Подводна еко-патрола

За време на снимањето на подводни сцени од  WebOhrid Aquatic, затекнавме многу отпад. Истиот беше собран од наша страна и депониран до најблискиот контејнер. Најзастапен отпад беше стаклото, кое доколку навремено не се извади од водите се крши на многу повеќе парчиња. Би упатиле апел до сите: Да не фрлаат отпад, да не ја загадуваат природата и доколку забележат отпад да се потрудат истиот да го отстранат! А сега, време е за убави нешта! Уживајте во најновите подводни снимки кои ги сними нашата подводна камера… WebOhrid

повеќе...

Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

На 12 декември (понеделник) во Националната галерија на Македонија – објект Мала станица со почеток во 18:00 часот ќе биде отворена изложбата за проектот „Млади уметници“ од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и стручната комисија. Овој проект трета година по ред се имплементира од страна на Агенцијата за млади и спорт. Имено, во рамки на конкурсот пристигнаа 66 дела, а наградени се следните : – Тамара Антевска (СЛИКАРСТВО), – Симона Спирковска (СКУЛПТУРА), – Неслихан Сулејман (ГРАФИКА), – Јасмина Трпевска (ФОТОГРАФИЈА), – Драганчо Божинов (ГРАФИЧКИ…

повеќе...

Отворена изложба на фотографии од Македонија и од Израел

Изложба на фотографии од авторите Кери Харт од Израел и Љупчо Благоевски од Македонија насловена „An Israeli eye on Macedonia, a Macedonian eye on Israel“ беше отворена синоќа на платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во рамки на Скопско лето. Постановката се организира во соработка со Амбасадата на Израел и Министерството за надворешни работи на Република Македонија по повод одбележување 20 години од дипломатските односи меѓу двете земји. „Државата Израел е наш голем пријател и поддржувач, земја со која во изминатите 20 години градевме релации коиконтинуирано…

повеќе...

Хит за ова лето во Охрид: Селфи на моторче

Правењето селфи е хит, но за жал актуелни се и несреќите при правење селфи. Вчера, објективот на WebOhrid затекна неколку момчиња како прават селфи возејќи моторчиња, а „најдоброто“ и најлудото селфи го правеше токму возачот.  Останува да се надеваме дека ова лето во Охрид ќе помине мирно и без последици, без оглед на лудориите на гостите, па и на нашите сограѓани. WebOhrid

повеќе...

Прва самостојна изложба на охриѓанецот Тони Попов

На 10-ти јули со почеток во 20:00 часот, во Музеј Куќата на Робевци, свечено ќе биде отворена првата самостојна изложба на уметникот Тони Попов од Охрид, насловена „Дојди поблизу”. На изложбата која ќе биде отворена до 24 -ти јули(петок)  ќе бидат поставени 20 дела. Инаку, Тони Попов е самоук сликар. Под влијание на реализмот и фото-реализмот, неговите слики раскажуваат приказни, задржувајќи се на одреден детал, давајќи му важност на секој момент од нашето секојдневие. Досега има учествувано на IFES Меѓународна Групна Изложба во Екс ан Прованс, Франција, групна изложба на Меѓународниот Балкански…

повеќе...

Изложба на фотографии за биодиверзитетот на НП „Галичица“ и Охридското Езеро

Општина Охрид во соработка со Делегацијата на ЕУ, Националниот парк „Галичица“ и Нуркачки клуб „Амфора“ денес на малиот плоштад во Охрид организираa изложба на фотографии за биодиверзитетот на Национален парк „Галичица“ и Охридското Езеро, а по повод годинешната тема на Зелената недела на Европската Унија, „Природата- наше здравје, наше богатство“. Целта на овој настан е подобра промоција на биодиверзитетот на Охридското Езеро и планината Галичица, потребата од неговата заштита, развивање на чувството за одговорност кон природното богатство. Изложбата ќе биде отворена до 26-ти јуни (петок) од 10:00 до 20:00 часот.

повеќе...

Изложба на фотографии од планината Галичица и Охридското Езеро

По повод годинешната тема на Зелената недела на Европската Унија, „Природата- наше здравје, наше богатство“, општина Охрид во соработка со Делегацијата на ЕУ, Националниот парк „Галичица“ и Нуркачки клуб „Амфора“ организираат изложба на фотографии за биодиверзитетот на Национален парк „Галичица“ и Охридското Езеро која ќе се одржи од 24-ти до 26-ти јуни од 10 до 20 часот на Малиот плоштад во Охрид. Целта на овој настан е подобра промоција на биодиверзитетот на Охридското Езеро и планината Галичица, потребата од неговата заштита, развивање на чувството за одговорност кон природното богатство.

повеќе...

Охрид ќе пулсира со живот на самостојна фотографска изложба

Овој петок, 8-ми август, со почеток во 20:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид ќе се одржи самостојна изложба на фотографии на младиот фотограф од Охрид, Стевчо Наумоски. Насловена „Пулс на животот“, изложбата се состои од серија од диптих фотографии кои претставуваат човечко пулсирање низ своите животни циклуси (Младост, Зрелост и Старост) на една страна, наспроти четирите елементи (Земја, Вода, Оган Воздух) кои се во сржта на сепостоењето, од друга страна. Инспириран од жената/човекот, нејзините животни зими и циклуси кои не само го менуваат нејзиното животно пулсирање,…

повеќе...

Известување од Фото РЕКС

Поради реакции и забелешки за квалитетот на фотографирањето во училиштата во Охрид, се известува јавноста дека Фото РЕКС оваа година ги фотографира само учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид и од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти. Сите други училишта се фотографирани од други фотографи.

повеќе...

Внимавајте: Има фото рекс и ФОТО РЕКС!

ВНИМАНИЕ !!! Им се соопштува на сите граѓани дека се појавија одредени личности кои го напаѓаат брендот ФОТО РЕКС и лажно се претставуваат за остварување на своите цели, особено кога е во прашање крајот на школската година. Затоа се молат за секоја информација и закажување да се обратат во претставништвото на Фото Рекс на добро познатото место во чаршијата.

повеќе...