата оставија трајни траги во македонската социолошка мисла, а решенијата и моделите кои беа понудени во рамките на овие проекти го унапредија македонското општество во сите аспекти на неговиот развој. Ова денеска го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на отворањето на меѓународната научна конференција „Соочување со општествените трауми: Повик за социолошките истражувања“ по повод јубилејот 40 години од формирањето на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет при УКИМ. Таа им упати честитки…

повеќе...

Охриѓани ќе собираат помош за студентите кои ги „окупираа“ факултетите

Охриѓани во недела ќе собираат помош за студентите кои ги „окупираа“ факултетите. „Сите што сакаат да донираат парична поддршка за Автономната Зона на УКИМ (потребна за храна, вода итн.) да дојдат во недела во 13:00 часот во дворот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и да донираат своеволна сума над 100 ден.“- информираат организаторите.

повеќе...

Јанкулоска: Криминалистичката наука е основа за напредок на полициската работа

Денес и утре во Скопје се одржува Меѓународната конференција – „Криминалистичкото образование, состојби и перпективи – 20 години по Водинелиќ“, во организација на Факултетот за безбедност, а во чест на професорот Владимир Водинелиќ основоположникот на криминалистиката на овие простори. „Криминалистичката наука, нејзиниот теоретски развој бездруго претставува фундаментот кој овозможи силен, односно динамичен напредок на криминалистичката пракса, на нејзиното континуирано надградување како во поглед на нормативните трендови, така и во поглед на стручното опeративно и организационо делување“. – истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Министерството за внатрешни работи, чија што работа –…

повеќе...